29/04/2026
Во годината кога „Алкалоид“ одбележува значаен компаниски јубилеј, свој личен јубилеј – 40 години посветена работа – слави и Страшо Арсовски, дел од Службата за обезбедување и заштита.
Од првиот работен ден, обележан со чувство на одговорност и на сериозен предизвик, до денес, Страшо растел заедно со компанијата, следејќи ги нејзиниот развој, технолошките промени, зголемената одговорност и потребата од ефикасност.
Иако годините донеле промени и нови начини на работа, непроменети останале одговорноста, меѓусебната почит и силното чувство на припадност.
Горди сме што во јубилејната година ги славиме луѓето кои со својата посветеност се темел на стабилноста и континуитетот на „Алкалоид“.
#АлкалоидСкопје #ЗдравјетоПредСе