07/11/2025
Д-р Иван Кунгуловски, учествуваше на конференцијата „Науката како патоказ во време на промени“, организирана од Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА.
Настанот беше посветен на значењето на науката во справување со современите општествени предизвици и на поттикнувањето на младите да го градат својот професионален пат во научно-иновативниот сектор.
Како компанија која континуирано вложува во развој, истражување и високостручен кадар, чест ни е што учествуваме во иницијативи кои ја истакнуваат важноста на науката како двигател на напредокот. Убеденостa дека иновациите и научните достигнувања го менуваат општеството, а трудот на младите научници е вреден и поддржан е мотивација и за нас како тим.
Во Биоинженеринг и понатаму ќе продолжиме активно да ја следиме и поддржуваме научната заедница, со особено внимание на развојот на биотехнологијата. Нашиот фокус останува насочен кон унапредување на лабораториските техники, развој на современи биоинженерски и микробиолошки решенија, како и кон зајакнување на соработката со академските институции.
Веруваме дека само преку заеднички напори на науката, индустријата и институциите, можеме да создадеме средина што ги мотивира младите, го вреднува истражувачкиот труд и го поттикнува развојот на иновации со долгорочно значење за целото општество.
Биоинженеринг и понатаму ќе продолжи да придонесува кон заедничките напори за напредок и подигнување на научната и технолошката конкурентност на Македонија.