ЈЗУ Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство - Скопје

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • ЈЗУ Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство - Скопје

ЈЗУ Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство - Скопје Јавна Здравствена Установа Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство - Скопје

Специјалистичко - консултативна и болничка здравствена заштита од областа на гинекологијата и акушерството, образовна дејност, усовршување на здравствените работници и научно истражувачка дејност.

,,Во изминатата неполна деценија, Македонија постигна исклучителен напредок во унапредувањето на здравјето на новороденч...
19/03/2026

,,Во изминатата неполна деценија, Македонија постигна исклучителен напредок во унапредувањето на здравјето на новороденчињата и децата.
Според последниот глобален извештај Levels and Trends in Child Mortality 2026, подготвен од WHO, UNICEF, UNFPA и партнерите, нашата држава е посочена како пример за успешно намалување на смртта на новородените и децата под 5 години. Според него неонаталната смртност е намалена за 87% – од 8,1 на 1,1 смртни случаи на 1.000 живородени деца, додека смртноста кај децата под 5 години е намалена за 75% – од 11,1 на 2,8 на 1.000 живородени деца.
Овие резултати не се случајни. Тие се резултат на континуирана, координирана и посветена работа на сите релевантни институции и партнери – Министерството за здравство, Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, Клиниката за педијатрија, како и силната поддршка од меѓународните организации како СЗО, УНИЦЕФ и УНФПА.
Заедничката визија, базирана на докази, инвестиции во знаење и човечки ресурси, како и постојаното подобрување на клиничката пракса, овозможија создавање на посилен и поефикасен здравствен систем.
Горди сме на постигнатото, но и свесни дека остануваат предизвици. Ќе продолжиме со уште поголема посветеност, со цел секое новороденче да има безбеден почеток, а секое дете – здрава иднина.''
Проф. Д-р Ирена Алексиоска Папестиев
Директорка на ЈЗУ У ГАК

ЈЗУ   Универзитетската   клиника   за   гинекологија   и   акушерство   се   стекна   со сертификат за акредитација во в...
11/03/2026

ЈЗУ Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство се стекна со сертификат за акредитација во важност од 5 години, од страна на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи (АКАЗУМ). Ова е втор циклус на акредитација на ЈЗУ УК за гинекологија и акушерство, со кој оваа здравствена установа после успешно спроведените активности за исполнување на организациските, безбедносните и терапевтските стандарди, за првпат го подигна степенот на исполнетост на стандардите од 3 на 5 години. Во периодот помеѓу 2024 и 2025 година УК за гинекологија и акушерство спроведе постапки со кои се подобрија безбедносните услови з атретман на пациентките:- инфраструктурни активности со кои дополнително се подобрија безбедносните услови за третман на пациентките - Набавка на современа медицинска опрема со цел модернизација на дијагностиката и третманот на пациентките- Воведени се четири нови медицински процедури за третман на пациенки- спроведена едукацијата на 36 здравствени работници- беше возобновено училишето за психофизичка подготовка за бремените жени,- на секоја трудница и е овозможено безболно породување со цел обезбедување поквалитетна и посигурна здравствена грижа за секоја жена.Акредитацијата на здравствените установи, согласно член 240 од Законот за здравствената заштита, претставува постапка на оценување на работата на здравствените установи врз основа на примена на оптимално ниво на однапред утврдени национални стандарди за работа на здравствените установи во одредена област на здравствената заштита, односно гранка на медицината. Националните стандарди за акредитација на здравствените установи се изготвени согласно методологија на ISQ-ua (International Society for Quality in Healthcare) и се базираат на современите и светските концепти за унапредување на квалитетот и безбедноста на здравствената грижа.Главните цели на акредитација, се постојаното унапредување на квалитетот на работата, зголемување на безбедноста на пациентите, создавање на еднакви или приближни услови за пружање на здравствени услуги во целиот систем на здравствена заштита како и зголемување на довербата на корисниците во рамки на системот за здравствена заштита.

11/03/2026

Клиниката за гинекологија и акушерство доби петгодишна акредитација за квалитет и безбедност

ВО 27 МИН. И 50 СЕКУНДИ ВО ЕМИСИЈАТА ТЕЛМА АМБУЛАНТА 0+ ДИПЛ.АКУШЕРКА САЊА БУКЛИШЕВА, ЗБОРУВА ЗА ПСИХОФИЗИЧКАТА ПОДГОТОВ...
24/02/2026

ВО 27 МИН. И 50 СЕКУНДИ ВО ЕМИСИЈАТА ТЕЛМА АМБУЛАНТА 0+ ДИПЛ.АКУШЕРКА САЊА БУКЛИШЕВА, ЗБОРУВА ЗА ПСИХОФИЗИЧКАТА ПОДГОТОВКА НА БРЕМЕНАТА ЖЕНА.
САЊА ПОВЕЌЕ ОД 15 ГОДИНИ Е ДИРЕКТНО СО ВАС ВО РОДИЛНАТА САЛА. НЕПОСРЕДНА И ПОДГОТВЕНА, ХРАБРА И ПОЖРТВУВАНА, ЗАЕДНО СО НЕЈЗИНИТЕ КОЛЕШКИ ЌЕ ВЕ ДОЧЕКА НАЈПРОФЕСИОНАЛНО, ОНАКА КАКО ШТО ЗАСЛУЖУВА СЕКОЈА ИДНА МАЈКА.

🏥Во просториите на Клиника за гинекологија и акушерство, во школото за психофизичка подготовка, бремената жена не доаѓа само да научи техника на дишење или правилна положба на телото. Таа доаѓа да се сретне со себе – со својата сила, со својот мир и со чудото што тивко расте во неа.

Психофизичката подготовка е како нежна увертира пред најсветиот чин – породувањето. Телото се учи на движење, на истегнување, на правилен здив што го носи кислородот како светлина до секоја клетка. Умот се учи на доверба. Стравот полека се претвора во знаење, а неизвесноста – во тивка сигурност. Со секој вежбан здив, жената станува посвесна за ритамот на своето тело, за неговата мудрост и природна способност да создава и да раѓа живот.

Во таа подготовка, жената разбира дека болката не е непријател, туку гласник. Дека секоја контракција е бран што ја носи поблиску до првата средба со своето дете. Наученото дишење станува мост меѓу телото и духот, меѓу напорот и љубовта. Опуштеноста не е слабост, туку сила што ѝ помага да остане присутна, смирена и достоинствена во најинтензивните мигови.

Чинот на породување е повеќе од медицински настан. Тој е премин. Иницијација. Момент во кој жената повторно се раѓа – како мајка. Во тие часови, времето се собира во едно единствено чукање на срцето. Се спојуваат болката и радоста, стравот и храброста, напорот и љубовта. Тоа е миг во кој природата и човечката душа се допираат најдлабоко.

Затоа школото за психофизичка подготовка не е само подготовка за породување – тоа е подготовка за мајчинство. Таму жената учи да си верува. Да го слуша своето тело. Да го прифати породувањето не како нешто што ѝ се случува, туку како чин во кој активно учествува, со свесност и достоинство.

И кога ќе дојде мигот, таа не влегува во него со страв, туку со знаење. Не со паника, туку со длабок, спокоен здив. Затоа што веќе научила дека во неа постои сила постара од секој сомнеж – силата да донесе нов живот на светот.❤️

БЕЗБОЛНОТО ПОРОДУВАЊЕ 🤰 ПАК ЌЕ ВИ ОВОЗМОЖИ ДА ЈА СОЧУВАТЕ СИЛАТА ЗА НАЈПОТРЕБНИОТ МИГ, А ТОА Е ИЗЛЕГУВАЊЕТО НА ВАШЕТО БЕБЕ. ПРВОТО ПОЗДРАВУВАЊЕ СО ПРВИОТ ДЕН НА ВАШЕТО БЕБЕ 🤱

☎️ЗАКАЖУВАЊАТА ВО ШКОЛАТА ЗА ПСИХОФИЗИЧКА ПОДГОТОВКА СЕ ВРШАТ НА ТЕЛ. 078 485 335 ОД 09 ДО 14 ЧАСОТ СЕКОЈ РАБОТЕН ДЕН.

ПОСЕТАТА НА ШКОЛАТА Е БЕСПЛАТАНА!🧘‍♀️
ПОВИКАЈТЕ ГО ВАШИОТ ПАРТНЕР, МАЈКА, ДРУГАРКА ДА ВИ ПРИДУЖУВА👫🧍‍♀️🧍

ИСКОРИСТЕТЕ ЈА МОЖНОСТА ДА СЕ ДРУЖИТЕ СО НАЈДОБРИТЕ АКУШЕРКИ, ПЕДИЈАТРИ И АНЕСТЕЗИОЛОЗИ👩‍⚕️.
ВИДЕТЕ КАКО ИЗГЛЕДА РОДИЛЕН БОКС И КАКВА ЌЕ БИДЕ СОБАТА ВО КОЈА ЌЕ БИДЕТЕ СМЕСТЕНИ.
ПРЕДВРЕМЕ ЗНАЧИ НА ВРЕМЕ! 🫵

Enjoy the videos and music you love, upload original content, and share it all with friends, family, and the world on YouTube.

Со особена гордост информираме дека нашите специјалисти, проф. д-р Катерина Николоска и научен сораб. д-р Ромир Кадриу, ...
06/02/2026

Со особена гордост информираме дека нашите специјалисти, проф. д-р Катерина Николоска и научен сораб. д-р Ромир Кадриу, учествуваа на напредна едукација од областа на минимално инвазивната гинеколошка хирургија.
Обуката се реализираше кон крајот на минатата година под менторство на доајените на хрватската ендоскопија – проф. д-р. сц. Мирослав Копјар и проф. Рајко Фурес, во соработка со истакнати експерти од хрватската медицина.
Овие наши специјалисти земаа активно учество на:
• XXVI Хрватски последипломски курс по гинеколошка хирургија и ендоскопија (прва категорија) со меѓународно учество, Забок, како и на
• XXV Научен симпозиум „Перспективи на минимално инвазивната гинеколошка хирургија“, Забок.

Овој професионален подвиг на нашите доктори, веќе имплементиран во секојдневното нивно работење, претставува значаен чекор во унапредувањето на клиничката експертиза и во имплементацијата на современи минимално инвазивни хируршки техники на ЈЗУ Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство - ЈЗ УКГАК Скопје

Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство останува посветена кон вредностите и стремежите за пристап на прим...
03/02/2026

Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство останува посветена кон вредностите и стремежите за пристап на примена на современа медицина, третман и резултати. Исполнувајќи ги стандардите, остануваме лидер во нашата област во државата.

Нешто за што никогаш не е доволно да се зборува и повторно одново да се потсетува.Инконтиненцијата го менува животот, но...
27/01/2026

Нешто за што никогаш не е доволно да се зборува и повторно одново да се потсетува.
Инконтиненцијата го менува животот, но ние го враќаме онака како што бил претходно.
За проблемот и решението, Проф.Д-р Ирена Алексиоска Папестиев во Добриот доктор

Follow Sitel Televizija on...• WEB: http://sitel.com.mk/• FB: https://www.facebook.com/sitelmk• IG: https://www.instagram.com/sitel.tv/• Tw: https://twitter....

,,Директорката на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство и претседател на Комисијата за превенција на цер...
23/01/2026

,,Директорката на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство и претседател на Комисијата за превенција на цервикален карцином, проф. д-р Ирена Алексиоска-Папестиев истакна дека според последните податоци од клиничката студија, изработена од Институтот за епидемиологија, за период од 2016 до 2023 година за жал, се уште овој превентибилен карцином кај нас претставува сериозен проблем, заради тоа што во тој период 2.263 пациентки биле дијагностицирани.

– Повеќе загрижува е што кај се помлади пациентки се јавува. Најмладите пациентки се на 18 годишна возраст, дијагностицирани 2017 и 2020 година и средната возраст е некаде 55 години. Втора работа која исто така загрижува е дека голем процент, односно 540 пациенти, тоа е речиси 24 отсто од овие пациентки починале за жал, а се работи за карцином кој е превентибилен. Имаме примарна превенција. Нашата цел е да ја зголемиме свесноста кај јавноста, рече проф. д-р Алексиоска Папестиев.,,

Во пораст е бројот на заболени од рак на грлото на матката. Најмладите пациентки се на 18 годишна возраст, дијагностицирани 2017 и 2020 година и средната возраст е некаде...

Нов лик, многу опрема, нови процедури, подобра организираност за пациентките, се само дел од реализираните активности на...
05/01/2026

Нов лик, многу опрема, нови процедури, подобра организираност за пациентките, се само дел од реализираните активности на клиниката во 2025 год.
Најава на нови активности и повторно нова опрема се само дел од плановите за 2026.
Пациентите во јавното здравство заслужуваат да имаат квалитетни услови и третман.
Гостување на Проф.Д-р Алексиоска Папестиев во Утринската на МРТ

Enjoy the videos and music you love, upload original content, and share it all with friends, family, and the world on YouTube.

Во живо на МРТ, Проф.Д-р Алексиоска ПапестиевЗа сите новости на клиниката, чујте во живо
05/01/2026

Во живо на МРТ, Проф.Д-р Алексиоска Папестиев
За сите новости на клиниката, чујте во живо

Синоќа, во Дневникот на Сител, Проф.Д-р Алексиоска Папастиев зборуваше за инвестициите во современа медицинска опрема, з...
04/01/2026

Синоќа, во Дневникот на Сител, Проф.Д-р Алексиоска Папастиев зборуваше за инвестициите во современа медицинска опрема, за едукацијата на 36 здравствени работници и за придобивките што ги создаваме за нашите пациентки, како и за идните планови насочени кон понатамошна модернизација, унапредување на стручноста и обезбедување поквалитетна и посигурна здравствена грижа за секоја жена.

Follow Sitel Televizija on...• WEB: http://sitel.com.mk/• FB: https://www.facebook.com/sitelmk• IG: https://www.instagram.com/sitel.tv/• Tw: https://twitter....

Денес славиме надеж, надеж за нови соништа, нова радост, нова љубов.Евгенија, родена vo 00.00 часот со тежина од 2 800гр...
01/01/2026

Денес славиме надеж, надеж за нови соништа, нова радост, нова љубов.
Евгенија, родена vo 00.00 часот со тежина од 2 800гр и 48 см должина, е новата радост за едно семејство, за целата држава.
Малечката Евгенија ја отвори Новата 2026 година со својот прв плач, донесе светлина, топлина и надеж во срцата на сите нас. Нејзиното раѓање не е само семејна радост, туку симбол на живот, на нови почетоци и на ветување за подобра иднина.
Во овој свет што секојдневно се соочува со предизвици, раѓањето на едно ново дете не потсетува на најголемата вистина: животот продолжува, љубовта расте, а надежта не смирува.
На малата Евгенија и нејзиното семејство им посакуваме огромна среќа, љубов без крај, здравје и хармонија. 😇

Address

Vodnjanska 17
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ЈЗУ Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство - Скопје posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to ЈЗУ Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство - Скопје:

Share