07/05/2026
Во рамки на процесот на акредитација, "ПЗУ Специјална болница по офталмологија Систина Офталмологија Скопје" успешно го реализираше третиот последователен мониторинг насочен кон унапредување на квалитетот на здравствените услуги,спроведен од Агенција за квалитет и акредитација на здравствени установи.
Овој мониторинг претставува континуирана заложба за одржување и подобрување на високите стандарди во офталмолошката пракса, во согласност со националните и меѓународните препораки.
Преку систематска евалуација на процесите, процедурите и исходите од третманите, беше потврдено дека нашата установа доследно ги применува принципите на безбедност на пациентите и вработените, ефективност и ефикасност во работењето. Дополнително, беа идентификувани можности за понатамошно унапредување, кои ќе бидат интегрирани во идните развојни активности.
Овој трет успешен мониторинг ја потврдува посветеноста на сите вработени кон континуирано подобрување, иновации и обезбедување врвна здравствена услуга за пациентите.