Kinesthetic

Kinesthetic Центар за масажа и кинезитерапија за подобрување на квалитетот на животот.

Толку едукации, за најчесто да збориме зависи и можеби😅Шала на страна. Во медицина нема апсолутен одговор и ветувања. Им...
12/03/2026

Толку едукации, за најчесто да збориме зависи и можеби😅

Шала на страна. Во медицина нема апсолутен одговор и ветувања. Има многу несигурност за исходот од повредата и третманот. Ретко кога 2 и 2 се 4. Зашто станува збор за луѓе и премногу фактори се во игра.

Секако дека секогаш има подобрување на состојбата. Секако дека имаме намалување на болка и нејзино исчезнување. Но за колку време, како ќе се одвива процесот кај секој е различно.

Често слушаме дека трчањето ги оштетува колената и кичмата. Но, науката не го поддржува овој мит. Големи студии покажува...
10/03/2026

Често слушаме дека трчањето ги оштетува колената и кичмата. Но, науката не го поддржува овој мит. Големи студии покажуваат дека рекреативното трчање не го зголемува ризикот од артроза – напротив, кај тркачите често се забележува и помал ризик.
Човечкото тело е еволуирано за движење. Ние сме едни од најиздржливите тркачи на долги стази во животинскиот свет. Имаме голем gluteus maximus кој го стабилизира телото при трчање, силни Ахилови тетиви што складираат енергија и свод на стапалото кој функционира како пружина.
Зглобовите не се „трошат“ од движење – тие се хранат преку движење. Секако, како и со секоја физичка активност, важно е постепено оптоварување, добра техника и соодветна сила на мускулите.
Трчањето не е неприродно за телото. Напротив – тоа е едно од најприродните движења за човекот. kinesiotherapy

Одамна снимени видеа што чекаа ден кога да се објават😅Речиси секоја програма за вежбање на грб ги има овие вежби. Дури и...
06/03/2026

Одамна снимени видеа што чекаа ден кога да се објават😅

Речиси секоја програма за вежбање на грб ги има овие вежби. Дури и во постпартум тренинзите💫

Секогаш ги работите до граница на болка и си го слушате телото.

Може да ги правите како вежби за загревање, мобилност, како и само за раздвижување по долго седење на столче.

Одморот си има свое место во рехабилитацијата. Но најчесто не треба да биде единствено решение и долготраен “третман”.Се...
03/03/2026

Одморот си има свое место во рехабилитацијата. Но најчесто не треба да биде единствено решение и долготраен “третман”.

Секако дека покрај иницијалниот одмор, повредениот и болен сегмент пробуваме да го растеретиме во првите недели. Растеретувањето го правиме зависно од сегментот.

Кога растеретуваме некогаш е доволно само промена на волуменот на вежбање, аголот на изведување на вежбите, тежината си која се изведуваат. Или пак далечината и темпото напешачење/трчање/планинарење.

Некогаш растеретувањето се прави со ортози, патики, влошки и помагала како штаки.

Но и покрај се тоа, комплетен одмор и пауза од активности ретко е препорачано долг временски период.

Сводот на стапалото е динамична структура која постојано се движи при одење и при сите активности кога сме на нозе.При с...
27/02/2026

Сводот на стапалото е динамична структура која постојано се движи при одење и при сите активности кога сме на нозе.

При стоење и движење, оптоварувањето од подлогата се пренесува од стапалото нагоре низ телото, и од неговата функција зависи како ќе се организира работата на останатите зглобови и самото држење на телото.

Секако, постојат исклучоци каде корективни влошки или ортопедски чевли се индицирани – како дел од други заболувања (често невролошки состојби); при силна болка кога е потребно привремено растеретување на одредена структура, или кај изразени ригидни и структурални деформитети.
Но и во тие случаи, тие треба да бидат пропратени со соодветна програма на вежби.

Овој пост главно се однесува на флексибилно рамно стапало, каде истражувањата покажуваат дека активен пристап – преку специфични вежби за мускулите на стапалото и постепена изложеност на босонога обувка – може да придонесе за подобра функција и контрола, во споредба со само пасивно носење ортопедски влошки.

Болката наутро често зависи од повеќе фактори, вклучувајќи како изгледал предходниот ден. Често мускулната напнатост сам...
17/02/2026

Болката наутро често зависи од повеќе фактори, вклучувајќи како изгледал предходниот ден. Често мускулната напнатост само се пренесува следниот ден и е најинтензивна наутро. Со мали промени може да се постигне значителна разлика во квалитетот на спиење и болката со која се будиме.

Иако може овие совети личат едноставни, и се прашувате како би можело ова да направи промена, токму во промените во секојдневието е успехот.

Рехабилитацијата базирана на докази е досадна, предвидлива и ефективна. Треба само да сте истрајни во тие мали промени.

Речиси да нема некој што во текот на животот нема главоболка. Но, доколку тоа се чести напади, главоболки кој траат пове...
11/02/2026

Речиси да нема некој што во текот на животот нема главоболка. Но, доколку тоа се чести напади, главоболки кој траат повеќе од 24 часа и не поминуваат лесно со терапија за болка тогаш нешто треба да се превземе околу тоа.

Овој сет на вежби се практични кај оние кои патат од тензиона главоболка или главоболка предизвикана од напор (вежби во теретана со голема тежина, трчање, кашлање👀) каде што доаѓа до нагла промена на притисокот и ширење на крвните садови во главата и вратот.

Пред било што да направите, секогаш кога работиме со вежби за главоболка и вртоглавици сакаме да ги исклучиме сите други состојби и да сме сигурни дека главоболките се од вратно потекло.

Секако, овој сет на вежби е добредојден и кај оние кои имаат болки во вратот и седат долго време пред компјутер🤗

1.deep neck flexion-правиме свиткување на главата кон доле додека со тикот се вутка во перница
2. Ретракција на плешки (сакаме да се спојат позади плешките)
3. Статично држење на вратот од позиција на свинга, со активирани плешки и рамена
4. Протракција на врат со ластик против отпор

Масажата е техника која постои многу пред модерната медицина. Формата на допир кој се користи при болка, е нешто што е п...
09/02/2026

Масажата е техника која постои многу пред модерната медицина. Формата на допир кој се користи при болка, е нешто што е праисториско. Дури и инстинктивниот допир при удар и триење на местото е форма на масажа.

Но, не помага на начин на кој што мислиме. Народски кажано “чворови” или концептот на тригер точки, е нецелосно поткрепен со докази. Тие делови не се детектирани на снимка или ултразвук.
Она што се чувствува како чвор е најчесто сензорна перцепција на локализирана напнатост. Она што може да се постигне со масажата е влијание врз невромускулните механизми кои ја контролираат напнатоста.

Некои вежби кои се соодветни и во склад на можностите и потребите, влијаат на сличен начин. Тоа не значи дека масажата не е добредојдена секогаш, само внимавајте со која цел ја користите.

Да си споделиме уште еден зачуван пост во драфтц додека се спремаат нови😅Овие вежби за јадро ги даваме во постпартум гру...
06/02/2026

Да си споделиме уште еден зачуван пост во драфтц додека се спремаат нови😅

Овие вежби за јадро ги даваме во постпартум групите, напредно ниво. Генерално ова се вежби за длабокото јадро и се безбедни за изведување за оние со болка во лумбалната кичма доколку во моментот не трпите флексија на грб (sit ups) или екстензија (супермен, екстензии на грб).

Наративот дека мора да имате цврсто јадро е неточен и грешен😅 затоа не ги промовираме овие вежби како такви. Најчесто луѓе кои имаат болка во грбот имаат доста згрчено јадро, па ваков тип на вежби иницијално може и да е контрапродуктивен.

Но, доколку сте во процес на опоравување, постпартум или сакате малку да ги зачините вашите вежби за јадро тогаш овие се супер избор за нешто поразлично од класичните стомачни, кои примарно го активираат re**us abdominis/six pack.

Често во рехабилитација не ги вреднуваме некои големи чекори кои се реално доста важни. Доколку имате болка, запрашајте ...
04/02/2026

Често во рехабилитација не ги вреднуваме некои големи чекори кои се реално доста важни. Доколку имате болка, запрашајте се дали навистина немате прогрес или очекувањата се превисоки?

Секако дека се стремиме кон целосно враќање и целосно заздравување, но патот и мерката за успех почнува во уважување на сите параметри кои водат кон подобрување на состојбата.

Подобрување на состојбата ја мериме во недели, не ден за ден. Процесот на опоравување не е линеарен, и во тоа е убавината. Со секоја нова пречка учиме нешто повеќе за нашето тело, кои се тригерите и како подобро да се справиме со болката.

Покрај вежбите од Шрот, кои ја опфаќаат сколиозата во сите рамнини на телото, во нашите програми даваме и динамични асим...
29/01/2026

Покрај вежбите од Шрот, кои ја опфаќаат сколиозата во сите рамнини на телото, во нашите програми даваме и динамични асиметрични вежби со кои може да се подобри мускулниот диспабаланс.

Доколку имате мала кривина, тогаш само ваков тип на вежби во комбинација со симетрични вежби за грбот е доволен за да видите подобрување. Не требаат посебни корективни вежби и одење на физиотерапевт до недоглед.

На видеото вежбите ги работам како да имам торакална сколиоза кон лево. Доколку вашата сколиоза е кон десно тогаш овие вежби ги работите со левата страна.

Пробувате да направите ротација без да ја зголемите веќе постоечката кривина.

Доколку имате сколиоза, и е симптоматска или станува збор за дете, тука сме да ви помогнеме во нејзино решавање.

Address

Skopje
1000

Opening Hours

Monday 09:00 - 20:30
Tuesday 09:00 - 20:30
Wednesday 09:00 - 20:30
Thursday 09:00 - 20:30
Friday 09:00 - 20:30

Telephone

+38977837681

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Kinesthetic posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Kinesthetic:

Share

Share on Facebook Share on Twitter Share on LinkedIn
Share on Pinterest Share on Reddit Share via Email
Share on WhatsApp Share on Instagram Share on Telegram