27/10/2025
Како и многу жени од мојата генерација, бев посветена на семејството, децата и домот.
Работев како сметководителка и сè изгледаше „во ред“ – додека имаше што да се прави.
Но кога децата пораснаа и си тргнаа по свој пат, нешто во мене се испразни.
Почнаа здравствени проблеми – висок притисок, болки во крстот, трнење во рацете, незадоволство…
И токму тогаш мојата ќерка ми рече:
„Мамо, почни со јога.“
Така и направив. ❤️
Од првите часови почувствував дека нешто се менува – не само во телото, туку и во душата.
После четири години редовна пракса, во 2016 година се обучив за јога инструктор.
Со јогата се стабилизираше мојот притисок, се зајакна кичмата, болките исчезнаа, а јас повторно се почувствував жива.
Инспирирана од тоа искуство, отворив свое студио во Ново Лисиче.
Но за време на короната го затворивме студиото – и тоа беше вистински тест за мене.
Како ќе изгледа животот без јога две години?
Дали ќе продолжам со тоа што го сакам, или ќе се вратам на старото?
Продолжив. 🙏
И тоа не само со часови, туку со нешто поголемо – ново студио и ново поглавје.
Во 2023 година, заедно со повторно го отворивме студиото – овојпат во склоп на центар за психолошка и терапевтска работа, каде што се спојуваат телото, умот и енергијата. 🌿
Сакам да апелирам до секоја жена која се чувствува изгубено, празно или без насока – ве разбирам.
Сите го минуваме тој период.
Но верувајте – токму тогаш може да започне нешто прекрасно.
Денес не работам ништо друго освен јога.
И често си велам – да не почнав тогаш, денес ќе останев без ништо.
А вака, имам се што ми треба – мир, смисла и луѓе со кои дишеме заедно. 💜
✨ Од ноември започнуваме и нова група од 18:00 часот – понеделник и четврток.
📅 Првиот час е на 03.11 (понеделник).
Ако чувствуваш дека е време да се вратиш кон себе – ова е твојот знак. 🌸