Мој психолог

Мој психолог Бојана Стојменовиќ- психолог, семеен и системски советник

Страна наменета за сите сите љубители на психологијата. Тука ќе прочитате интересни содржини од различни области.

300 жени претприемачки! 💫Ми требаа 2 дена за да се соземам што направивме со тимот на Мама круг.Зошто го правиме ова?Жен...
23/04/2026

300 жени претприемачки! 💫
Ми требаа 2 дена за да се соземам што направивме со тимот на Мама круг.
Зошто го правиме ова?
Жените претприемачки играат сè поважна улога во современото општество и економија. Со својата креативност, упорност и способност за иновации, тие создаваат нови бизниси, отвораат работни места и придонесуваат за развојот на заедницата. Покрај предизвиците со кои често се соочуваат, како ограничен пристап до финансии или стереотипи, многу жени успеваат да изградат успешни компании и да бидат инспирација за идните генерации.
Следни чекори се регионалните настани, каде што ќе ја пришириме мрежата на поддршка.

Верувам дека сите се движиме по исто ротирачко скалило и смисла има само ако си подаваме рака меѓусебе. 🫶

Серијал од 3 онлајн работилници „Од страв до глас“ соАндреа Јанковиќ (професор и полиглот) & Бојана Петровска (психолог)...
31/03/2026

Серијал од 3 онлајн работилници „Од страв до глас“ со
Андреа Јанковиќ (професор и полиглот) & Бојана Петровска (психолог)

✅ Двочасовни работилници за:
•Надминување на стравот од зборување
•Проговори гласно пред луѓе
•Градење вистинска самодоверба во англискиот

📅 Секоја работилница е посебен чекор кон слободно и сигурно зборување.

💌 За пријава:moj.psiholog@yahoo.com
Местата се ограничени

Wellness афтерворк со мојата  💫Поддржано од нашите пријатели .mk
10/03/2026

Wellness афтерворк со мојата 💫

Поддржано од нашите пријатели .mk

Кои се твоите омилени споделени моменти со партнерот? 👩‍❤️‍💋‍👨
24/02/2026

Кои се твоите омилени споделени моменти со партнерот? 👩‍❤️‍💋‍👨

Во време на пораки, апликации и алгоритми, дали љубовта се промени или само начинот на кој се поврзуваме? „Љубовен реста...
18/02/2026

Во време на пораки, апликации и алгоритми, дали љубовта се промени или само начинот на кој се поврзуваме?
„Љубовен рестарт: Како љубиме денес?“ е отворен настан што ќе се одржи на 25.02 во 19:00 часот во Литература кафе, во Дајмонд мол.
Преку разговори, споделени искуства и интеракција со публиката, ќе отвориме прашања за модерната романса, блискоста во дигиталната ера и предизвиците на новото време.
Настанот е бесплатен, а потребна е само претходна регистрација и пријава на линкот кој што е означен.
Вечерта ќе ја заокружиме со „Онлајн дејтинг“ панел, со гости-панелисти кои ќе споделат лични искуства и перспективи за љубовта во светот на апликациите и социјалните мрежи.

Ве очекуваме да направиме заеднички рестарт на љубовта. ❤️

07/02/2026
Овој пост е инспириран од моите клиенти кои не живеат во Македонија. 🫶Селењето во друга држава не е само промена на адре...
27/01/2026

Овој пост е инспириран од моите клиенти кои не живеат во Македонија. 🫶

Селењето во друга држава не е само промена на адреса.
Тоа е збогум што трае подолго отколку што очекуваше и мислеше.
Носталгија што се појавува во најнеочекувани секојдневни моменти.
Радост што постои паралелно со тагата.

Недостигаат луѓе, гласови, обични денови.
Недостига верзијата од тебе што остана дома.
А сепак, учиш да живееш, да растеш, да бидеш благодарен/на за новите можности.

Некогаш си помеѓу два света —
и учиш дека и тоа е еден вид дом.

Те замисли ова малку?           counselor leadership менталноздравје лидер
25/01/2026

Те замисли ова малку?

counselor leadership менталноздравје лидер

На неблагодарниот, ни најголемата добрина не му е доволна.Се согласувате со ова?
12/01/2026

На неблагодарниот, ни најголемата добрина не му е доволна.
Се согласувате со ова?

Додека размислуваш што може да тргне наопаку, потсети се и на сè што може да тргне со убаво.Понекогаш токму надежта, а н...
04/01/2026

Додека размислуваш што може да тргне наопаку, потсети се и на сè што може да тргне со убаво.
Понекогаш токму надежта, а не стравот е пореалниот избор.
Остави простор за доброто да те изненади. 🌱

Кога љубовта има услови, таа станува договор, а не дар.Тогаш не сакаме „некого“, туку сакаме верзија од него што одговар...
30/11/2025

Кога љубовта има услови, таа станува договор, а не дар.
Тогаш не сакаме „некого“, туку сакаме верзија од него што одговара на нашите очекувања.
#менталноздравје #лидер

Со .krug заедно со  и .mk.prenatal.education оваа недела го организиравме последниот за оваа година Бизнис нетворкинг за...
21/11/2025

Со .krug заедно со
и .mk.prenatal.education оваа недела го организиравме последниот за оваа година Бизнис нетворкинг за жени, мајки.
Од прв скромен настан со едвај 30, дојдовме до број кој уште ми звучи нереален.
Уште учиме и ние да го одиме овој пат- но сите три не сакаме да го одиме сами.

Затоа што...

Женското претприемништво е процес на градење култура што ја надминува личната амбиција и станува заедничко наследство.
Во тој процес, женската поддршка има исклучителна улога: таа создава мрежа на доверба, охрабрување и заедништво во која секоја од нас може да се издигне повисоко. Кога жените се поддржуваат, тие не градат само бизниси – туку создаваат средина што инспирира, отвора врати и ги зајакнува сите што доаѓаат по нив.
Со секоја идеја претворена во реалност и со секој успех споделен со другите, поставуваме нови стандарди за она што е возможно.
Така создаваме иднина каде новите генерации жени ќе растат со повеќе слобода, самодоверба и претприемачки дух.
Нашиот труд денес станува темел за нивната храброст утре.
Да продолжиме да си поддаваме рака една -на друга. 💫

Address

Hristo Smirnenski 42
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 11:00 - 19:00
Tuesday 11:00 - 19:00
Wednesday 11:00 - 19:00
Thursday 11:00 - 19:00
Friday 11:00 - 19:00

Telephone

+38975964015

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Мој психолог posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Мој психолог:

Share