28/04/2026
❤️ Хуманост на дело
Во Реплек, вчера успешно се реализираше крводарителска акција, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош.
Интересот беше навистина голем, дури 70 вработени даруваа крв, што претставува околу 20% од вкупниот број вработени во компанијата.
Оваа бројка е доказ за солидарноста, свесноста и хуманоста што ја негуваме како дел од нашата корпоративна култура.
Со само неколку минути, нашите колеги направија дело што значи многу и придонесоа за спасување човечки животи.
Како општествено одговорна компанија, Реплек останува посветен на иницијативи што создаваат вистинска вредност за заедницата.
#ОпштественаОдговорност #КрводарителскаАкција #Хуманост #ЗаедноПовеќе