07/05/2026
💢Адаптација на децата во нова средина💢
Одвојувањето на детето од семејството и менувањето на веќе познатата средина со непозната, е процес кој заслужува посебно внимание.
Адаптирањето на детето може да биде трауматична ситуација како за него и за неговите родителите, така и за лицата што ги реализираат воспитно- образовните активности во градинка и во училиште.
♦️ Сите три субјекти (дете, родител и вработени во институцијата) во тој период имаат една заедничка цел: што пократка и поуспешна адаптација на детето.
♦️ На овој вебинар ќе се истакнат активностите кои се важни за потребите на детето и негова успешна адаптација.
💢 Овој вебинарот е наменет за родители, вработени во воспитно- образовни установи (негователи, воспитувачи, наставници, педагози, психолози, дефектолози...).
Вебинарот е интерактивен и затоа групата ќе биде до 15 лица.
Оние кои први ќе се пријават на линкот и уплатат ќе бидат дел од овој вебинар.
📃 Следува Сертификат за учество на вебинарот! 3 бода
Вебинарот ќе го водат:
💢Д-р Сузана Никодиновска-Банчотовска е редовен професор на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје, каде предава Дидактика и изборни предмети. Сенатор е во Универзитетскиот Сенат на УКИМ. Има објавено неколку стручни книги и над седумдесетина статииво стручни списанија. Учествува на конгреси и симпозиуми и член е во меѓународни и домашни научно-истражувачки проекти. Рецензент е на учебникарска и прирачничка литература. Има реализирано неколку студиски престои во странство. Вклучена е во организација и реализација на работилници и обуки од областа на воспитанието и образованието и е акредитиран обучувач.
💢М-р Валентина Ангеловска- Ќиевска- педагог со 33 годишно искуство и Гешталт терапевт. Организатор на работилници за деца и возрасни. Индивидуални терапии со деца и возрасни. Говорник и автор на инстаграм профилот.
Датум: 14.05.2026/ Microsoft Teams
Час: 18.00 до 21.00
Цена: 1200 денари
Уплата на жиро сметка:
270 072 737 540 140- Халк Банка
Линк за пријава во био
Tел: 070/611333 Валентина