11/05/2026
Минатиот петок во Штип, заедно со Амбасадорот на Шведска во земјата Ola Sohlström и градоначалникот на Штип Иван Јорданов, гo посетивме средното училиште ДСУ - РЦСОО Коле Нехтенин каде учениците ги претставија своите иновативни решенија за 🌿животната средина и климатските промени развиени преку програмата .
💡 Од биоразградливи кеси направени од отпад од овошје и зеленчук, изработка на дуксери од текстилен отпад, до уред што ја претвора звучната енергија во електрична – младите уште еднаш покажаа дека имаат знаење, креативност и идеи за поодржлива иднина.
Посетата беше и можност да се претстават новите „зелени“ програми во стручното образование, преку кои учениците стекнуваат практични вештини за енергетска ефикасност, намалување отпад и одржливо користење ресурси. 🌱
UPSHIFT и зелените наставни програми се дел од пошироката соработка меѓу УНИЦЕФ и Шведска за поддршка на младите со вештини за иднината.
Embassy of Sweden in Skopje UN_MK