21/10/2025
Во рамки на месецот посветен на борбата против ракот на дојка, едукативни предавања на тема „Предизвиците на Розовиот октомври“, одржаа нашите докторки од Центарот за дојка кои, говореа за најважното – превенција, редовен преглед и самопреглед на дојка.
👩⚕️ Д-р Маја Стојановиќ Чрчева и д-р Катерина Китановска споделија корисни совети за рано откривање на болеста и важноста од редовни контроли.
💪 Кети Матеничарска Накова од Keti Fit зборуваше за тоа како физичката активност може да помогне во закрепнувањето и подобрувањето на здравјето.
🤝 За состојбите во македонскиот здравствен систем и улогата на граѓанските организации во поддршката на пациентите зборуваше Милица Кузмановска, една од основачките на НВО „ХемаОнко“.
Настан исполнет со знаење, инспирација и охрабрување — потсетување дека грижата за здравјето започнува со информираност и превенција.
💗 Проверете, информирајте се, делувајте!