Bilna Apteka

Bilna Apteka Чаевите кои ги има во Билна аптека се исклучиво составени од растенија кои современата медицина ги потврдува како лековити.

Употребата на растенијата како неисцрпен извор за лекување и за негување на здравјето на луѓето има долга традиција на овие простори бидејќи Македонија е исклучително богата со високо квалитетни растенија и со лековити билки. Билна аптека преку својата широка палета чаеви ја продолжува оваа традиција и во текот на своето работење практикува да ги запознава своите пациенти со сите новитети кои прои

злегуваат од неа. Важно е да се напомене дека интересот на пациентите за користењето на растителните билки, односно чаевите, во функција на нивното здравје не опаѓа и покрај фактот за развојот и моќта на фармако-хемиската индустрија, која секоја година произведува сè поголем број нови лекови со познат хемиски состав и со постојано физиолошко дејство. Илјадници стручни раце да се соберат во која било од најсовремените лаборатории во светот не можат да го синтетизираат она што може една растителна клетка во природата.

Чаевите со кои располага Билна аптека, било да се монолитни било да се комбинирани, се во изворна форма, дејствуваат со сите активни компоненти од својот состав и се составени од растенија кои современата научна медицина ги потврди како лековити. Предноста на нашите чаеви е и во тоа што потекнуваат од ова поднебје, од природен екосистем и го носат во себе квалитетот на сонцето, почвата и на влагата. Токму поради тоа, тие во својот квалитет се ненадминливи и единствени, а од друга страна се едноставни за употреба во домашни услови, не предизвикуваат несакани ефекти и сè уште се едни од најпознатите, најевтините и најлесно достапните лековити суровини. Постојат повеќе докази за нивниот придонес во зачувување на здравјето. Чаевите содржат полифеноли, пигменти и етерични масла кои го намалуваат штетното влијание на пероксидите во организмот. Популарно се вели дека тие се чувари на здравјето и „ловци“ на слободните радикали. Тие го обезбедуваат организмот со потребните микроелементи, минерали, со потребната количина вода, која лесно продира во меѓуклеточниот простор и воедно, брзо и ефикасно го чисти организмот од насобраните токсини. Тоа е важно да се нагласи за сите, особено за децата и за постарите лица кај кои потребата за овие материи е нешто поголема. Најчеста асоцијација за чај е закрепнувачки топол напиток, здравје, опуштање или природна стимулација, затоа што употребен навечер, чајот опушта од напорниот работен ден, смирува, го олеснува варењето на храната и обезбедува подобар и помирен сон, а наутро буди, го освежува духот и мислата, ја поддржува креативноста и ја поттикнува волјата. Токму поради тоа, секој од нас во својата домашна аптека треба да има барем десетина лековити растенија или чаеви, како на пр.: камилица, мајчина душица, коприва, бозел, јаглика, кантарион, босилек, ајдучка трева, коишто во секое време ќе ни бидат на располагање за да се решат едноставни здравствени проблеми.

Пациентите, кои во сè поголем број се заинтересирани за природниот начин на лекување, во нашата Билна аптека можат да добијат комплетен асортиман чаеви, како и исцрпни стручни информации за нивната примена. Многубројните чаеви кои ќе ги најдете во аптеката, како и помошните лековити средства, сочинуваат една од најбогатите палети, чија композиција е идеална, а во медицинската практика тие се потврдени со нивната 30-годишна традиција како темел на лекувањето. Вработените во аптеката секогаш се подготвени и расположени да Ви предложат комбинации од повеќе чаеви или еднокомпонентни билки, како и готови производи за точно определена индикација и болест, да Ви го објаснат начинот на подготовка на чајот, како и начинот на негово користење. Честопати, посетителите во Билната аптека по сопсвтвено барање добиваат информации и за собирање на лековитите билки, за условите и за начинот на нивно сушење, како и информации за подготовка во домашни услови на некои кремови, облоги или друг вид препарати од билки. Поради наведеното, аптеката претставува не само продажен туку и едукативен и консултативен центар, единствен од овој вид во Македонија.

Мали навики што значат многу 😊.Детски чај, внимателно избрана мешавина од билки создадена специјално за најмалите.Со кам...
30/04/2026

Мали навики што значат многу 😊.
Детски чај, внимателно избрана мешавина од билки создадена специјално за најмалите.

Со камилица, липа, анасон, шипка и хибискус, вкус што децата го сакаат и што помага да се создаде здрава навика уште од мали нозе.

Кога вашето дете најмногу ужива во чај, наутро или навечер?

Што ако со купување добиеш и подарок 🎁?Со Becutan грижата е двојна,  за тебе и твоето дете.За купени Becutan производи н...
28/04/2026

Што ако со купување добиеш и подарок 🎁?
Со Becutan грижата е двојна, за тебе и твоето дете.

За купени Becutan производи над 700 денари,добиваш брендиран ранец или бањарка.

💙 Нежна нега од прв ден
💙 Практичен подарок што ќе го користиш секојдневно

Побрзај – понудата е ограничена!

Кога телото ти праќа сигнал дека му треба грижа.Чајна мешавина што придонесува за нормална функција на јајниците и јајце...
26/04/2026

Кога телото ти праќа сигнал дека му треба грижа.
Чајна мешавина што придонесува за нормална функција на јајниците и јајцеводите создадена од внимателно одбрани билки.

Комбинација од природни состојки што традиционално се користат за поддршка на женското здравје и баланс.

За моменти кога избираш да се слушнеш себеси и да му дадеш на телото тоа што му треба.

Знаеш ли кој чај секогаш вреди да го имаш дома☺️?Бозел, природна класика за секој ден, сега по акциска цена.🤍 20 филтер ...
23/04/2026

Знаеш ли кој чај секогаш вреди да го имаш дома☺️?
Бозел, природна класика за секој ден, сега по акциска цена.
🤍 20 филтер кесички за лесна и брза подготовка.
🤍 Идеален за секојдневна рутина
Те чекаме во Билна Аптека, искористи ја понудата додека трае!

Мал подарок што го прави секојдневието поубаво☺️!Купи Good Nature чаеви во вредност од 200 денари и добиј подарок платне...
22/04/2026

Мал подарок што го прави секојдневието поубаво☺️!
Купи Good Nature чаеви во вредност од 200 денари и добиј подарок платнена торба🎁.

Ве очекуваме во Билна Аптека!

НОВИ Becutan производи што децата ќе ги обожаваат ☺️✨ сапуни✨ шампони и купки✨ влажни марамици✨ паста за забиРазгледај г...
20/04/2026

НОВИ Becutan производи што децата ќе ги обожаваат ☺️

✨ сапуни
✨ шампони и купки
✨ влажни марамици
✨ паста за заби

Разгледај ги и одбери го омиленото!
Кој производ прв би го пробале?

Сè за нежна и секојдневна грижа, на едно место, во Билна Аптека!

Најубавите празници се оние поминати заедно.Со љубов, внимание и грижа за секој член од семејството ❤️.Честит Велигден!
12/04/2026

Најубавите празници се оние поминати заедно.
Со љубов, внимание и грижа за секој член од семејството ❤️.

Честит Велигден!

Понекогаш не ти треба одмор. Ти треба мир.Подготви шолја Good Nature органски чај од кантарион, заслади со лажичка мед и...
09/04/2026

Понекогаш не ти треба одмор. Ти треба мир.
Подготви шолја Good Nature органски чај од кантарион, заслади со лажичка мед и дозволи си неколку тивки минути само за тебе💛.

Со Gloss влажни марамчиња за подни површини чистењето трае минути, не часови.Нема кофи, нема дополнителни препарати. Сам...
07/04/2026

Со Gloss влажни марамчиња за подни површини чистењето трае минути, не часови.

Нема кофи, нема дополнителни препарати. Само избриши и готово.

А времето што ќе го заштедиш?
Искористи го за насмевки, разговори и моменти со фамилијата ❤️.

Практично решение за динамично секојдневие.

Кога ти треба лесно чувство одвнатре 🌿Алкалакс микс е внимателно одбрана билна комбинација за поддршка на природниот бал...
02/04/2026

Кога ти треба лесно чувство одвнатре 🌿

Алкалакс микс е внимателно одбрана билна комбинација за поддршка на природниот баланс на организмот.

Мал дневен ритуал што прави разлика.
Пронајдете го во Билна Аптека.

Природна поддршка кога ти е најпотребна 👌.Бозелот традиционално се користи како сојузник на имунитетот, особено во перио...
30/03/2026

Природна поддршка кога ти е најпотребна 👌.

Бозелот традиционално се користи како сојузник на имунитетот, особено во периоди на настинки и сезонски промени. Топол, ароматичен и пријатен, совршен за вечерен чај.

Заштити се природно.
Посетете нè во Билна Аптека и дозволете ни заедно да го пронајдеме совршениот чај за вас.

Твоето бебе заслужува само најнежно 🌟Одбери Becutan Sensitive за секоја дневна или вечерна рутина за бањање!Маслена купк...
28/03/2026

Твоето бебе заслужува само најнежно 🌟
Одбери Becutan Sensitive за секоја дневна или вечерна рутина за бањање!

Маслена купка наменета за особено чувствителна кожа, која нежно ја чисти и ја остава кожата мека, хидрирана и заштитена.

Address

11 Oktomvri 46
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 07:00 - 20:00
Tuesday 07:00 - 20:00
Wednesday 07:00 - 20:00
Thursday 07:00 - 20:00
Friday 07:00 - 20:00
Saturday 07:00 - 14:00

Telephone

+38923237975

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Bilna Apteka posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share