14/10/2025
Семејството на 16 годишно момче има потреба од личност за поддршка во домот во нас. Тафталиџе.
Момчето е невербално, сака музика, ужива во сензори активности и подобро соработува со машки личности. Семејството ги има обезбедено сите потребни услови, помагала и материјали за работа во домашни услови.
Семејството има потреба од личност која може да помогне во развојот на вештините за самостојност.
Семејството има потреба од поддршка од понеделник до петок, флексибилно за работните часови на почетокот и има потреба од поддршка 2 до најмногу 4 часа во денот, почнувајќи од 12 часот.
Сите заинтересирани треба да го пополнат формуларот на следниот линк: https://forms.gle/BLEhUTHZg3KLx6EV7
Семејството го задржува правото да ги контактира само оние апликанти кои смета дека можат да одговорат на нивните потреби.