Re-Medika general hospital

Re-Medika general hospital РеМедика - Прва приватна општа болница

Ре-Медика е првата приватна општа болница во Република Македонија. Основана е на 7 април 2005 година, по светски стандарди, за прв пат имплементирани во една општа болница на нашите простори. Со поставувањето на темелите за светски стандарди и протоколи за здравство болницата доби награда за најдобра инвестиција во Југоисточна Европа
Денеска Ре-Медика е современа и модерна приватна болница, во кој

а врвниот медицински тим пружа медицински услуги според најсовремените протоколи во лекувањето на пациентите. Ре-Медика е и установа во која се одвива и едукација на медицински кадар во рамките на универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Болничкиот објект е лоциран во мирниот дел на Скопје, во подножјето на парк-шумата Гази Баба, на три километри од центарот на главниот град.

• Капацитет
Се простира на површина од 5.200 квадратни метри.
Ре-Медика располага со 56 болнички кревети, бројни ординации, 6 операциони сали по најсовремени стандарди, со дигитален пренос на податоци, можност за телемедицина, опрема за снимање на операциите, како и одделение за интензивна нега со 10 кревети

• Болничко сместување
Сместувањето е избор на нашите пациенти. Сите соби овозможуваат комодитет, дискреција, релаксирачка атмосфера, високи стандарди на уредување и хигиена, телевизија и интернет.
Пациентите на располагање имаат и 15 луксузни апартмани.
Хоспитализираните пациенти имаат можност за избор на храна по разновидно мени, соодветно на нивните потреби.

• Врвен медициниски тим
Тимот во болницата е стручен и со напредни вештини во третманот и дијагностицирањето на состојбите, секој во своите области. Неговите членови се пријатни, сочувствителни и со добар однос кон пациентите за време на престојот на одделот и надвор од него.
Ре-Медика има развиен систем на континуираната едукација, а тоа е едно од врвните начела во нашата болница.

• Најсовремена медицинска опрема
Ре-Медика ги следи последните трендови во технолошкиот развој. Располагаме врвна медицинска апаратура од светски познати производители, која овозможува прецизна дијагноза и третман на заболувањата.

🔸 Оглас за отворена работна позиција во одделот Хигиена и перална во Ре-Медика.📞 Заинтересираните може да се јават на 07...
08/05/2026

🔸 Оглас за отворена работна позиција во одделот Хигиена и перална во Ре-Медика.
📞 Заинтересираните може да се јават на 070 225 377

🔸Еве неколку работи што може да ги направите за да спречите појава на опстипација (запек) или да се справите доколку веќ...
06/05/2026

🔸Еве неколку работи што може да ги направите за да спречите појава на опстипација (запек) или да се справите доколку веќе се појавил:
• Јадете исхрана богата со растителни влакна:
Препорачливо е да внесувате 25–30 грама диетални влакна дневно, преку овошје, зеленчук, житарки, интегрален леб, сливи и трици. Влакната помагаат столицата да биде пообемна и полесна за исфрлање.
• Пијте доволно течности:
Внесувајте 10–12 чаши течности дневно. Ова е особено важно при зголемен внес на растителни влакна, бидејќи течностите помагаат столицата да остане мека. Пот, топла и влажна клима, како и физичката активност, ја зголемуваат потребата од дополнителни течности.
• Бидете физички активни:
Недостатокот на движење го зголемува ризикот од запек. Пешачење, пливање и други умерени вежби го стимулираат работењето на цревата. Препорачливо е да вежбате три пати неделно по 20–30 минути.
• Размислете за внесот на железо:
Додатоците на железо можат да придонесат за појава на запек. Балансираната исхрана често ги задоволува потребите од железо, особено за време на бременоста. Доколку е потребна суплементација, земањето помали дози во текот на денот наместо една поголема може да го намали ризикот од запек.
📞02 2603 100 📞072443200
www.remedika.com.mk
#ремедика

Тие се тука кога започнува животот. Среќен Светски ден на акушерките – благодарност за грижата, посветеноста и љубовта ш...
05/05/2026

Тие се тука кога започнува животот.
Среќен Светски ден на акушерките – благодарност за грижата, посветеноста и љубовта што ја давате секој ден 🧡
🥼 Биљана Добривојевска, Оливера Јовановска, Марина Џамбаз, Валентина Велкова, Канита Абдуљи и Симона Јаневска

🔸Светскиот ден на астма е годишен настан организиран од Глобалната иницијатива за астма (GINA) за подобрување на свеста ...
05/05/2026

🔸Светскиот ден на астма е годишен настан организиран од Глобалната иницијатива за астма (GINA) за подобрување на свеста и грижата за оваа болест низ целиот свет. Годинава темата на оваа глобална акција е „Пристапот до антиинфламаторни инхалатори за сите со астма сè уште е итна потреба“.

🔸Мозочниот удар не остава време за подготовка – симптомите се појавуваат одеднаш.🔸Може да се манифестира со:▪ отежнат ил...
04/05/2026

🔸Мозочниот удар не остава време за подготовка – симптомите се појавуваат одеднаш.
🔸Може да се манифестира со:
▪ отежнат или невозможен говор
▪ слабост или одземање на рака/нога
▪ искривување на лицето
▪ нарушен вид или вртоглавица.
Токму затоа превенцијата е клучна.
🔸Со едноставно, безболно и неинвазивно испитување на крвните садови на вратот и мозокот, може навреме да се откријат ризици како стеснување или затнување на крвните садови.
🔸Навременото откривање значи навремена реакција.
📞02 2603 100 📞072443200
www.remedika.com.mk
#ремедика

🔸Грижата за себе по породувањето е исто толку важна како и грижата за вашето бебе. Мајки, дајте си време и бидете нежни ...
03/05/2026

🔸Грижата за себе по породувањето е исто толку важна како и грижата за вашето бебе. Мајки, дајте си време и бидете нежни кон себе. Ова се 10 златни правила за кога ќе си дојдете дома.
1️⃣Одмарајте колку што можете, но и движете се полека. Секој мал чекор е напредок.
2️⃣Немојте да трпите болка, земајте ја редовно терапијата препишана од лекар, тоа е дел од закрепнувањето.
3️⃣Одржувајте ја раната со внимание - чиста и сува рана значи побрзо заздравување.Слушајте го вашето тело. Ако нешто ве загрижува, побарајте совет. Тука сме за вас.
4️⃣Станувајте внимателно, од страна, без брзање.
5️⃣Не се преоптоварувајте. Хранете се здраво и внесувајте доволно течности.
6️⃣Грижете се за хигиената, малите навики прават голема разлика.
7️⃣Внимавајте на предупредувачки знаци – температура, силна болка, обилно крварење или отежнато дишење.
8️⃣Промените во расположението се нормални.
9️⃣Побарајте помош доколку ви е потребна.
🔟Одмор, поддршка и прифаќање на емоциите се дел од закрепнувањето.
📞02 2603 100 📞072443200
www.remedika.com.mk
#ремедика

🔸Неспуштениот тестис (крипторхизам) е едно од почестите нарушувања кај машките новороденчиња и бара внимателно следење у...
02/05/2026

🔸Неспуштениот тестис (крипторхизам) е едно од почестите нарушувања кај машките новороденчиња и бара внимателно следење уште од најрана возраст.
Во одреден број случаи тестисот може спонтано да се спушти во првите месеци од животот, но доколку тоа не се случи, потребна е навремена интервенција.
Оптималниот период за хируршки третман е помеѓу 6 и 12-месечна возраст.
Навремената корекција е важна затоа што:
▪ го поддржува нормалниот развој на тестисот
▪ ја зачувува неговата функција
▪ го намалува ризикот од идни компликации.
Затоа редовните педијатриски прегледи и консултација со детски хирург се клучни за правилно и навремено лекување.
📞02 2603 100 📞072443200
www.remedika.com.mk
#ремедика

🔸Први Мај е меѓународен ден на трудот, глобален симбол на борбата за работнички права и солидарност.Честит празник
01/05/2026

🔸Први Мај е меѓународен ден на трудот, глобален симбол на борбата за работнички права и солидарност.
Честит празник

🔸Проф. д-р Емилија Шахпазова, супспецијалист по педијатриска нефрологија, од сега е дел од консултантскиот тим на Ре-Мед...
30/04/2026

🔸Проф. д-р Емилија Шахпазова, супспецијалист по педијатриска нефрологија, од сега е дел од консултантскиот тим на Ре-Медика и ќе биде достапна за нашите најмлади пациенти секој понеделник и петок.
Закажување:
📞 02 2603 110
📞 072 443 210
🌐 www.remedika.com.mk
#ремедика #болница

Интервју со д-р Стефанка Ѓорѓиевска, ендокринолог во Ре-Медика, на crnobelo.com
30/04/2026

Интервју со д-р Стефанка Ѓорѓиевска, ендокринолог во Ре-Медика, на crnobelo.com

Што е хипотиреозата, а што хипертиреозата, дали тироидните хормони може да се пореметат привремено и мора да се прима терапија, кога и дали се прават анализи на хорм...

✨Сакам да го споделам моето прекрасно искуство. Како прворотка, имав многу прашања и неизвесности, но благодарение на мо...
29/04/2026

✨Сакам да го споделам моето прекрасно искуство. Како прворотка, имав многу прашања и неизвесности, но благодарение на мојата докторка, Симонида Котларова Попоска, гинеколог-акушер, сè помина многу полесно. Таа беше неверојатна со огромна поддршка, сигурност и позитивна енергија, ме водеше низ целиот процес. Искрено, без неа не знам како ќе успеев, вели Ена, која во Ре-Медика го роди синчето Матеј.
Таа се заблагодарува на целиот персонал, а особено до медицинските сестри.
„Тие беа клучен дел од моето искуство, ме научија многу работи како мајка на прво дете, ми дадоа чувство на сигурност и грижа во секој момент поминат таму. Ви благодарам од срце за сè што направивте за мене и моето бебе, Матеј“, вели Ена.
🧡 Ре-Медика им честита на родителите и посакува Матеј да расте здрав и среќен.
www.remedika.com.mk
#ремедика

Address

16-ta Makedonska Brigada Br. 18
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Re-Medika general hospital posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Re-Medika general hospital:

Share

Category