11/12/2025
Зимска Идила, Психосоцијална Работилница во Нашиот Дом.
Во духот на празниците и зимската атмосфера, во нашиот дом беше реализирана креативна психосоцијална работилница под водство на нашиот психолог, Мери Дешиќ, насочена кон поттикнување позитивни емоции, групна поврзаност и психолошка благосостојба кај нашите корисници.
Работилницата започна со симболичен избор на зимски предмети, секој учесник го одбра она што во него буди спомени, емоции или лични асоцијации поврзани со декемвриските празници. Овој дел поттикна отворање, споделување и топла интеракција во групата, создавајќи чувство на припадност и разбирање.
Во продолжение, корисниците изработуваа „снегулки на благодарност“ и „елки на надеж“, на кои ги запишаа работите за кои се благодарни и желбите за претстојниот период. Финалниот дел беше заедничко украсување на зимската идила, создавајќи визуелен приказ на нивната креативност, оптимизам и групна енергија.
Оваа активност е дел од континуираната психолошка поддршка што ја обезбедуваме во домот, со цел унапредување на емоционалната стабилност, адаптацијата и квалитетот на живот на старите лица.
Зимските денови се потопли кога ги поминуваме заедно.
❄️💙
Контакт:
📞 075 382 014
✉️ feniksdomovizastari@gmail.com
🌐 feniksdomzastari.mk
📍 Капиштец
📍 Пржино
📍 Црниче
📍 Петровец