25/02/2026
🥢 Здраво суши со димен лосос и авокадо
🛒 Состојки
• 100 г ориз
• 5 мл маслиново масло
• Малку сол
• Малку оцет
• Засладувач по вкус
• Нори алги
• 100 г димен лосос
• 200 г крем сирење
• (може Violife ако постиш)
• ½ авокадо(исечено на тенки ленти)
• 1 краставица (исечена на тенки ленти)
За сервирање (по желба):
• Слатко-лут сос
• Дополнително авокадо и краставица
⸻
👩🍳 Подготовка
1. Оризот вари го (100 г) во зовриена вода со:
• 5 мл маслиново масло
• малку сол
• малку оцет
• засладувач
Готви додека омекне, па остави го да се излади.
2. во стаклен правоаголен сад - реди по овој редослед:
• Прво слој димен лосос
• Потоа слој ориз
• Потоа крем сирење
• Реди авокадо
• краставица
• тенок слој ориз
• Заврши со нори алга
3. Завиткај и притисни од горе
4. Остави во фрижидер 20–30 минути да се стегне.
5. Исечи на коцки или ролнички и сервирај.
🥑 Нутритивен бенефит
• ✔ Омега-3 од лососот
• ✔ Здрави масти од авокадо
• ✔ Протеин од крем сирење и риба
• ✔ Влакна од краставица и нори