Institut Alternativa

Institut Alternativa Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Institut Alternativa, BUlica Jane Sandanski 65, Skopje.

Европски Акредитиран Тренинг Институт за Системска Психотерапија (EAPTI)

Континуирана професионална едукација за системски психотерапевти

✨ Заедно градиме компетенции за подобрување на менталното здравје и благосостојба во општеството Институтот за Брак,Семејство и Системска Пракса-Алтернатива, ги спроведува следните програми:
1.Едукативни програми за стручни лица
2.Психоедукација за општа популација
3.Индивидуална, брачна и семејна психотерапија
4.Консалтинг за бизнис системи

Денес го славиме Денот на мајките — оние жени кои нè носеле, чувале, грееле и сакале најдобро што умееле 🌸Секоја мајка д...
10/05/2026

Денес го славиме Денот на мајките — оние жени кои нè носеле, чувале, грееле и сакале најдобро што умееле 🌸

Секоја мајка доаѓа со своја приказна, свои рани, свои недостигнати потреби и научени начини на љубов. И нашите мајки, пред да станат мајки, биле нечии ќерки. Многу од нив можеби не го добиле сето она што им било потребно — нежност, сигурност, поддршка, видливост.

А сепак, најчесто ни го дале она што знаеле и можеле.
И кога нешто недостасувало, тоа најчесто не било затоа што не сакале, туку затоа што не знаеле поинаку.

Но ние, денешните мајки, знаеме повеќе.
Знаеме дека љубовта не е само жртва, туку и присуство.
Дека децата имаат потреба да бидат слушнати, видени, прифатени.
Дека нашите сопствени рани не мора да станат наследство за следната генерација.

Можеби нашите мајки не можат да се променат.
Но можеме ние — за нашите деца.

И токму во тоа е надежта на секој семеен систем: дека со повеќе свесност, топлина и храброст, циклусите можат да се прекинат, а љубовта да тече помеко низ генерациите.

Среќен Ден на мајките — на сите мајки, и на сите ќерки во нив. 💛💜

#среќенденнамајките

Со особено задоволство го споделуваме потпишувањето на Меморандумот за соработка помеѓу Општина Аеродром и НВО Алтернати...
05/05/2026

Со особено задоволство го споделуваме потпишувањето на Меморандумот за соработка помеѓу Општина Аеродром и НВО Алтернатива – значаен чекор кон системска поддршка на менталното здравје и благосостојбата во заедницата.

Како лиценциран давател на психо-социјална поддршка и советување, НВО Алтернатива веќе обезбедува услуги за граѓаните на ниво на цела Македонија. За нас претставува особена чест што сме токму дел од заедницата на Општина Аеродром и што ова партнерство го започнуваме од средината во која сме директно присутни и активни.

Во соработка со градоначалникот Дејан Митевски и тимот на Општината, ќе работиме на развој на конкретни и достапни услуги за граѓаните, особено за децата, младите и семејствата.

Што значи ова во пракса?

➡️ Психо-социјална поддршка во училиштата
➡️ Поддршка за ученици, родители и наставен кадар
➡️ Превентивни програми и рана интервенција
➡️ Работилници и едукативни активности
➡️ Поддршка за ранливи категории граѓани
➡️ Развој на програми за семејна поддршка
➡️ Заеднички проекти и иницијативи за заедницата

Оваа соработка ја гледаме како важен чекор кон градење на одржливи локални системи за поддршка, кои се блиски, достапни и прилагодени на реалните потреби на граѓаните.

Нашата мисија останува иста:
да обезбедиме квалитетна, професионална и навремена психо-социјална поддршка – за секој што има потреба.

Горди сме што токму од Аеродром започнуваме една ваква иницијатива.

Ова е само почеток.

Работилница во втора година на тема „Семејни системи организирани со насилство, системски интервенции и базични принципи...
05/05/2026

Работилница во втора година на тема „Семејни системи организирани со насилство, системски интервенции и базични принципи во третманот“ одржана од Габријела Бошков и Деспина Стојановска.

Семејното насилство не е индивидуален, туку системски проблем.

✔️ Потребен е мултидисциплинарен и мултисистемски пристап
✔️ Интервенциите вклучуваат средби и работа со жртва, насилник и сведоци
✔️ Клучни фази: кризна интервенција, краткорочен третман, долготрајна терапија

Ефикасниот третман бара проценка на ризик, координација и работа со целиот систем, не само со поединецот.

✨ Каде завршува родителството… а почнува лидерството?Понеделник (30/03), Limak Hotel - СкопјеИмавме чест пред Ротари биз...
15/04/2026

✨ Каде завршува родителството… а почнува лидерството?

Понеделник (30/03), Limak Hotel - Скопје
Имавме чест пред Ротари бизнис заедницата Rotary International да одржиме работилница на тема: „Родителство и перформанси: Скриената бизнис супермоќ“ - како вложувањето во среќни и исполнети родители создава поголема ефикасност, стабилност и извонредни резултати во бизнисот

Во системскиот пристап, не го гледаме човекот изолирано. Го гледаме како дел од поголем систем на релации – семејство, партнерство, организација, заедница.
👉 И тука доаѓа клучниот insight: Предизвиците не се само индивидуални – тие се резултат на релациите. Комуникација. Улоги. Граници. Начин на поврзување.
И затоа во системскиот пристап 1 + 1 ≠ 2 → туку 3 - Затоа што вредноста не се само луѓето туку и нивниот однос кој заедно го градат и за кој се взаемно одговорни.

💡 Што значи ова за бизнисот?
➡️ Успешен родител = пофокусиран, постабилен и поангажиран вработен
➡️ Среќен систем дома = поефикасен систем на работа
➡️ Инвестицијата во луѓето не е трошок → туку директен impact на организацискиот bottom line

🌱 Општествено одговорните компании знаат: Грижата за вработените не завршува во канцеларија. Таа продолжува во нивната улога како родители.
👉И токму таму се гради:
✔ стабилност
✔ доверба
✔ долгорочни перформанси

На работилницата зборувавме и за практични системски алатки:
• градење позитивни односи
• квалитетно поминато време
• разговори за поврзување (не за оценување перформанси)
• јасни правила и рутини
• колаборативно решавање на проблеми
➡️ исти принципи што градат здраво семејство… ➡️ градат и здрави организации

🤝 Со присуство на 3 Rotary клубови од Скопје, во одлична атмосфера, со многу размена, учење и инспирација – ова беше само почеток.
Во исчекување сме на следните теми и работилници во насока на системски организациски раст и развој.

🚀 Грижата за луѓето не е soft тема. Тоа е најсилната бизнис стратегија.



Rotary Club Skopje North
Rotary Club Skopje West
Rotary Club Aerodrom

Работилница во прва година на тема „Генограм“ одржана од Тина Дамеска.Генограмот е многу важен бидејќи овозможува длабок...
08/04/2026

Работилница во прва година на тема „Генограм“ одржана од Тина Дамеска.

Генограмот е многу важен бидејќи овозможува длабоко и целосно разбирање на семејството како систем, при што не се гледа само поединецот туку и неговата поврзаност со другите членови и со историјата на семејството. 🤓

Тој им помага и на самите членови на семејството да ја видат „поголемата слика“, да ги разберат сопствените реакции и односи и да направат промени, што го прави важен инструмент во дијагностика и во психотерапијата. 💭

08/04/2026

Enjoy the videos and music you love, upload original content, and share it all with friends, family, and the world on YouTube.

Успешно завршен втор циклус на групата за личен раст и развој под водство на проф. Катица Стоименовска 🌱Период исполнет ...
08/04/2026

Успешно завршен втор циклус на групата за личен раст и развој под водство на проф. Катица Стоименовска 🌱

Период исполнет со учење, споделување и лични трансформации. 💫

Работилница во втора година на тема „Тераписки процес“ одржана од д-р Славица Гајдаѕис Кнежевиќ и проф. Катица Стоименов...
06/04/2026

Работилница во втора година на тема „Тераписки процес“ одржана од д-р Славица Гајдаѕис Кнежевиќ и проф. Катица Стоименовска.

⏳Терапевтскиот процес не е само разговор, туку внимателно воден пат од разбирање на проблемот до создавање ново значење и промена. Преку дијалог, прашања и заедничко истражување, клиентот постепено доаѓа до сопствени увиди и решенија.

Во сржта на сè е терапевтскиот однос. Довербата, емпатијата и чувството на сигурност создаваат простор во кој нема осуда, туку вистинско разбирање. Токму оваа релација е основата врз која се гради секоја промена – многу повеќе од било која техника. ❤️‍🩹

Промената започнува таму каде што постои квалитетен однос и отворен дијалог.

Address

BUlica Jane Sandanski 65
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 08:00 - 20:00
Tuesday 08:00 - 20:00
Wednesday 08:00 - 20:00
Thursday 08:00 - 20:00
Friday 08:00 - 20:00

Telephone

+38976457566

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Institut Alternativa posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Institut Alternativa:

Share