02/04/2018
Почитувани во прилог следат следните отворени повици за вработување:
Датум:02.04.2018
Здружение на просветни работници и заштита на жени и деца ЛИЛ, Скопје
Ул. Никола Островски бб, Скопје
Република Македонија
ПОВИК БР. 01/2018
ЗА ИЗБОР НА ПЕТ ТРЕНЕРИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НАРАБОТИЛНИЦИ
1. Здружение на просветни работници и заштита на жени и деца ЛИЛ, Скопје, Ве поканува да учествувате во постапка за прибирање на понуди за набавка на пет тренери за одржување на дво часовни работилница на тема: Работилници за правни совети, техники и вештини за надминување на административни бариери на лицата без извод од матична книга на родени
1.1. Постапката се спроведува во рамки на проектот “Назив на проектот: ,,Кои се тие?’’
финансиски подржан од Европска Комисија имплеметиран од ИНСОК и ЛИЛ од Скопје.
Рокот за доставување на понудите е лично до 06.04.2018 најдоцна до 16:00 часот во просториите на ЛИЛ на ул Никола Островски бр 2.
Максималниот износ на набавката е 4922,00 денари бруто сума за еден тренер по одржана работилница.
Изборот на најповолен понудувач ќе се прави според принципот „најдобра понудена вредност (квалитет) за дадена цена“.
Право на учество имаат само директно поканети понудувачи од страна на договорниот орган.
Целосната документација за доставување на понудите е дадена во прилог на оваа покана за повик.
Со почит,
ПОВИК БР. 02/2018
ЗА ИЗБОР НА ЕДЕН ЕКСПЕРТ ЗА ИЗРАБОТКА НА АНАЛИЗА НА ЛОКАЛНИТЕ БАРИЕРИ ПРИ ПРОЦЕСОТ НА НА РЕГИСТРАЦИЈА НА ЛИЦАТА БЕЗ ИЗВОД ОД МАТИЧНА КНИГА НА РОДЕНИ
1.Здружение на просветни работници и заштита на жени и деца ЛИЛ, Скопје, Ве поканува да учествувате во постапка за прибирање на понуди за еднократно ангажирање на еден експерт за изработка на Анализа на локалните бариери при процесот на регистрација на лицата без извод од матична книга на родени.
1.2Постапката се спроведува во рамки на проектот “Назив на проектот: ,,Кои се тие?’’финансиски подржан од Европска Комисија имплеметиран од ИНСОК и ЛИЛ од Скопје.
Рокот за доставување на понудите е лично до 06.04.2018 најдоцна до 16:00 часот во просториите на ЛИЛ на ул Никола Островски бр 2.
Максималниот износ на набавката е еднократен надомест во износ од 30.760,00 денари бруто сума за експерт.
Изборот на најповолен понудувач ќе се прави според принципот „најдобра понудена вредност (квалитет) за дадена цена“.
Право на учество имаат само директно поканети понудувачи од страна на договорниот орган.
Целосната документација за доставување на понудите е дадена во прилог на оваа покана за повик.
ПОВИК БР. 03/2018 ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЛИЦЕ КОЕ ЌЕ ДАВА ПРАВНИ СОВЕТИ НА на лицата без извод од матична книга на родени со пола работно време од 20 часа
1.Здружение на просветни работници и заштита на жени и деца ЛИЛ, Скопје, Ве поканува да учествувате во постапка за прибирање на понуди за ангажирање во период од 9 месеци на едно лице за давање на правни совети при процесот на регистрација на лицата без извод од матична книга на родени.
1.2 Постапката се спроведува во рамки на проектот “Назив на проектот: ,,Кои се тие?’’финансиски подржан од Европска Комисија имплеметиран од ИНСОК и ЛИЛ од Скопје.
Рокот за доставување на понудите е лично до 06.04.2018 најдоцна до 16:00 часот во просториите на ЛИЛ на ул Никола Островски бр 2.
Максималниот износ на набавката е во износ од 9.228,00 денари месечно бруто сума.
Изборот на најповолен понудувач ќе се прави според принципот „најдобра понудена вредност (квалитет) за дадена цена“.
Право на учество имаат само директно поканети понудувачи од страна на договорниот орган.
Целосната документација за доставување на понудите е дадена во прилог на оваа покана за повик.
ИНСТРУКЦИИ ЗА ПОНУДУВАЧИТЕ
1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
1.1 Вовед
Во овој документ се содржат инструкции за понудувачите за ограничен повик бр. 01/2018 , 02/2018 И 03/20178
1.2 Договорен орган
Договорен орган е Здружение на просветни работници и заштита на жени и деца ЛИЛ, Скопје, со седиште на ул Никола Островски бр 2, Скопје телефон:02 6134 076, електронска адреса: infongolil@yahoo.com. Лицa за контакт: Весна Илиева
Предмет на договорот за набавка
2. 1.3.1Предмет на овој договор е набавка на услуги од пет фацилитатори за одржување на двочасовни работилници на тема: правни совети, техники и вештини за надминување на административни бариери на лицата без извод од матична книга на родени
1.3.2. Договорот за услуга се однесува на вкупната цена без вклучен ДДВ,а со персонален данок, во која се вклучени сите трошоци и попусти.
1.3.3. Договорниот орган, со претходна најава и договор со избраниот понудувач, може да прави помали модификации на понудениот обем и содржина, во зависност од расположливите средства, потребите на проектот и поефективно остварување на целите
1.3 Извор на средства, потекло на добрата и видливост
1.3.1 Средствата за реализација на договорот за набавка се обезбедени во рамките на проектот ,,Кои се тие,,
1.4 Kритериум за доделување на договорот за набавка
1.4.1 Критериум за доделување на договорот за набавка е според принципот „најдобра понудена вредност (квалитет) за дадена цена“( best value for money - quality ratio).
1.5 Спречување на судир на интереси
1.5.1 Носителот на набавката не смее, при извршување на договорот за набавка, да ангажира лица кои биле вклучени во евалуација на понудите поднесени во постапка за доделување на договор за набавка, во времетрање на договорот. Во тој случај договорот се смета за ништовен.
1.6 Начин на комуникација
1.6.1 Секое барање, информација, известување и други документи во постапката се испраќаат во писмена форма на рака.
1.7 Информации од доверлив карактер
1.7.1 Здружение на просветни работници и заштита на жени и деца ЛИЛ, Скопје ќе ги заштити информациите кои понудувачот ги има означено како доверливи, во спротивно ќе се смета дека понудата не содржи информации од доверлив карактер.