22/10/2025
Ни требаше малку време за да ги впиеме сите впечатоци од овој маратонски викенд за паметење со нашата ITPGT група 🌿
Под мотото „Движи се за ментално здравје“, како заедничка иницијатива на Психотерапика и ITPGT, се обидовме да ја подигнеме свесноста за важноста на движењето – како телесно, така и емотивно – како клучен фактор за подобрување на менталното здравје.
Во овој дух, тројца од нашите членови – Радмила, Ана и Арин – учествуваа на трката од 5 километри на „Виз Ер“ маратонот во Скопје! Поддржани по целиот пат, тие ја поминаа целта под аплауз, радост и искрено славење од целата група.
Моментите како овој нè потсетуваат дека Гешталт не е само свесност и присуство, туку и припадност, поддршка и споделена енергија.