Centar za Prirodna Medicina

Centar za Prirodna Medicina МЕДИЦИНСКИ УСЛУГИ

Чаша полна витамини за добро утро.
25/09/2025

Чаша полна витамини за добро утро.

11/12/2024
20/06/2024

КВАНТНА ДИЈАГНОСТИКА И ТЕРАПИЈA

Биорезонантна терапија (МЕТА-ТЕРАПИЈА) е технологија заснована на принцип на квантна физика. Биорезонантна терапија потекнува од зборот Ресонате да бидат во согласност синхронизацијата во рамнотежата. Стресот предизвикува блокади во протокот на енергијата, што за возврат доаѓаат болестите.
МЕТА-ТЕРАПИЈА помага да се тргнат овие блокади и да му овозможи на телото да се излечи само. МЕТА-терапија е неинвазивна, безболна и го зајакнува имуниот систем.
Исто така е безбеден за трудници и деца.
Како Биорезонантната терапија функционирa:
Биорезонантната терапија користи стратешки поставени магнетни сензори на површината на главата. Електромагнетниот сигнал се пренесува преку слушалки со цел да се елиминираат блокадите во природниот проток на енергија во телото. Потребно се неколку терапии. Во минатите векови докажани се природни методи на лечење како што се: акупуктура, хомеопатија и фитотерапија кои се користат со голем успех.
МЕТА-ТЕРАПИЈА е изведена од овие темели, но сосема нова ситеза ја користи модерната компјутерска технологија. Поради оваа причина секогаш е можно да се најдат вистинските фреквенции кои се особено прилагодени на пациентот и кој се најпогодни за третман. Системската терапија ги пренесува овие компјутерски информации во телото во прецизно одредена количина и активира само лечење елиминација на токсини.
Трајно лечење е возможно само со целосна детоксикација на телото, намалување на стресот и реактивација на регулаторните системи на меридијан и централен нервен систем. Мета терапија му помага на телото во остранување на токсините и алергените.
Дополнително некои неутрални фактори на органските нарушувања, хроничниот стрес како и нарушените реакции на нервниот систем ке бидат неутрализирани со Мета терапија. И едното и другот се важни фактори за активација на имуниот систем и само лечењето.

29/05/2024

ИНФОРМАЦИСКА МЕДИЦИНА

Во 1989 година професорот Зерновиј Скрипњук ги формулирал основните поставки на информотерапијата во лабараторијата за невробиологија на Киевскиот оддел на Харковскиот научно истражувачки институт за неврологија и психијатрија при Министерството за здравство на Украина, со што се појавува нов правец во медицината, Информациона медицина.
Во информационата медицина се инкорпорирани повеќе научни дисциплини:
- Информатиката како фундаментална наука која се занимава со процес на добивање, обработка, зачувување и пренос на информација;
- Биоинформатиката, која го проучува преносот и обработката на информациите во живите системи, размената на информациите меѓу истите во меѓуклеточната и внатрешноклеточната комуникација (за решавање на своите задачи биоинформатиката користи методи на биофизика, биохемија,молекуларна биологија, физиологија, фармакологија и разработува свои методи.);
- Физиологијата кoja дава претстава за интеракцијата помеѓу различните органи; биофизиката, која овозможува проучување на дејствувањето на електромагнетските зрачења и биолошките активни материи врз рецепторите, јонските канали, изолираните клетки, органи и организми.
Што претставува Информотерапијата?
Информотерапијата претставува оддел во медицината кој го проучува влијанието на информацијата врз физиолошките, биохемиските, биофизичките и паталошките процеси во организмот на човекот, како и процесите на добивање, кодирање, чување декодирање и користење на информациите и ги разработува методите на примена на информацијата во лекување и превентивата.
- Значајно се зголемува дијапазонот на лековити методи и се намалува времетраењето на лекувањето
- Нема алергии и нус ефекти од делување на препаратите
- Се потенцира делувањето на поголем број на лековити треви,
- Не се забележана зависност (има токсична безбедност на информотерапијата)
- Не се појавува негативен ефект врз други органи на лековитото влијание.
- Настанува излекување или долг период на ремисија на хронични заболувања.
Микрогенераторската информодијагностика овозможува добивање на информации за состојбата на сите органи и системи на организмот на човекот ( вклучуваќи имунолошки, нервен, ендокрин, кардиоваскуларен, на органите за варење, на органите за дишење и на органите за мокрење, половите органи и алергичните заболувања на кожата). Анализираќи ги со внимание земените податоци при мерењата се одредува индивидуално лекување кое ги доведува во норма органите и системите во кои постои отстапување. Оваа метода се користи веќе 16 години во повеќе држави.
Информотерапијата е ефикасна за лекување на машкиот и женскиот стерилитет, пореметувањето на менструалниот циклус, хипо и хипертироза , дифузни токсични гушења, некои заболувања на кожата, псоријаза, синдрим на хроничен замор, алергиски заболувања, хроничен бронхитис, дијабетес, хрoнични главоболки од различна генеза- мигрена, вегетативно-васкуларни дистонии, хроничен ринитис и синуcитис при дискинезија на жолчните кaнали, хроничен запек, хроничен циститис, колитис и многу др. Најмногу се третираат онколошките заболувања.
Накратко информотерапијата претаставува метода на лекување без хемиски, физички и било кои други оптеретувања на организмот. Лекувањето се врши на ниво на цел организам се земаат во предвид отстапувањата на секој орган и систем на органи, се влијае врз секоја клетка на организмот со микрогенераторите на Скрипњук кои ги учат клетките да ја обновуваат својата работа, а тоа значи враќање на здравјето.

19/04/2024

БАХОВИ КАПКИ ЗА ДЕБЛОКИРАЊЕ НА МИСЛИТЕ И ЕМОЦИИТЕ
Чистиме дел по дел, ние чистиме и менуваме длабоко во корењата на емоциите, болката и траумите.Кога ќе завршиме со големата припрема на чистење на наталожената болка,траума, се исчезнува но останува она што сме го научиле.
КАКО НИ ПОМАГААТ БАХОВИТЕ КАПКИ ВО ОДБЛОКИРАЊЕ НА НАШИТЕ ЕМОЦИИ
Архетипови-билките има запис во кој постојат за секоја поединечно билка како може да се помогне и да се прилагоди со секоја промена во одблокирање на нашите емоции.Енегијата која ја носат и пренесуваат билките во себе ни ја пренесуваат на нас и делуваат на нашето ментално ниво.Билките се многу подолго од нас луѓето на планетата.
КОГА СЕ ЕМОЦИОНАЛНИТЕ БЛОКАДИ ВО ПРАШАЊЕ ПОСТОЈАТ МНОГУ НАЧИНИ НА КОЈ МОЖЕ ДА СЕ РАБОТИ
-Повеќе дадена љубов и малку примена љубов
-Омраза, завист, љубомора
-Емоционално треперење (потиснување)
-Напнатост и стрес
-Вина, совршенство лоша слика за себе
-Емоционална празнина, анксиозност, некоректен однос со луѓето
-Несигурност, одвојување од саканите
ОД ПРЕСПЕКТИВА НА БАХОВИТЕ ПРАКТИЧАРИ
Зошто јас лично ги сакам баховите терапии и големата подготовка на наведените блокади? Прво затоа што низ разговор некој не води низ блокадите, а ние не сме ни свесни за тоа. Второ затоа што сме активен учесник во своите промени со помош на практичар ги отваратме блокадите и заедно бираме бахови капки кои во сето тоа ќе ни помогнат.Бираме капки кои не се штетни и можат да се употребуваат заедно со други терапии и лекови.Можеме да ги користиме повеќе пати во текот на денот без никакви контрадикции.Билките не се лек тие се енергија од природата кои не враќаат во природата.
РЕШИВТЕ ДА РАБОТИТЕ НА СВОИТЕ БЛОКАДИ
Да тоа е во ред вие сте решиле на тоа и се осеќате убаво. Не сте безпомошни и свесно учите како да го подобрите вашиот живот.Колку е тоа убаво чуство и барате мудрост во себе.Добивте вовед и техника за во било која ситуација да ви биде добро или уште подобро.Значи границите ги поставувате вие и клучот за живот е во вашите раце.
РЕШИВТЕ ПОВТОРНО ДА ЈА ПРОНАЈДЕТЕ ЉУБОВТА ВО СЕБЕ
Сите ние се раѓаме чисти како љубов.Со време потиснувајќи ги во себе своите емоции ние ја повредуваме љубовта и отвараме рани и таа трпи додека може.Кога ќе се осети премногу болно таа се повлекува длабоко во нас и ние мислиме дека веќе ја нема.
Ги обвинуваме другите, се обвинуваме сами, стануваме бесни, љути, тажни. А љубовта стрпливо чека скриена во нас.Тука се тие моменти кога ни се причинува дека нашата енергија потполно исчезнала, ја губиме вербата во нас и животната радост.Тогаш престануваме да се сакаме сами себе.
Баховите практичари тогаш со разговор ни помагаат да ги откријат и претворат емоциите на прав начин и внимателно одбираат бахови капки и ги прават промените преку
консултации и советувања.Заедно со нас ја обновуваат енергијата, мотивацијата,животната радост и се враќа инспирацијата во нашиот живот.
ПРОЦЕС НА ТРАНСФОРМАЦИЈА
Загубата на саканите луѓе, работата, имотот,потреба за промена во врската со партнерот, нови пријателства, промена во текот на животот (од раѓање, преку пубертет, мајчинство, менопауза) тоа се ситуации кои не менуваат и бараат да се прилагодиме.Некогаш сето тоа ни оди лесно но некогаш заглавуваме и тогаш ние потребна подршка да можеме да го пројдеме процесот на трансформација.Нашата душа бара патоказ и подршка.Енергијата која ни ја дава билката е добар избор дури и тогаш кога другите ни говорат и даваат подршка.Да не се затвараме сами во себе билката ни го чува внатрешниот мир.Билките ни помагаат едноставно да бидеме задоволни со нашето секојдневие и да живееме едноставно без стрес.
ВРАЌАЊЕ НА ВЕРБАТА ВО ЖИВОТОТ
Баховите капки постепено не ослободуваат од сите блокади (анксиозност, панични напади, депресија, тага, несигурност, самокритикување) и не враќаат во вербата на животот. Животот не е секогаш лесен, а не ни така секогаш да пројдеме насмејани без страдање.Они не учат да живееме мирно сами со себе и да сватиме дека животот е едноставно убав во сите негови форми.Секогаш на крај излегува сонце, но мора да го издржиме, и периодот на темнина без страв зошто и таа темнина е дел од нашиот живот.

07/04/2024
25/11/2023
22/11/2023

Zaklina M. Hristovska
15 март во 08:59 •
Споделено со Твоите пријатели

Се почесто ја детектирам при квантна анализа, како никогаш досега....
Можеби сиптомите се токму од оваа бактерија а не Ковид 19 а никој не зборува за тоа.
Антракс – причинител, симптоми, пренесување кај луѓето и лекување
Антраксот е потенцијално смртоносно, инфективно заболување, предизвикано од грам позитивна бактерија, кое ги афектира животните, а во одредени случаи и човекот. Болеста во развиените делови од светот, вклучувајќи ја и Европа, се јавува исклучително ретко, па во последните години, на Стариот Континент се регистрирани спорадични случаи и тоа во Медитеранските земји, Унгарија и Романија.
Антраксот е познат и како биолошко оружје, кое низ историјата било употребувано од повеќе нации и терористички групи. Последниот поголем биотерористички инцидент е регистриран во 2001 година, кога жителите на САД беа изложени на спори од антрaкс, користејќи го американскиот поштенски систем. Во тој период, беа инфицирани 22 лица кои ги отворале или разнесувале контаминираните писма, а кај 5 од нив имало смртен исход.
Кој е причинителот на антракс?
Предизвикувач на антраксот е бактеријата Bacillus anthracis, која може да се најде во почвата и да предизвика заболување кај тревопасните животни како говедата, овците и козите. Бактеријата има две форми – спора и вегетативен облик.
Спорите се создаваат само во надворешната средина, најчесто кога заразената крв од животното ќе го напушти телото и ќе дојде во контакт со воздухот. Спорите имаат неверојатна стабилност, екстремно се отпорни на надворешни влијанија, па поради тоа може да опстанат со години.
Втората форма е т.н. вегетативна форма која се создава кога спорите ќе се внесат во организмот (на животното или на човекот). Трансформацијата од спора во вегетативен облик настанува бидејќи спорите „ја чувствуваат“ разликата помеѓу почвата (каде хранливите материи се ограничени) и живиот организам (каде нутритивните состојки ги има во изобилство).
Животното ги внесува спорите со пасење и на тој начин се инфицира, додека луѓето најчесто се заразуваат при директен контакт со заболено животно или со неговите продукти (месо, животински влакна итн.).
Кој има зголемен ризик за заразување со антракс?
Кај најголем дел од популацијата веројатноста за природно изложување на спорите на бактеријата е исклучително мала. За жал, кај одредена група на луѓе има поголем ризик од зараза, поради поголемата шанса да бидат експонирани на причинителот.
Во оваа група спаѓаат:
• Ветеринари;
• Лица кои работат со животни или животински продукти (кожа, животински влакна, месо);
• Сточари;
• Лица кои работат во лабораторија за испитување на антракс.
Како се пренесува антраксот кај луѓето?
Природното настанување на болеста кај човекот е преку контакт со инфицирани животни или животински производи (на пр. месо, кожа, животински влакна).
Постојат 3 начини за внес на спорите во организмот:
1. Инхалација (вдишување) на спорите;
2. Навлегување на спорите преку микрорани на кожата;
3. Ингестија на спорите (внес преку уста).
Во зависност од тоа на кој начин настанало навлегување на спорите, разликуваме и 3 клинички форми на болеста:
1. Инхалациски антракс
2. Кожен антракс
3. Гастроинтестинален антракс
Инхалациониот антракс не се пренесува од човек на човек, односно лице заразено од oваа форма на антракс не може да зарази друго лице.
Во случај на кожниот антракс, постои многу мала веројатност oд заразување од човек на човек и тоа би се случило доколку има директен контакт со кожната рана на заболениот.
Кои се симптомите и знаците?
Симптомите и знаците на болеста зависат од клиничката форма.
1. Инхалациски антракс. За развој на инхалациски антракс се смета дека е потребно да се вдишат околу 10.000 спори. Раните симптоми на болеста се неспецифични и наликуваат на клиничката слика за вирусен синдром: треска, слабост, малаксаност, сува кашлица, за да по неколку дена, состојбата се влоши, па се јавува болка и нелагодност во градите, искашлување на крв, гушење и глад за воздух. Доколку веднаш не се започне со третман, за кратко време се развиваат и други респираторни и абодминални симптоми и знаци, па за само 24-48 часа голем дел од случаите имаат летален исход.
2. Кожен антракс. Кожниот антракс се јавува по навлегување на спорите преку отвор (микрорана) на кожата. Се манифестира 1 недела по експозицијата. Може да биде засегнат кој било дел на телото, но најчесто се зафатени лицето, вратот, рамената и рацете. На заразеното место на кожата, најпрво се јавува чешање и црвенило, потоа оток кој преминува во безболен улцер, чија главна карактеристика е црната боја како јаглен (црн пришт). Од тука доаѓа и името антракс што на грчки јазик значи јаглен.
Поради достапноста на антибиотиците, кожната форма на антракс завршува летално кај помалку од 20% од случаите.
Црн пришт
3. Гастроинтестинален антракс. Оваа форма настанува при внес на спорите преку уста, најчесто при конзумирање на контаминирано месо.
Симптомите и знаците вклучуваат:
o Гадење;
o Повраќање (во понапреден стадиум повраќање на крв);
o Покачена температура;
o Намален апетит;
o Пролив;
o Силни стомачни болки.
Во одредени случаи може да се јават и потешкотии при голтање и оток на лимфните жлезди во предел на вратот.
Доколку оваа форма навремено не се третира, завршува со смртен исход кај 25-60% од заболените.
Како се дијагностицира антракс?
За поставување на дефинитивна дијагноза, покрај добрата анамнеза и клиничката слика, потребни се дополнителни испитувања како лабораториски, микробиолошки анализи и радиолошка дијагностика.
Третман и превенција
Антраксот може да биде успешно излекуван доколку навремено се дијагностицира и веднаш се започне со терапија. За третман се препорачуваат антибиотици со широк спектар и тоа кај лица со сигурен или сомнителен контакт со бактеријата. Доколку се знае дека лицето било експонирано на спорите, потребно е превентивно да се постави на антибиотска терапија.
Во одредени земји во светот постои и вакцина против антракс, но таа не е наменета за пошироката јавност, тука за лицата од ризичните групи, кои имаат поголема опасност од заразување.
Важно! Клучно за преживувањето при зараза со антракс е брзата и точна дијагноза, како и итното почнување на антибиотската терапија. Затоа, доколку имате дел од горенаведените симптоми, а се сомневате дека сте биле експонирани на спори од антракс, веднаш консултирајте се со Вашиот лекар

Address

1647 22/1/4
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 09:00 - 17:00
Tuesday 09:00 - 17:00
Wednesday 09:00 - 17:00
Thursday 09:00 - 17:00
Friday 09:00 - 17:00

Telephone

+38970206449

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Centar za Prirodna Medicina posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Centar za Prirodna Medicina:

Share

Share on Facebook Share on Twitter Share on LinkedIn
Share on Pinterest Share on Reddit Share via Email
Share on WhatsApp Share on Instagram Share on Telegram