Промедика Офталмологија

Промедика Офталмологија Гледајте подобро, живејте подобро!

24/04/2026

Нашата драга пациентка по нејзината операција на катаракта: "Не е ни болно, нити е страшно!"

По нејзината прва операција на катаракта, таа одлучи и нејзиното второ око да го оперира кај нас во Промедика Офталмологија. Кога ја прашавме на што најмногу таа се радува сега по извршената операција, таа ни одговори: "Што конечно можам да гледам". 🤍

📞 Доколку и на вас ви е потребна операција на катаракта, закажете преглед сега со 50% попуст на нашиот бесплатен број 0800 301 30.

Грижата за пациентите за нас значи повеќе од преглед во ординација – значи да бидеме присутни сегде каде што е потребно....
23/04/2026

Грижата за пациентите за нас значи повеќе од преглед во ординација – значи да бидеме присутни сегде каде што е потребно. 💙

Нашиот тим, како резултат на соработката со Здружението на пензионери во Македонија, излезе на терен и ги посети пензионерските здруженија во Лисиче, каде што реализиравме бесплатен скрининг за повозрасната популација.

✔️ Мерење на очен притисок
✔️ Контрола на шеќер во крв – важен фактор за здравјето на очите
✔️ Бесплатни консултации со доктор офталмолог за индивидуални состојби и препораки

Со вакви активности активно придонесуваме кон рано откривање и превенција, но и кон подигнување на свеста за значењето на редовните офталмолошки прегледи.

Продолжуваме посветено – со цел секој пациент да добие навремена грижа и сигурност кога станува збор за неговиот вид. 👁️

20/04/2026

“Презадоволна сум... прекрасно се чувствувам!“ ✨

Нашата пациентка го опишува своето искуство по блефаропластика во Промедика Офталмологија, изведена од Д-р Викторија Филева Фотевска 👁️

Што е блефаропластика?
Блефаропластиката е хируршка процедура со која се отстранува вишок кожа и масно ткиво од очните капаци – со што се добива посвеж изглед, но и подобро видно поле кај некои пациенти.

Понекогаш малата промена прави голема разлика – не само во изгледот, туку и во самодовербата 💙

📞 Бесплатен број за информации и закажување: 0800 301 30.

15/04/2026

Понекогаш, најголемата промена доаѓа тивко, кога светот повторно станува јасен. 👁️🙏

Нашата пациентка се соочуваше со катаракта на двете очи, со поизразени промени на десното око. Во соработка со д-р Ивана Петковска, третманот беше внимателно планиран и реализиран во две фази – првата операција пред две недели, а потоа и втората.

Ваквите приказни се потсетник дека зад секој зафат стои нешто многу поголемо – враќање на сигурноста, комфорот и квалитетот на секојдневието.

10/04/2026

Тимот на Промедика Офталмологија ви посакува Честит Велигден! 👁️🪺

✨ По повод велигденските празници – 50% попуст на преглед за катаракта + промотивна цена за операција! 👁️Дали боите, све...
08/04/2026

✨ По повод велигденските празници – 50% попуст на преглед за катаракта + промотивна цена за операција! 👁️

Дали боите, светлината и деталите не ти изгледаат како порано?
Катарактата се развива постепено, но важно е да знаеш – не треба да се чека да „созрее“.

Направи го првиот чекор кон јасен вид навреме 👇

🔥Промотивна цена на преглед: 2.100 ден.
🔥 Промотивна цена на операција: 36.000 ден.

💳 Можност за плаќање на рати:
✔️ 0% камата
✔️ Без банка
✔️ Без дополнителни трошоци

💫 Со попуст на прегледот и операцијата, сега е идеално време да ја решиш катарактата. Види ја магијата на празникот со јасен и чист вид.
📅 Понудата важи до крај на месецот.

📞 Бесплатен број за закажување: 0800 301 30

03/04/2026

„По мојата операција на катаракта, мислам дека повторно се родив!“ ✨

Ова се зборовите на наша пациентка – и најдобар доказ дека јасниот вид го менува секојдневието. 👁️

Без болка, без страв и со брзо закрепнување – операцијата на катаракта им овозможува на пациентите повторно да уживаат во боите, деталите и животот без ограничувања.

Доколку забележувате замаглен вид, потешкотии при читање или чувствителност на светлина – не чекајте.

📞 Закажете преглед на бесплатниот број: 0800 301 30

Вашиот вид заслужува нов почеток. 💙

01/04/2026

Од 10% вид до 100% за само еден ден. 👁️
„Вчера после операцијата – се препородив.“

Катарактата се развива постепено – и многу луѓе се навикнуваат на заматената слика без да приметат колку им е влошен видот, сè додека повторно не прогледаат јасно.

👉 Решението е брзо, едноставно и безболно.
Операцијата трае од 10-20 минути а резултатот во најголем дел од случаите е веднаш видлив.

💥 Промотивна цена: 36.000 ден.
⏳ Само до крај на месец
📞 Бесплатен број: 0800 301 30

Горди сме што преку вакви активности директно придонесуваме за здравјето на младите. 👁️Нашиот тим од Промедика Офталмоло...
31/03/2026

Горди сме што преку вакви активности директно придонесуваме за здравјето на младите. 👁️

Нашиот тим од Промедика Офталмологија вчера реализираше бесплатни скрининзи за вид во СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“, со цел навремено откривање на евентуални проблеми и подигање на свеста за значењето на редовните прегледи.

Превенцијата започнува со навремена проверка. 💙

Закажете го и Вие вашиот редовен преглед на нашиот бесплатен број 0800 301 30.

🤔 Колку пати си помислил/а: „Можеби треба да направам ласерска корекција… ама ќе почекам“? И така – одлуката постојано с...
27/03/2026

🤔 Колку пати си помислил/а: „Можеби треба да направам ласерска корекција… ама ќе почекам“? И така – одлуката постојано се одложува.

👉 Наместо да одлучуваш веднаш – информирај се.

Направи преглед и дознај дали си кандидат. Ќе добиеш јасни одговори, сигурност и стручно советување со офталмолог. 👁️

Промотивна цена на преглед: 4200 ден. → 2100 ден.

✔️ Живот без ограничувања
✔️ Поголема удобност во секојдневието
✔️ Слобода при спорт и активен живот
✔️ Јасен вид без зависност од очила и леќи

Не мора да донесеш одлука денес. Но можеш да го направиш првиот чекор.

📞 0800 301 30 (бесплатен број)
📅 Промоцијата важи од 01.04 – 30.04 за термини кај Д-р Фанка Гилевска

Со голема чест споделуваме признанија кои имаат посебно значење за нас. 🤍На јубилејот 25 години од основањето на Сојузот...
24/03/2026

Со голема чест споделуваме признанија кои имаат посебно значење за нас. 🤍

На јубилејот 25 години од основањето на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија „ 25 години Борба, Посветеност, Солиданост и Надеж“, кој се одржа 21 Март 2026, на нашата докторка, Д-р Фанка Гилевска, ѝ беше доделена златна благодарница за долгогодишна посветеност и придонес во подобрување на условите за живот на лицата со дијабетес во Македонија.

Истовремено, Промедика Офталмологија доби пофалница за долгогодишна соработка и партнерство со Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија – признание што ја потврдува нашата заедничка мисија.

Овие признанија не се само чест, туку и потсетник зошто го работиме тоа што го работиме – со вистинска грижа за пациентите и нивниот квалитет на живот. 👁️✨

Продолжуваме понатаму, со уште поголема посветеност.

Address

Св. Кирил и Методиј бр. 50
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 08:00 - 20:00
Tuesday 08:00 - 20:00
Wednesday 08:00 - 20:00
Thursday 08:00 - 20:00
Friday 08:00 - 20:00
Saturday 09:00 - 14:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Промедика Офталмологија posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Промедика Офталмологија:

Share