19/06/2025
ЛИПЕДЕМ- не е целулит, естетски проблем или голем конфекциски број. Ова е дијагноза кај која се таложи вишок масно ткиво (но не од неправилна исхрана) најчесто на нозе, бутови и раце.
Ова ткиво е болно, тешко и чувствително на допир.
📍Воопшто не препорачувам антицелулитни масажи во оваа состојба.
Оваа состојба не се мери во конфекциски број, може да ја имаат и жени со 34/36 конфекциски број.
Затоа следен пат доколку видиш ваква состојба не прашувај "А да намалиш на јаглехидрати или калории" или "А да вежбаш малце повеќе".
Застани и прашај "Како си, како се чувствуваш и како се носиш со оваа состојба?"
Не пресудувај на изглед, туку дај совет и биди информирана.
Совет за неинвазивен третман:
- MLD (мануелна лимфна дренажа)
- компресивни чорапи ( доколку стоиш во едно место, не ги препорачувам цело време за да имаш квалитетен проток на лимфа)
- антиинфламаторна исхрана
- вежбање, препорачувам со стручно лице ( не на своја рака, потрибни ти се специјални вежби за поттик на лимфниот систем)
Доколку имаш прашања и потреба од консултација, пиши ми! 💫
Биди и ти дел од мојата успешна приказна.🌸