Правилна Исхрана - Резултати

Правилна Исхрана - Резултати Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Правилна Исхрана - Резултати, Nutritionist, Скопје.

Еден од најчестите појадоци оваа година🍓Состојки:30гр.овесни снегулки1 лажичка какао2 дозерки шејк или 1 протеинвода1 ба...
31/12/2023

Еден од најчестите појадоци оваа година🍓

Состојки:
30гр.овесни снегулки
1 лажичка какао
2 дозерки шејк или 1 протеин
вода
1 банана
бобинасто овошје

🥄Овесот го потопувам во топла вода, и го оставам 5-10 минути. Бананата ја гмечам и ги додавам со другите состојки.

Мислам никогаш нема да ми здосади🙌

#појадок #правилнаисхрана #начиннаисхрана

Омлет сендвич 🍳🥪Состојки:1 интегрално лепче2 јајца (кајгана)1 лажичка хумус40 гр. фета3 шери домати🥄Нутритивна вредност:...
25/10/2023

Омлет сендвич 🍳

🥪Состојки:
1 интегрално лепче
2 јајца (кајгана)
1 лажичка хумус
40 гр. фета
3 шери домати

🥄Нутритивна вредност:
430 калории
26гр. протеин
44гр. јаглехидрати
15гр. масти

*вредностите може да варираат во зависност од изборот на производителот.

Зошто е важно да одредиме која е нашата цел?🧐Влијае на менталното здравје. Ако знаеме која е нашата цел ќе можеме да ја ...
24/10/2023

Зошто е важно да одредиме која е нашата цел?

🧐Влијае на менталното здравје. Ако знаеме која е нашата цел ќе можеме да ја одредиме и исхраната и активноста што ќе не донесе до неа.

🙋‍♀️На што мислам.
Ако ни е цел да изградиме gluteus🍑, се запишуваме на аеробик, или сакаме да покачиме на мускулна маса и почнеме само да трчаме, најверојатно со тек на време ќе бидеме исфрустрирани.

🎯Ако целта ни е да изградиме мускулна маса ќе вклучиме и тежински тренинг, ако целта ни е маратон, треба да почнеме со трчање.

🤗А и нема ништо лошо ако сакаме само добро да се чувствуваме и да бидеме активни.

🥣Најчеста опција за појадок:1 банана30 гр. овесни снегулки2 дозерки шејк или 150гр. грчки јогурт1 рака бобинасто овошје🍓...
22/10/2023

🥣Најчеста опција за појадок:
1 банана
30 гр. овесни снегулки
2 дозерки шејк или 150гр. грчки јогурт
1 рака бобинасто овошје

🍓Нутритивна вредност:
350 калории
16 гр. протеин
6 гр. масти
60 гр. јаглехидрати

*може да варираат во зависност од производителот и количината.

29/08/2023
01/07/2023

Фета лепчиња
🥄Состојки:
70гр. овес
100гр. фета
1 јајце
2 лажици вода

👩‍🍳Подготовка:
Се мешаат состојките и се ставаат на хартија за печење. Се витка смесата во хартијата и се остава на тостер околу 20 минути.
Наздравје!

Здраво друштво☀️ Се надевам дека сте добро.💜Ова е мојот тренинг од неделата за горен дел.💪 Наменет е за во теретана, а у...
14/06/2023

Здраво друштво☀️ Се надевам дека сте добро.💜
Ова е мојот тренинг од неделата за горен дел.💪 Наменет е за во теретана, а утре ќе ви снимам тренинг без тежини, може да се извежба од било каде дури и кога сте на одмор.🙈

Ако ви здосадиле овесни за појадок, оваа опција ќе ви биде омилена.🥜Ако ја пробате пишете како ви се допаднала.🙋‍♀️ #пла...
07/05/2023

Ако ви здосадиле овесни за појадок, оваа опција ќе ви биде омилена.🥜
Ако ја пробате пишете како ви се допаднала.🙋‍♀️

#планнаисхрана #начиннаисхрана #слабеење #појадок #здравпојадок #сникерс #смути #опциизаоброци

Еден од рецептите во планот на исхрана.💜Фантазија е и мора да ја пробате.🙋‍♀️
05/05/2023

Еден од рецептите во планот на исхрана.💜
Фантазија е и мора да ја пробате.🙋‍♀️

04/05/2023

Cheesecake за појадок

🥄Состојки:
30гр.овесни снегулки
1 лажичка протеински крем
малку вода
150гр.грчки јогурт
1 дозерка протеин
1 рака малини

👩‍🍳Подготовка:
За првиот дел се мешаат овесните, кремот и водата. Во посебен тањир ги мешаме јогуртот и протеинот и ги додаваме врз првиот дел и на крај ги ставаме малините, а ги пасираме како мармалад.

Превкусно и брзо со супер нутритивен состав. 🥰

#рецепти #начиннаисхрана #слабеење #планнаисхрана

Јас најчесто ја мерам количината на храна🙋‍♀️ но кога јадам надвор од дома вака отприлика изгледа една порција. 🤨Секако ...
27/04/2023

Јас најчесто ја мерам количината на храна🙋‍♀️ но кога јадам надвор од дома вака отприлика изгледа една порција.
🤨Секако голем дел од намирниците содржат по 2 макронутриенти, пр. јајцата и масти и протеини🍳 но ако со оваа мера си го изберете оброкот нема да погрешите.

#планнаисхрана #здравиоброци #резултат #здравинавики #начиннаживот

Сите знаеме што е здраво, ама секогаш во брзање и прегладнетост избираме нешто што е брзо и спремно веднаш да се јаде.🙋‍...
26/04/2023

Сите знаеме што е здраво, ама секогаш во брзање и прегладнетост избираме нешто што е брзо и спремно веднаш да се јаде.🙋‍♀️
Ова е една опција која во последно време ја има каде и да се свртиме😎, а може да биде одлична опција за комплетен оброк.
🍗Пилешко
🍚Ориз
🥗Салата
Ако додаваат сос може да замолиме да не ни ставаат, во овој случај
беше грчки јогурт со сенф и кари, па совршено се вклопи.

Address

Скопје

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Правилна Исхрана - Резултати posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share

Category