15/04/2026
Слух 1 сега во целосно обновен и современо уреден простор. На истата локација, ве пречекува нов амбиент дизајниран со внимание кон секој детал – пријатен, модерен и функционален, создаден да ви понуди чувство на удобност и доверба уште од првиот чекор.
Обновениот простор не е само визуелна промена, туку целосно ново искуство. Со внимателно осмислен ентериер, врвна технологија и интегрирана најнова 3Д технологија, овозможуваме прецизно тестирање и индивидуално прилагодување на слушните помагала според вашите потреби. Секој сегмент од просторот е создаден за да ви обезбеди мирна, дискретна и професионална средина.
Откријте ја најновата генерација на слушни помагала во амбиент кој ги спојува иновацијата и удобноста.
Нов простор.
Нова енергија.
Ново искуство.