20/06/2024
❗Може да имате ХПВ, а да незнаете дека сте заразени со овој вирус бидејки често може да немате никакви симптоми. Кога ке се појаваат симоптомите, тие може да бидат во вид на кондиломи на гениталните органи, или пак да откриете дека имате ХПВ кога ќе добиете абнормален резултат на ПАП-тест, кој може да укажува на присутна инфекција или на веќе посериозни проблеми, како што е појава на преканцероза или карцином на грлото на матката.
📝🔬Групата на ХПВ вируси е голема над 200 типа групирани во ниско и високо ризични типови, во зависност дали предизвикуваат кондиломи или пак преканцерози и карцином на грлото на матката. Во 70 % случаи на карциномот на грлото на матката се изолирани 2 типа од високоризичната група ХПВ 16 и 18, Секако, не значи дека доколку имате ХПВ вирус од високо ризичната група на ХПВ, па дури и да се ХПВ 16 и 18, дека сигурно ќе развиете карцином на грлото на матката. Во 90% на случаи организмот ќе се избори со вирусот и нема да дозволи да се развие рак, вашиот имунитет ќе се бори со вирусот што е одредено од генетски фактори, како и фактори од околината.
❤Но, како да му помогнеме на нашиот имун систем во борба со вирусот? Можеме да користиме витамини, минерали, антиоксиданти, бета глукани, супстанции кои се научно докажани дека помагаат во борба со вирусите и со оксидативниот стрес. Така да лечењето се состои во суплементи, препарати на имуностимулатори, како и урамнотежена нормална вагинална флора е докажан сојузник за добро вагинално здравје и добар локален имунитет.