ПЗУ "МБ ФИЗИО" е скромна единица чија главна задача и цел е да го обезболи вашето секојдневие.Установа која како дел од нашето секојдневие овозможува стручен и професионален третман на:
- Различни патолошки состојби на локомоторниот апарат (Ревматоиден артрит,Морбус Бехтер,Гихт)
- Спортски акутни и хронични повреди на коскено-мускулно-зглобнот систем,како и постоперативна рехабилитација на истите.
- Рехабилитација кај Деформитети на Локомоторниот Апарат кај деца во раст и развој (сколиоза,кифоза,птичји гради,рамни стопала).
- Болки во врат и половина.
- Артрози - Спондилоза,Коксартроза,Гонартроза.
- Главоболки и Вртоглавици
- Тендинити-Карпален тунел,Тарзален тунел,Тениски лакт,Голферски лакт.
- Дископатии;Дискус Хернии,Лумбоушиалгии,Цервикобрахијален Синдром.
- Пареза на n.facialis ( Белова парализа )
- Замрзнато рамо ( Frozen sholder )
- Шилци во петица
- Рехабилитација на пациенти со мозочен удар
Медицинскиот центар за болка ПЗУ МБ ФИЗИО,своите здравствени услуги кон пациентите ги спроведува преку принципот-преглед од страна на доктор,специјалист-Физијатар,и третман од страна на стручен тим на физиотерапевти.
Установата располага со :
- Сите видови на електро-процедури ( Дијадинамик,Галван,Електрофореза,Интерферентни струи,ТЕНС,Електростимулации,COMPEX )
- Сонотерапија ( Сонофореза )
- Фото терапија ( Инфрацрвена-солукс лампа,УВ зраци )
- Крио терапија,
- Магнет терапија,
- Ласер терапија,
- Екстензиона ( Декомпресивна ) терапија со мултифлекс (АФД) екстензомат со автоматизирани флексии во повеќе правци и тракции на рбетот,
- FED метода при корекција на деформитети на рбетен столб ( сколиоза и кифоза )
- Корективна гимнастика со индивидуален пристап кај деформитети на рбетниот столб
- Кинезитерапија,
- Кинезиотеип апликации,
- Мануелна масажа ( парцијална и целосна ),
- Интрамускулни апликации ( инекции )
- Интра-артикуларни апликации,
- Домашна посета ( можност за домашен третман кај непокретни пациенти-после мозочен удар,после сообраќајни несреќи како и кај парези т.е. парализи кај вродени и стекнати малформации на Локомоторниот Апарат.