Хомеопатска Ординација ГАИА

Хомеопатска Ординација ГАИА ГАИА е Хомеопатска Ординација

Хомеопатска Ординација ГАИА официално постои од 03.02.2009-та. Името ГАИА е за да не асоцира на дејноста на ординацијата, односно природно урамнотежување и нега на здравјето, исто како што не негува секојдневно Душата на ГАИА, нашата планета Земја. ГАИА; ГАЈА; ГАЕА; РАЈА се многуте имиња на божицата земја.

„Есента е шепот на природата дека убавината не исчезнува, туку се преобразува во природно злато и удобна тишина.“Промена...
24/09/2025

„Есента е шепот на природата дека убавината не исчезнува, туку се преобразува во природно злато и удобна тишина.“

Промената на годишните времиња и женското здравје

Есента претставува период на транзиција – деновите се скратуваат, температурите се спуштаат, а телото се прилагодува на нов биоритам. Овој процес на „внатрешно и надворешно менување“ често се споредува со животниот циклус на жената. Како што есента означува завршување на фазата на цветање и подготовка за зима, така и менопаузата означува завршување на репродуктивниот циклус и премин кон нова фаза на зрелост.
Овие промени може да предизвикаат нарушување на внатрешната рамнотежа: чувствителност на температура, зголемена емоционална лабилност, нарушувања во спиењето и варијации во нивото на енергија. Организмот реагира на скратувањето на денот со промена на хормоналниот ритам, што дополнително може да ја потенцира симптоматиката на менопаузата.

Менопаузата како „внатрешна есен“

Менопаузата често се опишува како лична есен – време кога телото се повлекува од плодниот циклус и се насочува кон ново ниво на мудрост и стабилност. Но, како и природата, овој процес не е секогаш лесен. Топли бранови, променливи расположенија, анксиозност, замор и проблеми со концентрација се чести симптоми. Есенската промена – со својата варијабилна температура и промени во светлината – може да ги засили овие предизвици.

Улогата на хомеопатијата

Хомеопатијата нуди индивидуализиран пристап кон симптомите на менопаузата, земајќи ја предвид не само физичката состојба туку и психо-емоционалната динамика на жената.
Некои често применувани лекови се:
Sepia – за жени кои чувствуваат исцрпеност, раздразливост и губење на интерес, со подобрување при физичка активност.
Lachesis – кога доминираат топли бранови, чувство на гушење и неподносливост кон тесна облека.
Pulsatilla – кај емоционална чувствителност, плачливост и симптоми кои варираат, со подобрување на свеж воздух.
Sulphur – за жени со топли бранови кои се јавуваат претежно навечер или ноќе, придружени со несоница.
Овие лекови не делуваат како „едно за сите“, туку се избираат според индивидуалната слика на пациентката.

Заклучок

Како што есента е време за внатрешно собирање и подготовка за зимата, така и менопаузата претставува период на внатрешна трансформација и нова рамнотежа. Хомеопатијата овозможува овој премин да биде понежен, хармоничен и поддржувачки, помагајќи ѝ на жената да ја доживее својата „внатрешна есен“ како почеток на ново, посозреано и помирно време во животот.

24/09/2025
🌡️ Разлика меѓу настинка и грип*Настинка:Почеток: постепен.Симптоми: течење и затнување на нос, кивање, гребење или болк...
22/09/2025

🌡️ Разлика меѓу настинка и грип
*Настинка:
Почеток: постепен.
Симптоми: течење и затнување на нос, кивање, гребење или болка во грло, блага кашлица, понекогаш замор и главоболка.
Траење: 5–10 дена.
Тежина: лесна состојба, ретко компликации.

*Грип (influenza):
Почеток: нагол, одеднаш (често во рок од неколку часа).
Симптоми: висока температура (38–40°C), силна главоболка, болки во мускули и зглобови, изразен замор и малаксаност, сувa кашлица, болки во грло, понекогаш гадење.
Траење: 7–14 дена, со можност за посериозни компликации (пневмонија, влошување на хронични болести).
Тежина: потешка болест, може да биде опасна особено кај деца, постари лица и хронично болни.

🦠 Вируси што ги предизвикуваат
Настинки: најчесто се предизвикуваат од:
Риновируси (повеќе од 100 типови).
Коронавируси (оние кои не предизвикуваат тежок COVID, туку сезонски настинки).
Аденовируси.
Респираторен синцицијален вирус (RSV).
Параинфлуенца вируси.
Грип: го предизвикуваат инфлуенца вируси тип А и Б, поретко C.
Тип А – најопасен, предизвикува епидемии и пандемии.
Тип Б – циркулира сезонски, обично со поблага клиничка слика.
Тип C – многу лесни инфекции.

🍂 Есенски вируси
Во есен, кога температурите паѓаат и имунитетот ослабува, чести се:
Риновируси – најчест предизвикувач на настинка (пик во септември и октомври).
Аденовируси – предизвикуваат настинки, конјунктивитис, понекогаш гастроентеритис.
Респираторен синцицијален вирус (RSV) – особено кај деца и бебиња, предизвикува бронхиолитис.
Параинфлуенца вируси – причина за ларингитис и „круп“ кај децата.
Инфлуенца вируси – сезона на грип обично започнува од ноември/декември и трае преку зимата, но првите случаи може да се појават уште во октомври.

📌 Значи:
Настинката е поблага, со многу различни вируси.
Грипот е потежок и го предизвикуваат конкретно инфлуенца вирусите.
Есен е период на зголемен ризик поради разновидност на респираторни вируси, особено кај децата и чувствителните групи.

10/07/2020

Ослободете се од емотивните реакции за неколку секунди | Уметност за свесна промена од Ингвар Вилидо

За прв пат Уметност за свесна промена се одржува ONLINE на англиски јазик и курсевите ги предава нивниот основач, Ингвар Вилидо.

Тага, лутина, анксиозност... Емотивните реакции се повторуваат во циклуси. Ако за време на еден таков циклус сте си помислиле „посакувам да имаше начин да се ослободам од ова“, сигурно сте забележале – без таква реакција, животот би ви се сменил. Би станал подобар. Кога ќе ги научите вештините да ги ослободувате, исто така учите како да си ја менувате судбината.

Овие едноставни, но длабоко трансформирачки техники за активно применување на свесноста сега се достапни глобално до сите кои зборуваат англиски јазик за да можете да се зајакнете со вештини да влијаете врз тоа како се чувствувате во текот на денот, секој ден. Почнуваме на 11-ти јули: https://landing.human.ee/the-art-of-conscious-change-i-ii-online-course-on-11th-12th-july-and-18th-19th-july-2020-with-follow-up-day-29th-july-2020/

10 ЗЕЛЕНИ ПРИЧИНИ ЗА ХОМЕОПАТИЈАТА1. ПРИРОДНО ДЕЈСТВО: Хомеопатијата делува така што го стимулира личниот одбранбен меха...
10/04/2020

10 ЗЕЛЕНИ ПРИЧИНИ ЗА ХОМЕОПАТИЈАТА

1. ПРИРОДНО ДЕЈСТВО: Хомеопатијата делува така што го стимулира личниот одбранбен механизам за да се подобри здравјето, организмот да биде отпорен на инфекциите и заболувањата. И покрај тоа што е нежна, резултатите може да бидат моќни и долготрајни.

2. ЗДРАВЈЕ И БЛАГОСОСТОЈБА: Хомеопатијата го подобрува здравјето во целост, а не делува само врз локализираните симптоми. Ја лекува личноста во потполност, делува на ментало и емотивно ниво и исто така на физичко ниво, овозможувајќи рамнотежа на севкупното здравје и го зголемува чувството на благосостојба и квалитетот на животот.

3. ЕФИКАСНА МЕДИЦИНА: Кога се користи на правилен начин хомеопатијата може да биде многу ефикасен медицински систем, овозможува долготрајно олеснување од многу акутни и хронични состојби и болести.

4. НЕМА НЕСАКАНИ ЕФЕКТИ: Хомеопатскиот начин на лекување нуди нежен и неинвазивен пристап до здравјето, притоа не се создаваат токсични несакани ефекти, не предизвикуваат зависнот, ниту пак период на одвикнување.

5. ИСПЛАТЛИВОСТ: Изненадувачки хомеопатските лекови не се скапи, посебно ако се споредат со цените на суплементите или пак редовните фармацевтски лекови.

6. БРЗО ПОДОБРУВАЊЕ ВО СЛУЧАИ НА ПРВА ПОМОШ: Хомеопатијата безбедно може да се користи дома, или на пат за да обезбеди брзо олеснување на помалите повреди, како модринки, едноставни изгореници, шинувања, убоди од инсекти, гастрични пореметувања, и. т.н. Но, од друга страна пак, посериозните и подолго постоечките здравствени проблеми треба да бидат третирани од страна на хомеопат.

7. ХОМЕОПАТСКИТЕ ЛЕКОВИ НЕ СЕ ТЕСТИРААТ НА ЖИВОТНИ: Хомеопатските лекови се тестираат само на здрави луѓе, и тоа со цел да се дознае опсегот на дејство на секој од лековите.

8. КОМПЛЕМЕНТАРНА МЕДИЦИНА: Хомеопатијата може да се користи независно, или пак истовремено со конвенционалните лекови или други терапии (со целосна транспарентност и знаење на вашиот друг терапевт, и со негова соработка). Често може да ги подобри непријатните несакани ефекти на конвенционалната терапија (п.р. хемотерапија).

9. ЕКОЛОШКА: Хомеопатијата нема заканувачки ефект врз животната средина: нема потрошувачка на енергија или природни ресурси во производствениот процес и нема загадување на водите, океаните или отпад кога ќе се искористи. Всушност Хомеопатијата е совршената Зелена Машина.

10. МЕДИЦИНА НА ИДНИНАТА: Хомеопатијата е широко распространета насекаде во светот. Достапна е во поголемиот број на земји и станува се попопуларна како комплементарен или како алтернативен пристап на конвенционалната медицина.

Во Куба на постарите им даваат хомеопатска приправка именувана Prevengho-VIR. Истиот препарат се препорачува и кај деца ...
05/04/2020

Во Куба на постарите им даваат хомеопатска приправка именувана Prevengho-VIR. Истиот препарат се препорачува и кај деца под 10 години.
Хомеопатите во Куба имаа успех во справување со епидемидемии, најголем евидентиран случај е со Leptospirosis 2007-2008 година.

https://journals.sagepub.com/doi/10.1177/2156587214525402

https://www.plenglish.com/index.php?o=rn&id=54166&SEO=cuba-supplies-homeopathic-medicine-to-the-elderly

Santa Clara, Cuba, April 3 (Prensa Latina) The homeopathic medicine Prevengho-VIR began to be administered here to the elderly, as a measure to confront the Covid-19 in this province of central Cuba.

Ве Поканувам на Интерактивен Отворен вебинар за хомеопатска психолошка подршка во периодот на самоизолација и карантин. ...
25/03/2020

Ве Поканувам на Интерактивен Отворен вебинар за хомеопатска психолошка подршка во периодот на самоизолација и карантин.

Страв, незвесност и излолираност.

Вебинарот следете го како една можност за отргнување на мислите од секојдневниот проблем и како можност за социјализација.

Страв, незвесност и излолираност. Ова се едени од многуте состојби со кои секојдневно се соочуваме. Хомеопатијата може да помогне да се ублажи оваа состојба.

24/03/2020

Почитувани,
Состојбата предизвикана поради прогласување на пандемија со Covid-19 и пред се за заштита на Вашето здравје,
Хомеопатија ГАИА на д-р. мед. Биљана Ѓуроска ве известува:
Додека трае повикот за изолација и карантин сите консултации ќе се одвиваат ONLINE (преку телефон или Вибер, или преку апликацијата zoom состаноци).

Закажувањето на термините за консултација ќе биде преку телефон 070674732 (ако е зафатено Ве молиме пратете SMS, со Вашето име и презиме, и причината за која барате).
Плаќањето ќе биде на трансакциска сметка доколку имате електронско банкарство, или лично на подигање на терапијата.

Почитувајте ги правилата поставени од Светска Здравтвена Организација и Министерството за Здравство.

Почитувајте се себе и другите околу Вас.

Address

АСНОМ 24. лок. 3
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 12:00 - 20:00
Tuesday 08:30 - 16:30
Wednesday 12:00 - 20:00
Thursday 12:00 - 20:00
Friday 08:30 - 16:30

Telephone

+38970723631

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Хомеопатска Ординација ГАИА posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Хомеопатска Ординација ГАИА:

Share

Category