Масажа и Здравје

Масажа и Здравје Masaza, bilni kapki, soveti za zdravje Медицина и здравје

СОВЕТИ ЗА ЗДРАВЈЕ ОД ВАСКО ДАМЧЕВСКИСЕДУМТЕ ГРЕШКИ ЗА БОЛКИ ВО ГРБОТГрешка  7:НЕУСПЕХОТ ДА СЕ ПРЕЗЕМЕ КОНТРОЛА ВРЗ РАБОТ...
24/03/2021

СОВЕТИ ЗА ЗДРАВЈЕ ОД ВАСКО ДАМЧЕВСКИ
СЕДУМТЕ ГРЕШКИ ЗА БОЛКИ ВО ГРБОТ
Грешка 7:
НЕУСПЕХОТ ДА СЕ ПРЕЗЕМЕ КОНТРОЛА ВРЗ РАБОТИТЕ
Голем број страдалници од болка во грбот бараат помош од другите луѓе за да им се подобри ситуацијата. Проблемот во овој случај лежи во тоа што никому не му е повеќе гајле за вашето тело и вашето здравје колку ви е гајле вам, и, на крајот на краиштата, ќе морате да ги преземете неопходните чекори за да му овозможите и да му помогнете на вашето тело да оздрави.
Лекарите гледаат на болката во грбот како на проблем со мускулите. Ќе ви ги препишат правилнните лекови, како веруваат, и проблемот ќе исчезне.
Хирурзите гледаат на болката во грбот како на проблем со дисковите или прешлените – некој испакнат диск врши притисок врз некој нерв. Тие сметаат дека ако го отсечат проблематичниот дел, ќе си замине и самиот проблем.
Акупунктуристите сметаат дека болката во грбот е поврзана со слабата циркулација во телото. Со примена на акупунктурни третмани, тие ја поттикнуваат циркулацијата и веруваат дека таа ќе ги стимулира природните самоисцелителни сили да стапат во дејство.
Хиропрактичарите гледаат на болката во грбот како на изместена подреденост на елементите на ’рбетниот столб. Тие сметаат дека со манипулација со ’рбетниот столб за да го доведат во правилна алинеација, ќе го решат проблемот.
Овие приоди во лечењето се делумно точни.
Предизвикот кај болката во грбот е тој, што причината за неа е различна кај секој човек – а често вклучува и извесна комбинација од фактори. Поради тоа што ни еден терапевт за болки во грбот не е добро верзиран во сите овие области – не е претерано запознат кои третмани им одговараат на кои состојби – никој друг освен самите вие не ќе ја земе предвид "големата слика", односно холистичкиот аспект, на тоа што ја предизвикува вашата болка.
Од таа причина, ќе добиете олеснување дури кога вие лично ќе ја преземете одговорноста за вашата сопствена нега. Ве поттикнувам и вие да го прифатите истиот пристап. Кога ќе ги читате следните објави ќе почнете да сфаќате што се случува со вашето тело и ќе научите како конечно да се здобиете со трајно олеснување какво посакувате.

Дипломираниот физиотерапевт Васко Дамчевски ќе ви помогне без оглед на вашите години сите ваши болки да исчезнат или значително да се намалат па без лекови и непотребни операции и по само неколку посети да ја почувствувате помошта која може да ви ја овозможи физикалната терапија и масажата
ВАЖНО Ако имате прашања поставувајте ги во инбокс или пишете порака на 077 820 454 бидејќи немам многу време да издвојам за да пребарувам во многуте коментари
Потребно е да се направат еден до три третмани
Успехот на третманите е со 90 проценти, а кај 10 проценти нема успех од најразлични причини
Адреса на студио Енерговит Московска 9 населба Тафталиџе Скопје

СОВЕТИ ЗА ЗДРАВЈЕ ОД ВАСКО ДАМЧЕВСКИСЕДУМТЕ ГРЕШКИ ЗА БОЛКИ ВО ГРБОТ             Грешка 6:ВЕРУВАЊЕТО ДЕКА ПОВЕЌЕ НЕ ВИ П...
23/03/2021

СОВЕТИ ЗА ЗДРАВЈЕ ОД ВАСКО ДАМЧЕВСКИ

СЕДУМТЕ ГРЕШКИ ЗА БОЛКИ ВО ГРБОТ
Грешка 6:

ВЕРУВАЊЕТО ДЕКА ПОВЕЌЕ НЕ ВИ ПРЕОСТАНАЛЕ ОПЦИИ
Откако сте страдале извесно време од болка во грбот и сте пробале различни третмани, може да си речете дека хируршката интервенција е единствената опција што ви преостанува или – дури и полошо – дека ќе морате да се научите да живеете со болката.
Ако не сте имале голем успех, сосем разбирливо е да се чувствувате уморни од пробувањето решенија за вашиот проблем. Мојата "порака на надежта", така да се каже, е дека болката не е вашиот проблем. Детерминирањето што ја предизвикува болката е вашиот проблем. Кога ќе стигнете до основната, често пати скриена причина за вашата болка во грбот, ќе ви биде многу полесно успешно да се лечите.
Повеќето луѓе се обидуваат да се ослободат од болката без дури воопшто навистински да се обидат да дознаат што ја предизвикува. На пример, двајца луѓе може да го имаат точно истото ниво и локација на болката во грбот, но поради мошне различни причини.
Да речеме дека сте пробале со физикална терапија, но таа не ви помогнала. Не дека физикалната терапија не може да помогне; проблемот е тој дека терапевтите не ве терале да ја изведувате правилната комбинација на вежби за справување со конкретните причини за вашата болка. Запомнете: Болката не е проблемот. Таа е само порака дека имате проблем.
Заборавете на третманите кои се обидуваат да ја натераат пораката да си замине. Сé додека не се обидете да откриете што е тоа што ја предизвикува болката, не сте ни најмалку блиску до исцрпувањето на вашите опции за третман. Всушност, можам да се кладам дека постојат неколку третмани кои најверојатно не сте ги пробале (а можеби не сте ни чуле за нив), и ќе ви раскажам за нив подоцна во наредните објави

Дипломираниот физиотерапевт Васко Дамчевски ќе ви помогне без оглед на вашите години сите ваши болки да исчезнат или значително да се намалат па без лекови и непотребни операции и по само неколку посети да ја почувствувате помошта која може да ви ја овозможи физикалната терапија и масажата
ВАЖНО Ако имате прашања поставувајте ги во инбокс или пишете порака на 077 820 454 бидејќи немам многу време да издвојам за да пребарувам во многуте коментари
Потребно е да се направат еден до три третмани
Успехот на третманите е со 90 проценти, а кај 10 проценти нема успех од најразлични причини
Адреса на студио Енерговит Московска 9 населба Тафталиџе Скопје

СОВЕТИ ЗА ЗДРАВЈЕ ОД ВАСКО ДАМЧЕВСКИСЕДУМТЕ ГРЕШКИ ЗА БОЛКИ ВО ГРБОТГрешка  5:НЕРАЗБИРАЊЕТО ДЕКА БОЛКАТА ВО ГРБОТ Е ПРОЦ...
22/03/2021

СОВЕТИ ЗА ЗДРАВЈЕ ОД ВАСКО ДАМЧЕВСКИ

СЕДУМТЕ ГРЕШКИ ЗА БОЛКИ ВО ГРБОТ
Грешка 5:

НЕРАЗБИРАЊЕТО ДЕКА БОЛКАТА ВО ГРБОТ Е ПРОЦЕС
Во повеќето случаи, на болката во грбот, болката во вратот и ишијасот им требаат недели, месеци, па дури и години за да се развијат. Обично човек не е свесен за проблемот сé додека нешто не почне да го боли. Но ретко кога болката во грбот е резултат на некој еден единствен инцидент. Ако ги исклучиме повредите од типот на оние при сообраќајна несреќа, болката во грбот обично не настанува преку ноќ. Па дури и ако некој пад или несреќен случај навистина ви предизвикал болка, факт е дека пред тој настан веројатно сте имале неколку "скриени причини" кои предизвикале непотребна напрегнатост во вашето тело.
Размислете за овој пример. Многу луѓе седат со часови во текот на денот, особено ако треба да работат на компјутер или да возат автомобил или камион. Човечкото тело не е создадено да седи толку долго време. (Затоа денес можеме да видиме толку многу случаи на болка во грбот, во споредба со ситуацијата од пред неколку децении.)
Седењето предизвикува дополнителен притисок врз ’рбетот. Тоа исто така ги контрахира мускулите во предната страна на колковите и задната страна на нозете, истовремено ослабнувајки други мускули, како што се оние во задникот и абдоменот. Да бидат работите уште полоши, повеќето луѓе заземаат неправилен став на телото додека седат. Рамињата се закривени нанапред, главата истурена напред, а грбот е искривен во облик на буквата "C". Кога ќе станат од седечката положба, чувствуваат стегнатост во задната страна на нозете и во колковите, и повеќето од нив ја задржуваат таа подгрбавена поза дури и кога се во исправена положба.
Замислете си дека предницата на вашата кола е нецентрирана, што предизвикува нерамномерно абење на гумите. Истото може да им се случи и на вашите мускули. Правењето една и иста работа одново и одново (како на пример седењето со неправилен став на телото) може да го исфрли телото од неговата правилна алинеација, принудувајки го да се адаптира и да работи под необични агли. После подолг период на работа на ваков начин, некои мускули, тендони, лигаменти и зглобови се истрошуваат, додека други кои едвај да се користат стануваат укрутени и слаби. Крајниот резултат на овој долг процес често пати е состојба како што е болката во грбот, но тој исто така може да се манифестира и во облик на многу други состојби, како што се болки во стапалата, болки во колената, болки во колковите, проблеми со рамињата, синдром на карпалниот тунел, и цела дузина други проблеми.
За несреќа, рендгенските, магнетно-резонансните и компјутерско-томографските снимки не откриваат многу нешто од нерамномерното изабување за кое сега зборуваме, па така многу луѓе не се ни свесни што ја предизвкало нивната болка. Дури и ако се подложат на третман кој би можел да им донесе извесно олеснување, тие пропуштиле да се зафатат со основната причина, што доведува до веројатноста дека ќе треба да се занимаваат со нивниот проблем во тек на подолг временски период.

Дипломираниот физиотерапевт Васко Дамчевски ќе ви помогне без оглед на вашите години сите ваши болки да исчезнат или значително да се намалат па без лекови и непотребни операции и по само неколку посети да ја почувствувате помошта која може да ви ја овозможи физикалната терапија и масажата
ВАЖНО Ако имате прашања поставувајте ги во инбокс или пишете порака на 077 820 454 бидејќи немам многу време да издвојам за да пребарувам во многуте коментари
Потребно е да се направат еден до три третмани
Успехот на третманите е со 90 проценти, а кај 10 проценти нема успех од најразлични причини
Адреса на студио Енерговит Московска 9 населба Тафталиџе Скопје

СОВЕТИ ЗА ЗДРАВЈЕ ОД ВАСКО ДАМЧЕВСКИСЕДУМТЕ ГРЕШКИ ЗА БОЛКИ ВО ГРБОТГрешка 4:ТРЕТИРАЊЕ САМО НА СИМПТОМИТЕПоголемиот дел ...
21/03/2021

СОВЕТИ ЗА ЗДРАВЈЕ ОД ВАСКО ДАМЧЕВСКИ
СЕДУМТЕ ГРЕШКИ ЗА БОЛКИ ВО ГРБОТ

Грешка 4:
ТРЕТИРАЊЕ САМО НА СИМПТОМИТЕ
Поголемиот дел од третманите што луѓето ги добиваат – вклучително и кортизонските инјекции, анти-инфламаторните лекови, ултразвукот, електричната стимулација и сличните – се занимаваат само со симптомите на болка. Ќе мора да сфатите дека болката е само сигнал дека нешто не е во ред. Дури и ако се ослободите од болката, проблемот ќе си остане и понатаму.
Еве една илустрација: Да претпоставиме дека во колата ви светнала лампичката за притисокот на маслото во моторот. Би можеле да ставите парче изолир преку лампичката, што би ја елиминирало загриженоста, но нема да го реши проблемот. И понатаму ќе треба да се позанимавате со вашиот мотор. И ако не направите нешто во врска со тоа, прашање на време е кога тој ќе зариба.
Истото е и со болката. Чувствувате болка поради тоа што вашето тело страда од некаков вид на стрес или напор. Ако не се позанимавате со тоа, вашата лампичка за маслото, така да се каже – ќе продолжи да свети, сé додека нешто не се расипе. За несреќа, таквите дефекти обично се многу болни.

Дипломираниот физиотерапевт Васко Дамчевски ќе ви помогне без оглед на вашите години сите ваши болки да исчезнат или значително да се намалат па без лекови и непотребни операции и по само неколку посети да ја почувствувате помошта која може да ви ја овозможи физикалната терапија и масажата
ВАЖНО Ако имате прашања поставувајте ги во инбокс или пишете порака на 077 820 454 бидејќи немам многу време да издвојам за да пребарувам во многуте коментари
Потребно е да се направат еден до три третмани
Успехот на третманите е со 90 проценти, а кај 10 проценти нема успех од најразлични причини
Адреса на студио Енерговит Московска 9 населба Тафталиџе Скопје

СОВЕТИ ЗА ЗДРАВЈЕ ОД ВАСКО ДАМЧЕВСКИСЕДУМТЕ ГРЕШКИ ЗА БОЛКИ ВО ГРБОТ                           Грешка 3МИСЛЕЊЕТО ДЕКА ПР...
20/03/2021

СОВЕТИ ЗА ЗДРАВЈЕ ОД ВАСКО ДАМЧЕВСКИ

СЕДУМТЕ ГРЕШКИ ЗА БОЛКИ ВО ГРБОТ
Грешка 3
МИСЛЕЊЕТО ДЕКА ПРЕМНОГУ СТЕ ЗДРАВ ИЛИ ФИТ ЗА ДА БИ ИМАЛЕ БОЛКА ВО ГРБОТ
Може да се храните правилно, редовно да вежбате, и да сте со добро здравје, но тоа не значи дека не е можно да доживеете болка во грбот. Во тек на многу години, сум видел многу луѓе во одлична кондиција кои одеднаш се соочиле со проблеми во долниот дел од грбот. Реалноста е таа, дека луѓето кои често вежбаат се исто толку – ако не и повеќе – подложни да развијат болка во грбот. Одредени групи на атлети – вклучително и тркачи, велосипедисти, пливачи, танчари, гимнастичари и бодибилдери – се првостепени кандидати за проблеми со грбот.
На пример, велосипедистите минуваат часови во згрбавена положба – положба која не е природна за телото да биде одржувана во тек на подолг временски период. Тоа предизвикува извесен број проблеми, како што набрзо ќе имате прилика да дознаете. Уште повеќе, константното движење на вртење на педалите на велосипедот премногу ангажира една група мускули, додека премалку ангажира друга група. Овие неизбалансирани движења се многу чести кај голем број луѓе, и често создаваат услови во телото кои доведуваат до болка во грбот.
Истата работа може да им се случи и на неспортистите. Дури и ако не се занимавате со некоја од погоре споменатите активности, вашата програма за разработка на телото може да создаде проблеми ако премногу се концентрирате врз определени подрачја од телото – правејки ја болката полоша – истовремено занемарувајки други подрачја. Да се биде фит не мора да значи дека телото ви е добро избалансирано или лишено од други причини кои би можеле да доведат до појава на болка во грбот.

Дипломираниот физиотерапевт Васко Дамчевски ќе ви помогне без оглед на вашите години сите ваши болки да исчезнат или значително да се намалат па без лекови и непотребни операции и по само неколку посети да ја почувствувате помошта која може да ви ја овозможи физикалната терапија и масажата
ВАЖНО Ако имате прашања поставувајте ги во инбокс или пишете порака на 077 820 454 бидејќи немам многу време да издвојам за да пребарувам во многуте коментари
Потребно е да се направат еден до три третмани
Успехот на третманите е со 90 проценти, а кај 10 проценти нема успех од најразлични причини
Адреса на студио Енерговит Московска 9 населба Тафталиџе Скопје

СОВЕТИ ЗА ЗДРАВЈЕ ОД ВАСКО ДАМЧЕВСКИСЕДУМТЕ ГРЕШКИ ЗА БОЛКИ ВО ГРБОТ        Грешка 2:НЕУСПЕХОТ ДА СЕ РАЗРЕШИ ПРОБЛЕМОТ У...
19/03/2021

СОВЕТИ ЗА ЗДРАВЈЕ ОД ВАСКО ДАМЧЕВСКИ
СЕДУМТЕ ГРЕШКИ ЗА БОЛКИ ВО ГРБОТ
Грешка 2:
НЕУСПЕХОТ ДА СЕ РАЗРЕШИ ПРОБЛЕМОТ УШТЕ ПРВИОТ ПАТ
Многу луѓе доживуваат болка во грбот која трае неколку дена, а потоа спласнува. Кога болката ќе исчезне, наместо да се потрудат да ја идентификуваат и да се позанимаваат со причината за неа, тие едноставно забораваат на неа.

Еве еден пример: Има луѓе кои го имаат првиот настап на болка во грбот пред 10 години Тие имале спазми во грбот во тек на неколку дена, а потоа болката се губи и продолжуваат со нормалниот живот. Две години подоцна болката се враќа – но многу полоша од порано. Болката е толку силна, што не можат да работат. Ако тие го беше сфатиле првиот настап на болката многу посериозно, се сомневам дека ќе мораше да поминат и низ втората рунда на болка. Дури и да се случеше тоа, болката сигурно не ќе беше ни оддалеку толку силна и тие ќе знаеа што точно треба да прават за повторно да се ослободи од болката, но овој пат многу побрзо.

Јас разбирам зошто се случува тоа. Повеќето луѓе веруваат дека кога болката ќе си замине, и проблемот си заминува исто така. Ова е вообичаено погрешно сфаќање на работите, за кое се надевам дека ќе биде исправено додека ги читате моите објави
Вистината е таа, дека иако болката може да попушти за извесно време, ако не сте дознале што ја предизвикало, како првата и најважна работа, таа причина и понатаму ќе остане присутна, демнејки, чекајки повторно да се распламти. Се разбира, дознавањето што е тоа што ја предизвикало болката не е секогаш лесна работа.
Ако сте доживеале пад или некој друг несреќен случај, не е тешко да сфатите зошто ве боли грбот. Но кај речиси сите случаи, болката е предизвикана од различен број причини, нешта на кои може дури и да не сте помислувале. Ќе треба да испитате кои сé нездрави состојби може да се развиваат во вашето тело и, уште поважно – што е тоа што ги создава тие состојби. Јас овие причини ги нарекувам "скриени причини", а ќе имате прилика да ги откриете подоцна во наредните објави

Дипломираниот физиотерапевт Васко Дамчевски ќе ви помогне без оглед на вашите години сите ваши болки да исчезнат или значително да се намалат па без лекови и непотребни операции и по само неколку посети да ја почувствувате помошта која може да ви ја овозможи физикалната терапија и масажата
ВАЖНО Ако имате прашања поставувајте ги во инбокс или пишете порака на 077 820 454 бидејќи немам многу време да издвојам за да пребарувам во многуте коментари
Потребно е да се направат еден до три третмани
Успехот на третманите е со 90 проценти, а кај 10 проценти нема успех од најразлични причини
Адреса на студио Енерговит Московска 9 населба Тафталиџе Скопје

СОВЕТИ ЗА ЗДРАВЈЕ ОД ВАСКО ДАМЧЕВСКИСЕДУМТЕ ГРЕШКИ ЗА БОЛКИ ВО ГРБОТНајверојатно вие – или некоја вам драга личност – им...
18/03/2021

СОВЕТИ ЗА ЗДРАВЈЕ ОД ВАСКО ДАМЧЕВСКИ
СЕДУМТЕ ГРЕШКИ ЗА БОЛКИ ВО ГРБОТ
Најверојатно вие – или некоја вам драга личност – имате, или сте имале болки во грбот. Можеби сте испробале некој од третманите што се нудат, но не сте добиле долготрајно олеснување. Во овој момент можеби се прашувате зошто не сте постигнале поголем успех. Низ целата моја практика, открив дека причините зошто страдалците од болки во грбот и понатаму продолжуваат да страдаат се обично тоа што тие прават една или повеќе од следните седум вообичаени грешки.
Грешка 1:
Продолжување со третманот кој не делува
Сум разговарал со извесен број страдалци од болки во грбот, кои имаат запрепастувачки приказни за тоа колку долго пробувале конкретен тип на третман пред да се откажат од него. Пред да ја побара мојата помош, еден клиент минал низ 80 третмани со ласер и не добил големо олеснување.
Знам неколку други клиенти кои потрошиле многу пари на терапевтски масажери и акупунктуристи, само за да добијат привремено олеснување кое исчезнувало после неколку дена.
Ова воопшто нема никаква смисла. Ако користите некоја солуција за болката во грбот која не делува или не делува перманентно, вреди да се проба некој поинаков пристап. Некои третмани делуваат кај некои луѓе, но ако третманот не делува кај вас, тоа е тоа што е важно.
Еве едно општо правило што треба да се следи: Штом сте поминале низ тримесечен период на третман, а не сте забележале никакво подобрување, размислете да направите промена. Не е толку важно што ќе добиете само Х број на третмани, туку тоа дека треба да забележите стабилен прогрес во олеснувањето на вашата болка. Ова олеснување треба да биде долготрајно – а не да избледи веќе после неколку часа.
Дипломираниот физиотерапевт Васко Дамчевски ќе ви помогне без оглед на вашите години сите ваши болки да исчезнат или значително да се намалат па без лекови и непотребни операции и по само неколку посети да ја почувствувате помошта која може да ви ја овозможи физикалната терапија и масажата
ВАЖНО Ако имате прашања поставувајте ги во инбокс или пишете порака на 077 820 454 бидејќи немам многу време да издвојам за да пребарувам во многуте коментари
Потребно е да се направат еден до три третмани
Успехот на третманите е со 90 проценти, а кај 10 проценти нема успех од најразлични причини
Адреса на студио Енерговит Московска 9 населба Тафталиџе Скопје

СОВЕТИ ЗА ЗДРАВЈЕ ОД ВАСКО ДАМЧЕВСКИСЛУЧАИТЕ НА БОЛКИ ВО ГРБОТ И КРСТОТ ПОСТОЈАНО СЕ ЗГОЛЕМУВААТВеројатно нема човек на ...
18/03/2021

СОВЕТИ ЗА ЗДРАВЈЕ ОД ВАСКО ДАМЧЕВСКИ
СЛУЧАИТЕ НА БОЛКИ ВО ГРБОТ И КРСТОТ ПОСТОЈАНО СЕ ЗГОЛЕМУВААТ
Веројатно нема човек на Земјината топка кој некогаш во животот не страдал од нив, или не познава некого кој страдал. Заради нашиот начин на живот, болките во грбот и во крстот се пошироко распространети од било кога порано. Универзалната автоматизација нé прави сé помеки, а нашите ’рбети непрекинато се борат со физичката неактивност, повремено прекинувана од нагли натчовечки напори.
Имам некој осет дека потеклото на болките во грбот и крстот е попросто отколку што би можеле и да сонуваме. Во прашање е мал проблем во лигаментите, предизвикан од стврднувањето на меѓупрешлените дискови во предниот дел на ’рбетниот столб. Поради тоа што дискот дехидрира и станува потврд, горниот дел на прешленот ја губи својата подвижност, а сегментот станува тром, како неподмачкан член на синџир од велосипед. Оваа „продуктивна состојба на ’рбетниот столб“ е и појдовната точка од која може да настанат други, посериозни проблеми.
Сите ние одиме наваму-натаму со ’рбети полни со стврднати лигаменти, без дури и да знаеме дека ги има. Тие просто си лежат таму, како заспани, и ретко се пројавуваат. Но во некои случаи – особено во долниот дел од грбот, кој е пооптоварен – некој лигамент може да стане толку тврд, што да почне да боли. Според мене, токму тоа е главната причина за вообичаената болка во крстот
Дипломираниот физиотерапевт Васко Дамчевски ќе ви помогне без оглед на вашите години сите ваши болки да исчезнат или значително да се намалат па без лекови и непотребни операции и по само неколку посети да ја почувствувате помошта која може да ви ја овозможи физикалната терапија и масажата
ВАЖНО Ако имате прашања поставувајте ги во инбокс или пишете порака на 077 820 454 бидејќи немам многу време да издвојам за да пребарувам во многуте коментари
Потребно е да се направат еден до три третмани
Успехот на третманите е со 90 проценти, а кај 10 проценти нема успех од најразлични причини
Адреса на студио Енерговит Московска 9 населба Тафталиџе Скопје

СО БОЛКА ВО ГРБОТ ДОЛЕТАВ ОД ГЕРМАНИЈА КАЈ ВАСКО ДАМЧЕВСКИ ПО ПЕТ ДЕНА СЕ ВРАТИВ ЗДРАВОва е исповед на човек кој има сво...
11/03/2021

СО БОЛКА ВО ГРБОТ ДОЛЕТАВ ОД ГЕРМАНИЈА КАЈ ВАСКО ДАМЧЕВСКИ ПО ПЕТ ДЕНА СЕ ВРАТИВ ЗДРАВ
Ова е исповед на човек кој има свое семејство пријатели адреса лична карта а не исповед на имагинарен лик
Јас сум Јашко Јованов Имам 41 година, живеам и работам долги години во Германија
Еден ден на работа сакав да се исправам и ми се блокира кичмата Од тогаш започнаа моите проблеми и животот ми се промени Во кичмата како да имав нож забодено Имав болки во кичмата и во нозете отежнато се движев Во Германија бев на лекар на ортопед правев магнетна примав таблети инекции блокади ,2 пати бев стациониран во болница по 16 дена правев и физиотерапија Ништо не ми помагаше и по една година немав подобрување Кога отидов на лекар ми рече не знам што да правам со тебе Се осетив разочарано безнадежно и се прашував што ќе правам понатаму и како ќе живеам Ако не можат лекарите да ми помогнат кој ќе ми помогне
Брат ми дозна за Васко Дамчевски од еден пријател од Дортмунд кој исто така имал проблем со кичмата и го решил проблемот кај Васко Брат ми договори термин со Васко и извадив повратна карта од Германија за Македонија Веќе по првиот третман почуствував големо олеснување во кичмата болките исчезнаа и можев слободно да се движам ми се поврати расположението и надежта ми се врати Направив три третмани и сега се чувствувам сосема добро и нормално
Во понеделник го посетив Васко со болки по пет дена се враќам во Германија здрав
Голема благодарност до Васко Дамчевски и му посакувам добро здравје да помогне на уште многу луѓе
Дипломираниот физиотерапевт Васко Дамчевски ќе ви помогне без оглед на вашите години сите ваши болки да исчезнат или значително да се намалат па без лекови и непотребни операции и по само неколку посети да ја почувствувате помошта која може да ви ја овозможи физикалната терапија и масажата
Студио за здравје и убавина Енерговит
Дипломиран физиотерапевт Васко Дамчевски 077 820 454
ВАЖНО Ако имате прашања поставувајте ги во инбокс или пишете порака на 077 820 454 бидејќи немам многу време да издвојам за да пребарувам во многуте коментари
Потребно е да се направат еден до три третмани
Успехот на третманите е со 90 проценти, а кај 10 проценти нема успех од најразлични причини

СО ЕДЕН ТРЕТМАН КАЈ ВАСКО ДАМЧЕВСКИ ГЛАВОБОЛКИТЕ ИСЧЕЗНААОва е исповед на човек кој има свое семејство пријатели адреса ...
04/03/2021

СО ЕДЕН ТРЕТМАН КАЈ ВАСКО ДАМЧЕВСКИ ГЛАВОБОЛКИТЕ ИСЧЕЗНАА
Ова е исповед на човек кој има свое семејство пријатели адреса лична карта а не исповед на имагинарен лик

Јас сум Васко Неделкоски од Пашино Рувци Кривогаштани Студент сум имам 22 години При огромни главоболки повеќето во челниот дел на главата секојдневни болки при започнување на секој ден беа многу тешки и неиздржливи и после неколкудневни терапии со апчиња болката остануваше иста Направив и магнетно испитување но тоа покажа дека резултатите се најнормални и дека нема никаков проблем По неколку денови разбрав за масажа која што првично ми беше чудно дека ќе ми смени нешто
Но при самиот прв третман кај Васко Дамчевски имав значајни и позитивни резултати што за мене беше голема промена со тешкотиите Од тој ден јас воопшто немам главоболка, можам да кажам дека како некој голем товар да се симна од мене Но сепак често пати одам кај Васко на масажа Со секој третман се чувствувам подобро поосвежено поопуштен Сепак масажата е главна и многу поврзана со целиот организам и главата при што се подобрува секоја потешкотија
Дипломираниот физиотерапевт Васко Дамчевски ќе ви помогне без оглед на вашите години сите ваши болки да исчезнат или значително да се намалат па без лекови и непотребни операции и по само неколку посети да ја почувствувате помошта која може да ви ја овозможи физикалната терапија и масажата
Студио за здравје и убавина Енерговит
Дипломиран физиотерапевт Васко Дамчевски 077 820 454
ВАЖНО Ако имате прашања поставувајте ги во инбокс или пишете порака на 077 820 454 бидејќи немам многу време да издвојам за да пребарувам во многуте коментари
Потребно е да се направат еден до три третмани
Успехот на третманите е со 90 проценти, а кај 10 проценти нема успех од најразлични причини

ЗЛАТНИТЕ РАЦЕ НА ВАСКО ДАМЧЕВСКИ НАПРАВИЈА ЧУДООва е исповед на човек кој има свое семејство пријатели адреса лична карт...
21/02/2021

ЗЛАТНИТЕ РАЦЕ НА ВАСКО ДАМЧЕВСКИ НАПРАВИЈА ЧУДО
Ова е исповед на човек кој има свое семејство пријатели адреса лична карта а не исповед на имагинарен лик
Јас сум Деан Павловски Имам 42 години Работам како професионален возач на автобус Од 2016 година имам поголеми проблеми со рбетот дискус хернија во половината и болка и вкочанетост на вратот Болки во нозете отежнато движење а во последниве месеци многу мака ми создаваше вртоглавицата трнењето во рацете вкочанетост на рамената и вратот Сето тоа ми создаваше нерасположение напнатост проблеми со спиењето Бев на нелоку физикални терапии овие години ама немаше успех Кога дознав за Васко одлучив и таму да пробам По првиот третман се случи чудо Не ми се веруваше дека со еден третман се така лесно ќе помине ама тоа се случи Ми се олесни во нозете рацете не ми трнат рамената и вратот ми се ослободиja ми се нормализираше спиењето и многу важно за мене повеќе немам вртоглавица Премногу сум задоволен и би препорачал секој што има слични проблеми да се обрати кај Васко Дамчевски
Дипломираниот физиотерапевт Васко Дамчевски ќе ви помогне без оглед на вашите години сите ваши болки да исчезнат или значително да се намалат па без лекови и непотребни операции и по само неколку посети да ја почувствувате помошта која може да ви ја овозможи физикалната терапија и масажата
Студио за здравје и убавина Енерговит
Дипломиран физиотерапевт Васко Дамчевски 077 820 454
ВАЖНО Ако имате прашања поставувајте ги во инбокс или пишете порака на 077 820 454 бидејќи немам многу време да издвојам за да пребарувам во многуте коментари
Потребно е да се направат еден до три третмани
Успехот на третманите е со 90 проценти, а кај 10 проценти нема успех од најразлични причини

НЕКОЛКУМЕСЕЧНАТА АГОНИЈА ПОМИНА СО ЕДЕН ТРЕТМАН КАЈ ВАСКО ДАМЧЕВСКИОва е исповед на човек кој има свое семејство пријате...
21/02/2021

НЕКОЛКУМЕСЕЧНАТА АГОНИЈА ПОМИНА СО ЕДЕН ТРЕТМАН КАЈ ВАСКО ДАМЧЕВСКИ
Ова е исповед на човек кој има свое семејство пријатели адреса лична карта а не исповед на имагинарен лик
Јас сум Даниела Илијевска Мојот проблем почна пред 4 месеци кога подигнав еден потежок предмет и ми се блокира кичмата Болката ми се префрли во коленото препоната а потоа веќе не можев да станувам од кревет ја изгубив способноста за движење Ми помагаа мажот ми и синот Не можев никаде да одам сама. Ни по скали ни во тоалет а покрај тоа имав и вртоглавици Тоа ми предизвикуваше голема нервоза и нераположение Почнав да користам штаки Пробав на неколку места да го решам проблемот примав и инекции но ништо не успеваше и уште повеќе се разочарав
Потоа случајно видов еден пријател на фејсбук фотографиран со Васко и пишуваше како го нашол спасот за неговиот проблем Се слушнав со него за да се распрашам и тој ми кажа дека е презадоволен да се јавам кај Васко и да не губам многу време
Закажав кај Васко и направив третман Веднаш по третманот почуствував големо олеснување Можев да се движам без штака тотално ми ја снема болката ми ја снема грбката на вратот Се се нормализира со еден третман Се чудев зар ова навистина се случи зар завршија моите маки бев возбудена ми беше страв да се израдувам Вечерта после неколку месеци заспав без лекови за смирување и спиев цела вечер како бебе
Голема благодарност до Васко и неговите златни раце и му посакувам здравје да може да помогне на уште многу луѓе
Дипломираниот физиотерапевт Васко Дамчевски ќе ви помогне без оглед на вашите години сите ваши болки да исчезнат или значително да се намалат па без лекови и непотребни операции и по само неколку посети да ја почувствувате помошта која може да ви ја овозможи физикалната терапија и масажата
Студио за здравје и убавина Енерговит
Дипломиран физиотерапевт Васко Дамчевски 077 820 454
ВАЖНО Ако имате прашања поставувајте ги во инбокс или пишете порака на 077 820 454 бидејќи немам многу време да издвојам за да пребарувам во многуте коментари
Потребно е да се направат еден до три третмани
Успехот на третманите е со 90 проценти, а кај 10 проценти нема успех од најразлични причини

Address

Московска 9
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 09:00 - 21:00
Tuesday 09:00 - 21:00
Wednesday 09:00 - 21:00
Thursday 09:00 - 21:00
Friday 09:00 - 21:00
Saturday 09:00 - 21:00
Sunday 09:00 - 21:00

Telephone

++389 77 820 454

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Масажа и Здравје posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Масажа и Здравје:

Share

Share on Facebook Share on Twitter Share on LinkedIn
Share on Pinterest Share on Reddit Share via Email
Share on WhatsApp Share on Instagram Share on Telegram

Масажа и Здравје ЕНЕРГОВИТ

Дипломираниот физиотерапевт Васко Дамчевски ќе ви помогне без оглед на вашите години сите ваши болки да исчезнат или значително да се намалат па без лекови и непотребни операции и по само неколку посети да ја почувствувате помошта која може да ви ја овозможи физикалната терапија и масажата Студио за здравје и убавина Енерговит Дипломиран физиотерапевт Васко Дамчевски 077 820 454