18/12/2025
Почитувани,
Ви доставуваме писмо во продолжение на одржаниот Втор Форум на импулси: „Премин од принципи кон пракса - обликување на закони и мерки преку Пристапот заснован на човекови права (ПЗЧП)“, кој се одржа на 13.11.2025.
Сакаме да ги споделиме со вас алатките за примена на ПЗЧП кои ги испробаа учесниците на Форумот:
(1) Прирачникот за ПЗЧП „Интегрирање на пристапот заснован врз човекови права во креирањето политики и буџетирањето: практични упатства за институциите” е достапен на македонски и англиски јазик на веб страницата на проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“: rolaw.mk/publications.
Помогнете ни да оствариме уште поголем ефект - споделете го знаењето со вашите колеги и соработници со тоа што ќе го споделите со нив прирачникот.
(2) Во прилог на пораката ви го доставуваме прирачникот во кој се содржани практични прашања и упатства за примена на ПЗЧП во креирањето на политиките, изготвувањето на законите и буџетирањето. Применете го кога изготвувате мерки и политики или предлог-закон, кога обезбедувате одредени услуги за граѓаните или кога донесувате некоја одлука која има влијание врз човековите права и добросостојбата на сите лица во земјата.
(3) Уште едно последно барање до вас, кое ќе ви одземе само 2 минути: Помогнете ни да осознаеме како релевантните чинители во областа на човековите права ја оценуваат независноста, транспарентноста и координацијата помеѓу институциите за човекови права со тоа што ќе земете учество во многу кратка анкета (3 прашања). Кликнете на овој линк: https://www.surveymonkey.com/r/PerceptionSurvey2025.
Ви благодариме многу и со нетрпение очекуваме да ве видиме на нашиот следен форум за човековите права.
Искрени поздрави,
Тимот на проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“
ПС: Поврзете се со нашиот проект преку нашиот вебсајт и социјалните медиуми.
Create and publish online surveys in minutes, and view results graphically and in real time. SurveyMonkey provides free online questionnaire and survey software.