24/07/2023
Најопасната работа на светот
Уште од мали нозе, нашите најблиски, успешно не' кастрираат, а со тоа и ни го одземаат правото да се занимаваме со НАЈОПАСНАТА РАБОТА НА СВЕТОТ.
Која е најопасната работа на светот?
СЕБЕ-СПОЗНАНИЕТО!!!
Таа не само што е најопасна, туку е и ЕДИНСТВЕНАТА РАБОТА ЗАРАДИ КОЈА СМЕ ОВДЕ И СЕГА НА МАЈКАВА ЗЕМЈА.
Единствената смисла на животот на Мајкава Земја е NOSCE TE IPSUM ... KNOW THYSELF ... СПОЗНАЈ СЕ САМИОТ СЕБЕСИ ... и одговори си го ПРВОТО НАЈБИТНО ПРАШАЊЕ - КОЈ СУМ ЈАС???
Зошто себеспознанието е најопасната, па и најтешката, а всушност и НАЈБИТНАТА работа на светот???
Затоа што оној кој тргнува на патот на свесноста/себеспознанието прво е опасен по/за самиот себеси, а потоа и за светот/другите.
Опасен е по себеси затоа што патот на свесноста започнува со внатрешната борба, внатрешниот конфликт и негово разрешување.
А внатрешниот конфликт се води помеѓу внатрешните поларности/дихотомии/двојства/дуалности.
Борбата е "крвава", бидејки ја плаќаме со својата крв*.
(*крвта е симбол за животот, а животот на земјава е составен од време и енергија).
Борбата се води помеѓу свесното и несвесното, светлината и темнината, ангелот и ѓаволот, ерос и танатос, доброто и злото, себството и егото, вистината и лагата ... помеѓу нашата боженствена природа од една страна и животинската/чивечката природа од друга страна.
Ниче во "Заратустра" вели "Големината на човекот е во тоа што човекот не е цел (goal) туку пат. Човекот треба да биде надминат (надраснат). Човекот е како јаже оптегнато над бездна помеѓу животното и натчовекот."
Поимот натчовек (uber man), за жал, од многумина не бил/не е разбран и затоа честопати бил/е злоупотребуван.
Натчовекот во нас е нашата боженствена природа, она што го викаме душа, онаа боженствена искра којашто Бог ја всадил во нас и ни пикнал еден длабок копнеж за потрага по неа.
Тој копнеж и таа потрага по Тој Бог во нас (по самите себеси) е всушност најопасната работа на светот, бидејки секогаш во игра се животот и смртта.
За нешто да живее во нас, нешто друго во нас мора да умре.
Ако сакаме да живее Бог во нас, егото мора да умре.
Но, опасноста (заебанцијата) да е уште поголема, Бог, најголемио дупач во универзУМО, работите ги направил парадоксални/апсурдни/противречни/контрадикторни.
А со тоа и намерно ни ја отежнал работата, која ионака е тешка и опасна ... непредвидлива.
Само оние кои вистински тргнале на патот на себеспознанието знаат колку е тој пат стрмен, длабок, тежок, напорен, полн со разни изненадување на секоја кривина, на секоја раскрсница ... на ...
Така да ... ако сте решиле да тргнете по тој пат, мора да знаете едно - НАЈГОЛЕМАТА ОПАСНОСТ, КОЈА ЌЕ ЈА СРЕЌАВАТЕ НА СЕКОЈ ЧЕКОР, ЌЕ СТЕ ВИЕ САМИТЕ - самите на себеси ќе си бидете најопасната препрека!!!
И како што ќе напредувате на патот на свесноста/себеспознанието така опасноста ќе станува поопасна, посуптилна, потешко препознатлива и се' понепредвидлива.
А кога ќе поминете поголем дел од патот, тогаш станувате опасни и за другите. Самото ваше постоење многумина ќе го доживуваат како опасно за нив.
Затоа ќе треба да станете "невидлив".
Бидејки темнината не ќе може да ја издржи вашата светлина и на секој можен начин ќе се обиде да ја уништи.
Затоа првин нашите родители, потоа (м)училиштето и на крајот системот уште во старт не' кастрираат и максимално се обидуваат да ни го попречат пристапот да нашата светлина, до нашата душа, до нашата боженствена природа.
Бидејки секој оној кој стапил во контакт со Бог во себеси СТАНУВА ОПАСЕН, затоа што ниту родителите, ниту системот, не ќе можат да го контролираат, манипулираат, доминираат, поседуваат, експлоатираат ...
Таквиот човек-бог е кршачот на нивните стари плочи ... а тоа е Творецот ... Креаторот😇