15/04/2026
НАСКОРО ВО БИОКВАНТ МЕДИКАЛ !
Микробранов Радиотермограф е високочувствителен медицински уред кој се користи за мерење на природното електромагнетно (микробраново) зрачење од внатрешните ткива на телото.
За разлика од обичната инфрацрвена термографија која ја мери само површинската температура на кожата, радиотермографијата овозможува неинвазивно откривање на температурни промени длабоко во органите (на длабочина од повеќе сантиметри).
Овие уреди се значајни за рано откривање на воспаленија или тумори кои не можат да се детектираат со класична инфрацрвена , термографија, бидејќи радиотермографот продира подлабоко во телото.
Главни карактеристики и примена:
Рана дијагностика на онкологија:
Најчесто се користи за ран скрининг на рак на дојка, со над 90 % точност во примената, каде што туморите предизвикуваат локално зголемување на температурата поради забрзан метаболизам.
Мултифункционалност:
Се применува и во гинекологијата, урологијата, ОРЛ, пулмологија, нефрологија артрологија, вертебрологија, ендокринологија итн, како и за следење на воспалнителните процеси.
Безбедност:
Уредот е пасивен, што значи дека не емитува радиоактивно и било какво зрачење (како , мамографија, рентген, КТ или ултра звук - ехо), туку само го прима зрачењето од самото тело, што го прави безбеден за трудници и чести прегледи.
Визуелизација:
Податоците се прикажуваат како „термокарта“ на која со различни бои се означени температурните аномалии.
Повеќе за методата во линк кај коментарите.