26/03/2026
ОГНОТ ШТО СЕ ВРАЌА
Реики работилница за работа со родовите записи од предците како живи потоци на енергија по таткова и мајчина линија.
Постојат моменти кога не сте „скршени“,
туку носите нешто што одамна бара да се помести. Нешто што не е само ваше. Ехо од таткова линија. Длабочина од мајчина линија. Едната ве турка да одите напред.
Другата ве учи да чувствувате длабоко.
А помеѓу нив… стоите вие, вашиот оган, вашата суштина која чека слободно да се изрази.
Ова не е работилница за „исцелување“
или за поправање. Ова е простор каде се гледа што сте носеле од машката линија,
се чувствува што сте задржале од женската линија и се враќа вашата сопствена сила во движење.
Во овие три трочасовни средби ќе работиме преку:
- поврзување со мајчина линија (чувство, длабочина, носење)
- поврзување со таткова линија (насока, сила, движење)
- препознавање на внатрешниот застој, интегрирање на двете линии и активирање на личната животна енергија.
Ќе правиме кармичко ослободување на семејството. Чистење на родовски клетви по мајчина линија и по таткова линија.
Ослободување од завети и договори од други животи. Со тоа го враќаме слободното течение и светлината во својата родова линија.
Во оваа година на Оган, во која:
сè се движи брзо, манифестацијата станува речиси моментална, решенијата се појавуваат брзо, кармичките долгови се активираат и се завршуваат со интензитет, битно е да си го осветлиме патот.
Зошто е важно да се прави кармичко чистење на родот?
Енергијата на вашиот род, и по мајчината и по татковата линија, останува во вашите енергетски полиња сè до 9-тата генерација.
Кога овие енергии не се исчистени, кога нема енергетски разврзувања, прочистувања, ослободување од родовски клетви, вие и вашите деца продолжувате кармички да плаќате.
На работилницата, преку работа со Реики, медитација и молитва, можете да ги направите овие ослободувања и за себе и за вашите потомци, и да живеете слободен, радосен и хармоничен живот.
Во исто време го лекувате минатото,
енергијата што доаѓа од зад вас станува позитивна, им давате сила на вашите предци и тие ќе ве поддржуваат.
Минатото на нашиот род ни влијае енергетски. Нашата сегашност ја обликува иднината на нашите деца.
Сè се случува СЕГА, во сегашниот момент.
Каква можност имаме?
Да го исчистиме родовото минато до 9-тата генерација. Длабоко да го трансформираме нашиот личен живот.
Да подготвиме почисто и посвесно енергетско поле за нашите деца
Термини: 2 април, 16 април и 30 април, од 18ч.
Локација: АРмаДЕА, Рузвелтова 22, Скопје
Учество: по 1800 ден. за секоја средба(местата се ограничени)
За пријава: во порака или на 070204998