Zone Diet Macedonia

Zone Diet Macedonia ZoneDiet - начин на исхрана кој прави детоксикација на организмот, го прави повитален и ослободува од вишок масни наслаги.

Влијанието на храната врз хормоните,др. Татјана Гуржанова(емисија Второ мислење, 05.07.2014)http://24vesti.mk/vtoro-misl...
23/07/2014

Влијанието на храната врз хормоните,
др. Татјана Гуржанова
(емисија Второ мислење, 05.07.2014)

http://24vesti.mk/vtoro-mislenje-05-07-2014

72-годишна Annette Larkins, без хируршки интервенции. Нејзината мајка и баба умреле многу млади од рак, а во фамилијата ...
30/05/2014

72-годишна Annette Larkins, без хируршки интервенции. Нејзината мајка и баба умреле многу млади од рак, а во фамилијата имаат и дијабетес. Поради тоа променила lifestile, а предсе со исхраната. Мора да се признаје, дека изгледа многу младолико. Проверете го видео и да ја преземеме некоја добра навика.
http://www.youtube.com/watch?v=qTWC2xIIsRs =64

Вистината за рак, која веќе подолго време е позната, но сега и традиционални установи, како светско позната болница "Joh...
30/05/2014

Вистината за рак, која веќе подолго време е позната, но сега и традиционални установи, како светско позната болница "John Hopkins", јавно признаваат, дека алтернативен начин на лекување е по-ефикасен => ДА СЕ ВНИМАВА НА ИСХРАНА !

http://www.znakovi-vremena.net/rak.htm

24/03/2014

Со исхрана до подобра плодност - ендометриоза, др.Татјана Гуржанова;
Живот на дланка, Нова Македонија, 14.03.2014, стр. 7-8
=================================

Друга многу честа причина за инфертилитет е ендометриозата. За неа пишувавме во еден од претходните текстови, но да се потсетиме. Таа е комплексна хронична состојба, што се јавува кај дури 10 до 15% од жените во репродуктивна доба, најчесто од 25 - 40 година и буквално претставува клетки на ендометриум (внатрешниот слој на матката, кој се исфрла со секоја менструација) во карличната и стомачната празнина. Една од најприфатените теории за причината за таа сложена и патолошка состојба, е истекување на менструалната крв во обратен правец, од матката преку тубите кон јајниците, малата карлица и органите на малата карлица; дебело црево, мочен меур итн. Најчест симптом поврзан со ендометриозата е болката во малата карлица, посебно во текот на менструацијата.

Втор најчест симптом е поврзаноста на инфертилитет со оваа состојба, и најчесто се дијагностицира кај парови, кои бараат третман за брачниот стерилитет. Точниот механизам не се знае, зошто и на кој начин прави проблем со забременувањето. Кога е многу раширена по малата карлица, најчесто инфертилитетот настапува поради адхезии (сраслини), кои ги предизвикува ендометриозата на тубите (механичка опструкција). Се смета дека и овулацијата е оневозможена, посебно кога е формирана т.н. чоколадна циста. Неможноста за забременување, т.е концепција и имплантација на ембрионот, се случува заради медијаторите на инфламација (воспаление), кои се во поголема концентрација кај овие пациентки.

Ендометриозата има типични карактеристики и изглед, и се дијагностицира дефинитивно со лапароскопска визуелизација, а во исто време кога се третира, се вадат или горат лезиите и чоколадните цисти, со што ќе доведат до подобрување на состојбата, но краткорочно. Вистината е дека нема ефикасен лек, кој еднократно и ефикасно ќе доведе до лекување на патолошката состојба. Превенција се постигнува до одреден степен со орална хормонска контрацепција. Пациентката кај која е дијагностицирана ендометриоза, се советува и на алтернативни начини за подобрување на симптомите, посебно за контрола на болката (акупунктура), како и програма за исхрана, која на долги стази многу ќе и помогне, во намалување на болката и во подобрување на фертилноста.

Ендометриозата своите симптоми ги пројавува преку медијаторите на инфламација, затоа при дијагностицирана ваква состојба се препорачува антиинфламаторната диета, избегнување на црвено месо, посебно масно, жолчки од јајца, бел шеќер (посебно треба да се контролира внесот на јаглехидрати со висок гликемиски индекс) и др. Најдобар претставник на овој тип исхрана е Зона диетата, која во суштина е осмислување на индивидуални програми за секоја пациентка, согласно со конституцијата, животните навики, откривање на причината за потенцирање на симптомите, а со тоа и избегнување на тие продукти и др.

Нешто што има бенефит кај овие пациентки е зелениот чај, кој на долги стази ја намалува болката. Зелениот чај содржи антиоксиданс, кој спречува создавање на нови крвни садови, кога ќе дојде до ектопична (надвор од своето место) имплантација на клетките на ендометриум, а со тоа го спречува ширењето на ендометриозата. Во последно време се поврзува ендометриозата со алергија на глутен, и се препорачува диета без глутен. Тоа значи да се избегнуваат сите производи од пченица (леб, тестенини итн), во тек на 4-6 недели, кога би требало значително да се подобри подуеноста (карактеристична за ендометриозата) и болката во малата карлица.

Исто така треба колку што може, да се избегнуваат ксеноестрогените. Тоа се хемиски материи, кои се внесуваат од надвор, а во телото се однесуваат како хормонот естроген, но со многу појако дејство. Нив ги има во пестицидите, хербицидите и во пластичните амбалажи. Не купувајте никогаш, кога производот е цврсто завиткан во пластична амбалажа или фолија, и никогаш не ја подгревајте храната во микробранова печка, во пластична амбалажа. Физичката активност е исто толку важна за ублажување на ендометриозата, како што е важна за лекување на полицистичните јајници.

Покрај добро осмислена антиинфламаторна исхрана на долги стази, се препорачуваат и додатоци во исхраната како: Омега 3 масни киселини и тоа високи дози, минимум 2 x 1.000 мг на ден; Primrose oil од 1.500 мг 2 пати на ден; Витамин Ц и витамин Е; Цинк и Б6, кои ја контролираат простагландиската рамнотежа и имаат антивоспалително дејство, високи дози на Б-комплекс (за подобрување на апсорпцијата на есенцијалните масни киселини), магнезиум во доза од 200 до 600 мг на ден (скоро кај сите жени со ендометриоза се докажа недостаток на магнезиум) и аминокиселината Л-Метионин, во доза од 500 мг на ден, бидејќи ја поттикнува детоксикацијата на вишокот естроген во јетрата.

Во наредниот текст ќе се задржиме на машката неплодност и како со помош на исхраната и додатоци во храната, да се подобри спермограмот, а со тоа и шансите за бременост на женскиот партнер.

14/03/2014

Со исхрана до поголема плодност, др.Татјана Гуржанова;
Живот на дланка, Нова Македонија, 07.03.2014, стр. 7-8
=================================

Стерилитет или поточно инфертилитет е во суштина неможност да се зачне или да се доноси плодот до термин, кога може да биде самостоен во надворешен свет. Кога говориме за лекување на стерилитет, тогаш мислиме на обата партнера т.е. го лекуваме парот кој сака да има дете. Има многу познати медицински состојби кои доведуваат до неможност за зачнување и кои можат да се третираат. Овие медицински состојби се поделени на еднакви проценти кај женскиот и машкиот партнер, 40% од причините за стерилитет отпаѓаат на женскиот партнер, 40% на машкиот партнер, додека окoлу 20 % се од заедничко или од непознато потекло.

Со помош на медицинските техники дел од нив успешно се лекуваат и доведуваат до зголемен процент на забременување кај парот кој се бори со инфертилитет. Исто така со брзиот развиток на ин витро технологиите, успешно се третираат и оние парови, кај кои не се докажала причината за стерилитет или истата не може да се отстрани. Но, многу од паровите не се советуваат да променат дел од навиките во исхраната и живеењето, со што успешно можат да си помогнат и без сложени, некои дури и болни процедури, или ќе доведат до многу поголем успех и во ин витро методата, ако се подложат на посебен индивидуален режим на исхрана, со посебен нагласок на одредени додатоци во исхраната, кои би имале многу висок процент на успех и во спонтаното зачнување.

Нема да ги опишуваме сите можни причини за стерилитет, бидејќи немаме доволно простор, ниту пак би очекувале успех само со промена во режимот на исхрана кај причини од механичка природа (опструкција на јајцеводи). Најголем успех со нутритивен пристап би имале пациентките кои страдаат од полицистични јајници, ендометриоза, промени во хормоналниот статус, како и при лекување на машкиот стерилитет (намален број на сперматозоиди, намалена подвижност на истите итн). Третманот треба да трае 3 месеци, за да се очекува значајно подобрување на клиничката слика.

Третман на полицистични јајници
Една од најчестите причини за стерилитет се полицистични јајници. Се карактеризираат со промена во односот на FSH и LH односот, т.е има постојано покачени вредности на LH хормонот, високи вредности на естроген, покачени вредности на тестостерон, не доаѓа до овулација, последователно и до забременување. Имаат карактеристичен ултразвучен изглед (по што го добиле своето име): зголемени јајници со задебелена срцевина-строма и со многубројни, мали под 5 мм, фоликули по површината на јајникот, кои изгледаат како нишка со бисери. Овие пациентки покрај стерилитет, најчесто страдаат од нередовни оскудни менструации, зголемена влакнетост и појава на акни по лицето и телото, со различен степен на манифестација и застапеност. Со сигурност не може да се каже причината за овој синдром. Половина од пациентките имаат зголемена телесна тежина (BMI > 30) и кај нив е докажана инсулинска резистенција, и кога истата се третира, се лекува и синдромот на полицистични јајници. Инсулинска резистенција се докажува и кај дел од пациентките со ПЦО, со низок BMI (body mass index). Многу интересно е, кога се третира овој синдром, шансите да забременат се зголемуваат за дури 80 %, ако се исклучени други причини за инфертилитет-стерилитет.

Нутритивна стратегија третирање на ПЦО синдром
Основно е да се стави на индивидуален режим, со кој ќе се доведе до губиток на телесната тежина и редукција на масното ткиво кај жената. Никако не смее да се држат брзи и ригорозни диети, бидејќи тие ќе доведат до губење на мускулно ткиво и течности од телото, а најголемата продукција на естроген и негова трансформација во тестостерон, настанува токму во масното ткиво. Исто така масното поткожно ткиво е одговорно за инсулинската резистенција, како причинител на целата состојба.
Исхраната треба да биде насочена кон исхрана со низок гликемиски индекс, да се отстрани се од бело брашно, слатки и благи сокови, основната енергетска вредност да биде од овошјето и зеленчукот. Треба да се употребува соковник и да се користат свежо цедени сокови од овошје и зеленчук, кои ќе помогнат во детоксикација на организмот. Тоа е многу битна работа, бидејки ќе овозможи на црниот дроб да се ослободи побрзо од вишокот на естроген кој циркулира во крвта. Потоа треба да се внесуваат доста мешунки- грав, леќа, боранија, соја, тофу, леблебија, лен, кои покрај тоа што се производи со низок гликемиски индекс, имаат природни својства да ги регулираат и хормоните. Строга редукција на заситени масти од животинско потекло, бидејќи масната храна како месото и масните млечни производи, само ја влошуваат инсулинската резистенција, а во исто време преку нејзе најчесто се внесуваат ксеноестрогените, вештачки продукти кои се даваат на животните за подобро месо или млеко, а имаат во телото на човекот ефект на естроген, и со тоа ја влошуваат состојбата на полицистични јајници. Значи изворот на протеини и масти треба да биде од риба, соја, мешунки, со тоа ќе се внесат доволно количини на Омега 3 масни киселини, кои покрај инфламаторниот ефект, поволниот ефект врз инсулинската резистенција, имаат поволен ефект и во регулација на хормоналниот статус. Строго е забранета консумацијата на алкохол, бидејќи истиот во големи количини се однесува како естроген во телото, и ја попречува ресорпцијата на цинк, железо и Б6, многу потребни за одржување на фертилноста. Најмногу 1 чаша црвено вино, кој има протективно дејство врз крвните садови и срцето, доведува до подигање на добриот холестерол во крвта.

Од суплементи се препорачуваат: Омега 3 масни киселини од рибино масло; витамини од Б групата; saw palмetto препарат, за кој клинички е докажано дека ги блокира вишокот на машки хормони во крвта; растението кое расте во медитеранските краишта vitex agnus castus или калуѓерски бибер, или дрво на невиноста, кој го потикнува јајникот да овулира и да синтетизира прогестерон. Во секој случај било кој од овие препарати, како и почеток на посебен режим, не смее да се започне без консултација со гинеколог или сертифициран нутриционист во таа област.

Во наредните броеви ќе продолжиме со нутритивна терапија за ендометриоза, како причинител на стерилитет и стратегија со хигиено - диететски режим, при третман на машки стерилитет.

Заклучок - пред се ферментираните соја производи се многу здрави, секако доколку сојата е природен, еколошки продукт.
17/02/2014

Заклучок - пред се ферментираните соја производи се многу здрави, секако доколку сојата е природен, еколошки продукт.

Соја - да се јаде или не?
Нова Македонија – Живот на дланка, 12.02.2014, стр. 6-7, др.Татјана Гуржанова
=================================

Многу контраверзности се поврзуваат со внесувањето на соја во исхраната и тоа најмногу предизвикани од научните кругови, поточно од погрешното интерпретирање нa резултатите од студиите кои биле поврзани со внесување на соја во исхраната. Ќе се обидеме да дадеме одговор на некои од нив.

Историска перспектива
Сојата е дел од традиционалната кинеска кујна веќе 1.500 години, во секојдневната јапонска кујна се користи 1.000 години, исто и во индонезиската исхрана. Екстензивна анализа на диететските навики на овие три азиски земји кои користат најмногу соја во исхраната покажа, дека внесуваат 3 оброци од соја на ден, средна вредност. Најчесто ја внесуваат сојата во ферментиран облик, мисо, тофу, темпех (Индонезија), а останатиот дел во неферментиран облик како свежо зрно, едемаме, сојино млеко (Кина) и печени зрна.
Последните неколку децении е јасно дека традиционалната Азиска диета која е богата со соја и сојини производи, е поврзана со многу пониска стапка на рак на дојка, диабетес, кардиоваскуларни заболувања и дебелина на населението, во споредба со западниот начин на исхрана. Бројните истражувања што се реализираа во таа насока укажаа дека за тој протективен ефект на сојата врз здравјето се одговорни 3 типа на протеини во нејзиниот состав: генистеин, даидзеин и глицитеин кои се во суштина изофлавони и имаат структурна формула слична на природниот естрадиол и силно се поврзуваат со естрогенските рецептори на хормон зависните органи. Во класичната азиска исхрана дневно се внесуваат од 30-50 mg на овие изофлавони, а додека во европската и американската исхрана од 1 mg до 5 mg/ ден.

Благотворните дејства на сојата врз здравјето:
Го подобрува здравјето на кардиоваскуларниот апарат, со тоа што го намалува нивото на холестерол за 30 %, а го намалува нивото на ЛДЛ (лошиот холестерол) за дури 40%. Заради составот на есенцијални масни киселини ја намалува агрегацијата на тромбоцити, а со тоа спречува појава на запушување на крвните садови. Соините протеини го намалуваат систолниот и дијастолниот притисок. Студиите покажаа дека овој ефект го има само полната соја или производ од соја, не и суплементите добиени од соја што претставуваат концентриран облик на изофлавони.
Го намалува ризикот од рак на простата кај мажите дури до 42%, кај оние мажи кои конзумирале тофу секојдневно. Се смета дека генистеинот е одговорен за оваа особина бидејќи го зголемувал процесот на апоптоза (елиминарење на истрошените и абнормални клетки).
Го подобрува дигестивниот систем заради високата концентрација од диетни влакна, а со тоа го намалува ризикот од рак на дебелото црево.
Помага во одржување на витката линија, бидејќи ако се внесува соја секој ден, нашето тело произведува помал број на масни клетки и истите се помали по обем.
Сојата помага во одржување на нормално ниво на шеќер во крвта.
Сојата е богата со калциум, магнезиум, бакар и манган, кои ги градат коските, железо и фосфор (помагаат во создавање на енергија), селен (ги отстранува слободните радикали) и триптофан (го регулира сонот).

Најголема контраверзност има во одржување на здравјето на жената посебно во оној дел дали има протективно дејство за намалување на ризикот од појава на рак на дојка или заради сличната структура и афинитет према естрогените рецептори, промотивна улога т.е. зголемување на ризикот од рак на дојка.
Тука грешката е направена од погрешната интерпретација на повеќето студии кои се однесуваат на оваа област. Истражувањата се направени врз анимални модели со издвоени високо концентрирани изофлавони, а не со интегрален производ од соја. Истите покажаа лесно зголемување на појава на рак на дојка кај глувци, кај кои се внеле клетки од рак на дојка со естрогенски рецептори и кои биле хранети со високи дози на изофлавони: генистеин и даидзеин. Додека исто така анимален тип на истражување покажа пак протективен ефект врз здрави глувци (женки), со внесување на 130 мг/ден изофлавони. Епидемиолошките студии врз цело азиско женско население, покажа многу ниска стапка на појава на рак на дојка и рак на ендометриумот на матката (исто така естрогено зависен тумор), а тие внесуваат окулу 50 мг/ден изофлавони, но како цел производ од соја. Протективниот ефект на сојата се гледа ако се внесува сојата уште во адолесцентниот период кога се формираат и обликуваат градите и млечните жлезди. Нема толку изразен протективен ефект, доколку се започне со нејзиното користење во подоцнежното адултно доба, посебно после менопаузата кај жената. Американското здружение за канцер издаде препораки, за внесување на соја во секојдневната исхрана во 2006 година, кои се сеуште актуелни, а тоа се: дека природниот облик на соја и соини производи (свежи и ферментирани) се препорачливи како многу здрав облик на исхрана, посебно нагласена нејзината кардиопротективна улога, како и протективниот ефект врз ракот на дојка, и се препорачува (умерено) дневно внесување од 2-3 оброка со соја, дури и за преживеани од рак на дојка, но не се препорачуваат на последната група, суплементи од изолирани и концентрирани облици на изофлавони, со доста голем естроген потенцијал.

Уште еден многу битен детал за исхраната со соја. Овие изофлавони ги има во ферментираниот облик на соја (мисо,тофу,темпех), а не во свежото зрно и производите од свежа соја (иако тие се богати со протеини, витамини, минерали и диетни влакна). Затоа во диетата треба да се внесува ферментирана и свежа соја.
Исто така е битно, секогаш да бираме производ од сертифициран еколошки извор, бидејќи еден од најчестите модифицирани култури ширум светот е токму сојата. Генетски модифицирани продукти се пуштаат на пазарот без доволно студии окулу нивната сигурност.
Одговорот би бил едно големо ДА! Да се конзумира секојдневно соја и соини производи!

14/02/2014

Исхраната во борба со ХПВ инфекцијата
Нова Македонија – Живот на дланка, 15.01.2014, стр. 6-7, др.Татјана Гуржанова
=================================

Во 50-тите години на минатиот век, George Papanicolau и Herber Traut, креираа тест, ПАП- тест, со кој се прави скрининг на карцином на грлото на матката. До тогаш цервикалниот карцином бил водечка причина за смртност помеѓу жените во светот. После воведувањето на ПАП тестот за скрининг на цервикалниот карцином, тој „падна” на 13-то место, во развиените земји, и почна да се дијагностицира во поголемиот број на случаеви во преткарцинозна фаза, отколку во фаза на инвазивен карцином.

Во 2008 година Harald zur Hauzen доби Нобелова награда за Медицина, за разбивање на стигмата окулу онкогените вируси и појава на малигни заболувања. Тој го поврза Хуман Папилома Вирусот (ХПВ), со појава на цервикален карцином, разграничи постоење на окoлу 16-тина високо ризични типови, кои можат да доведат до инвазивен карцином на грло на матка, и окoлу 100 други, кои се поврзани со други бенигни состојби на репродуктивните органи, и го објасни механизмот на карциногенеза на ХПВ вирусот.

За тоа колку пати секоја жена треба да прави ПАП тест, дали годишно или еднаш на 2 години, ќе одлучи гинекологот (во согласност со најновите светски протоколи), кој се грижи за репродуктивното здравје на пациентката. Многу често се добиваат резултати, при што нема никакви промени на клетките, кои укажуваат на клеточна дисплазија или укажуваат само на ХПВ инфекција или укажуваат на лесни промени како CIN 1. Најчесто се повторува тестот после неколку месеци и се реализира тест за детекција на ХПВ инфекција и кој тип на ХПВ перзистира. Се гледа дали е високо ризичен, т.е асоцира со инвазивен цервикален карцином, или ниско ризичен, кој асоцира со други бенигни состојби како на пр. појава на кондиломи во аногениталната регија.

Се смета дека колку подолго време перзистира високо ризичниот вирус, толку е поголема шансата за развој на карцином, на грлото на матката. Покрај постапката по медицински протокол, гинекологот е обрзан (исто така по протокол) да даде и совет окoлу диететскиот режим, животните навики и промена на истите, и евентуално додавање на суплементарна терапија, заедно со останатата медицинска терапија. Во овој текст ќе обратиме внимание токму на исхраната и животните навики и како тие можат да доведат до потполно излекување од ХПВ инфекција.

На ХПВ инфекцијата треба да се гледа како на секоја друга вирусна инфекција, т.е за да имаме успех во терапијата, треба да се насочиме кон јакнење на имуниот систем, бидејки тоа е единствен начин, да се победи вирусна инфекција. Од друга страна, за да дојде до вирусна инфекција, и истата да ја пројави својата вирулентност и со тоа појава на болест, треба имуниот систем, да е ослабен и неспособен да се бори со вируси, микроорганизми и други надворешни агенси.

Како треба да изгледа нашата диета, за да имаме здрав имун систем?
Диетата треба да биде организирана, најдобро од специјализиран кадар, (грубо) во 5 помали оброци, кои ќе бидат избалансиран сооднос на немасни протеини, јаглехидрати со низок гликемиски индекс и масти од растителен извор, т.е јаткасто суво овошје и најдобро нерафинирано маслиново масло. Со добро осмислен програм, каде големите групи на нутритиенти како протеини, масти и јаглехидрати, нема да предизвикуваат физички или хормонален стрес на организмот (детално опишано во претходните броеви), се балансира сензитивната работа на модулаторите на клеточно ниво, од кои што зависи севкупниот, но и локален имунитет, во случајов имунитетот на репродуктивните органи. Потоа доволното внесување (окoлу 750 гр дневно) на најразлично обоено свежо овошје и зеленчук, ја задоволува и потребата на организмот за природни антиоксиданси од групите на каротиноиди, полифеноли (ги има окoлу 2.000 видови) и сите потребни витамини и минерали, со кои се доведува телото во совршена одбрана. Со ваков тип на исхрана, дури и да дојде до контакт, т.е инфекција со ХПВ вирусот, тој нема да може да ја пројави својата вирулентност, бидејќи имуниот систем на телото ќе биде појако и за кратко време ќе го уништи и отстрани од системот. Исто така нешто што веднаш се елиминира од навиките е уживање на цигари. Пушењето цигари е силно асоцирано со намален имунитет, но и перзистирање на инфекција со ХПВ, како и со зголемено реплицирање на вирусот. Значи кога веќе дошло до инфекција со вирусот, главната насока во терапијата е зголемување на имунитетот, општ и локален, и откажување од цигари.

Бројни големи епидемиолошки студии се направени во правец на откривање на линк помеѓу храната и перзистирање на ХПВ инфекција, а со тоа и зголемување на ризикот од појава на цервикален карцином.
Би издвоила една прекрасна проспективна студија, реализирана со помош на повеќе медицински центри, во траење од 12 месеци, кај 433 жени со позитивен ХПВ ДНК тест, каде директно во крв се мерело нивото на 3 типа на каротиноиди – антиоксиданси, криптоксантин кој најмногу го содржат цитрусните овоштија (портокал, мандарина, лимон, папаја и др), лутеинот (зелените лиснати зеленчуци и броколите, карфиолот, зелката) и зеаксантинот (пиперка, спирулина), и нивото на витамин Ц во серумот. Кај скоро 96 % од нив на почетокот се измериле многу ниски нивоа на овие антиоксиданси во крвта, но со промени во дневното внесување на различно овошје и зеленчук, богати со овие каротиноиди и витамин Ц, се одржувало високо нивото во крвта (се мерело секои 3 месеца) и после 12 месеци третман со храна, кај 87 % од жените дошло до потполно излекување од ХПВ инфекција.
Во друга студија, кај повеќе од 60 % од испитаничките со цервикален карцином, се открило ниски вредности на фолна киселина и Б 12.

Кај пациентки со перзистентна инфекција, покрај добро осмислена програма за исхрана, секогаш се додаваат додатоци во исхраната, за да се поправи штетата што е нанесена и резултатите треба да се очекуваат после 1 година. Најчесто препорачани суплементи се: Омега 3, каротиноиди и полифеноли (расвератрол, аксантин, антоцијанини, лутеин), витамин Ц, витамин Е (само природен облик, никако синтетски), epigallocatechin-3-gallate стандардизиран екстракт од зелен чај, coriolus versicolor печурка (е силен имуномодулатор), високи дози на фолна киселина и витамин Б 12, и обавезно локален третман, за подобрување на локалниот имунитет и вагиналната флора, која природно се изборува со сите типови вируси.

Во секој случај програмата за исхрана и суплементи, треба да ја одреди сертифицирано лице!

06/02/2014

„Горчливата” вистина за шекерот
Нова Македонија – Живот на дланка, 05.02.2014, стр. 6-7, др.Татјана Гуржанова
=================================

Шеќерот е нешто што секогаш предизвикува убави емоции во нашиот мозок, дури и на самото спомнување на зборот. Самиот збор сладење, кој асоцира и на други активности освен храна е поврзан со убавиот и еуфоричен ефект на шеќерот. Слаткото секогаш доаѓа на крајот од оброкот, како награда или десерт. Како деца не наградувале за доброто однесување со сладолед или колаче, но поновите медицински студии укажуваат на нешто многу вознемирувачко, дека шеќерот е број еден токсин, кој секојдневно во големи количини го внесуваме преку нашата исхрана.

Уште во 70-години, кога јавно излезе Американската асоцијација за кардиовасскуларни заболувања, да објави дека заситените масти во исхраната го зголемуваат ризикот од кардиоваскуларни болести и мозочен удар, масовно се одеше на отсранување на мастите од храната, но парадоксално процентот на кардиоваскуларни болести, диабетес тип 2, хипертензија, мозочен удар, па дури и Алцхајмер-ова болест, рапидно се зголеми.

Што се случи? Прехрамбената индустрија за да го подобри вкусот на храната (затоа што кога ќе се одземе маснотијата од храната таа останува без вкус), додаваше шеќер во производите во вид на високо фруктозен пченкарен сируп. Тоа се случува до ден денес во сите производи, на глобално ниво, не само во нискомаслените туку и во регуларните прехрамбени производи. Со денешниот начин на исхрана дневно секој просечен граѓанин на Европа внесува околу 200 гр шеќер во организмот, во вид на слатки пијалоци, колачи, сладоледи, не броејќи ги скриени шеќери во производите што и воопшто немаат сладок вкус (таму се во облик на високофруктозен пченкарен сируп), како кечап, овошен јогурт, лиснати производи, различни грицки, многубројни "здрави" производи итн. Тука воопшто не влегува количеството на прости шеќери, што го внесуваме преку белото рафинирано тесто, како леб, тестенини, бел глазиран ориз и нивни производи, што додатно и глобално ја отежнува целата здравствена состојба на човечката популација. Во суштина ние внесуваме повеќе од 50% од нашиот калориски дневен внес, преку прости шеќери во различен облик.

Една 5-годишна студија на Институтот за Биологија и Исхрана при Универзитетот на Калифорнија, покажа дека ако се зголеми дневниот внес на шеќери преку 25%, за многу кратко време (после 15 дена) се зголемува нивото на ЛДЛ холестерол во крвта, кој е директно одговорен за артериосклеротични промени на крвните садови, болести на срцето и мозочни удари. Со вишокот на шеќер, организмот едноставно не може да се справи (еволуциски и генетски не сме предодредени на толкаво количество на шеќер во крвта) и го претвора во масти меѓу другото и во овој "лош" облик на холестерол. Да се потсетиме, ние со шеќери внесуваме преку 50% од дневниот калориски внес!

Глобалната епидемија на дебелина во светот се должи директно на токсичниот ефект на шеќерот во сите негови форми. Што се случува? При оброк богат со прости шеќери, нагло се зголемува гликемијата (нивото на шеќер) во крвта, што од друга страна прави нагол пораст на хормонот инсулин во крвта, а кој е есенцијален за користење на гликозата од крвта, како основен енергетски извор за клетката, додека вишокот на "шеќер" од крвта, го претвора во масти и го складира во масните депоа во телото, а во исто време директно го инхибира мобилизирањето на масти од депоата за енергетски потреби. Така да, иако внесуваме помал калориски внес на храна, но со голем процент на шеќери, не само што нема да ослабеме, туку напротив ќе ја покачиме телесната тежина и процентот на маснотии во телото.

Јасно се докажа анаболниот (стимулирачки) ефект на исхраната богата со шеќери, за побрз раст на карциномот, и тоа посебно карциномот на дојка и колоректалниот карцином - дебело црево. Површината на туморската клетка е многу богата со инсулински рецептори, а со тоа си овозможува зголемено користење на гликозата од крвта, за раст и развој. И како ние му го овозможуваме тоа на туморската клетка, да расте и да се размножува? Само со денешниот начин на исхрана, која повеќе од 50% се состои од прости шеќери. Туморот има шеќер колку сака во крвта, а од друга страна и инсулинот е во висока концентрација, и тоа претставува "победничка" комбинација за туморот, а губитничка за нас.

Шеќерот има опијатен ефект на нашиот мозок, практично тоа е дрога. Една студија со скенирање на мозокот со магнетна резонанса, после конзумирање на слатки производи, покажа дека се стимулираат оние центри на мозокот, кои лачат допамине, т.е. истите центри кои се активни, кога се внесува хероин, алкохол и други опијатни средства. Ова својство на шеќерот го познава, и на големо го користи, прехрамбената индустрија, која е помеѓу првите 5 индустрии во светот, и никако не и оди во прилог бројните медицински студии на таа тема, ниту пак здравствената едукацијата на светската популација.

Затоа двапати размислете пред наивно да се почастете со сладолед или колаче. Кажете не на брзата храна. Подобро половина час повеќе во текот на денот, за подготовка на оброк, отколку години одземени од вашиот живот. Внимателно читајте го составот на нутритиенти на секој прехрамбен производ. Ќе се изненадите колку во суштина содржат шеќери, па дури и оние кои се продаваат како здрава варијанта.

22/01/2014

лесен начин за одредување на количината на оброците

Address

Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Zone Diet Macedonia posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Zone Diet Macedonia:

Share

Share on Facebook Share on Twitter Share on LinkedIn
Share on Pinterest Share on Reddit Share via Email
Share on WhatsApp Share on Instagram Share on Telegram

Category