ЈЗУ Спец. болница за геријатриска и палијативна мед. 13 Ноември Скопје

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • ЈЗУ Спец. болница за геријатриска и палијативна мед. 13 Ноември Скопје

ЈЗУ Спец. болница за геријатриска и палијативна мед. 13 Ноември Скопје Специјалистички интернистички прегледи за матични и приватни пациенти

Во утринската програма на Македонска радио телевизија, директорката прим. д-р Ленче Нелоска отвори важно прашање за кое ...
13/05/2026

Во утринската програма на Македонска радио телевизија, директорката прим. д-р Ленче Нелоска отвори важно прашање за кое сѐ уште недоволно се говори – недостатокот стратегија за грижата и поддршката на геријатриската популација.

Стареењето на населението носи нови предизвици за здравствениот и социјалниот систем, а потребата од навремена грижа, континуирана поддршка и достоинствен живот за повозрасните лица мора да биде врвен приоритет.

Погледнете дел од гостувањето во видеото подолу.

11.05.2026 ЕМИСИЈА „ ВО ЖИВО - ПРОГРАМА НА ГРАДОВИ “ СОГОВОРНИК: Д-Р ЛЕНЧЕ НЕЛОСКА- ДИРЕКТОРКА НА ГЕРОНТОЛОШКИ ЗАВОД СКОПЈЕ

По повод Меѓународниот ден на медицинските сестри, денес делегација на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од прет...
12/05/2026

По повод Меѓународниот ден на медицинските сестри, денес делегација на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од претседателката Жаклина Пешевска и Слободанка Џеповска, претседателка на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, ја посетија ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ – Скопје.

Во знак на благодарност за нивната посветена и хумана работа, на сите медицински сестри и медицински техничари им беа подарени цвеќиња, како мал гест на почит за нивната секојдневна грижа и пожртвуваност кон пациентите.

Им упатуваме голема благодарност за нивната професионалност, човечност и неуморна грижа за најранливите категории пациенти.

Во чест на ослободувањето на Ѓ. Петров, наша делегација на чело со прим. д-р Ленче Нелоска денес положи свежо цвеќе пред...
08/05/2026

Во чест на ослободувањето на Ѓ. Петров, наша делегација на чело со прим. д-р Ленче Нелоска денес положи свежо цвеќе пред споменикот на паднатите борци од Народноослободителната борба.
Нека остане жива нивната жртва и нивниот подвиг.

Денес во Старскиот дом со многубројни  наши  пријатели и подржувачи се одбележа Европскиот ден на солидарност меѓу генер...
30/04/2026

Денес во Старскиот дом со многубројни наши пријатели и подржувачи се одбележа Европскиот ден на солидарност меѓу генерациите ....

Со голема чест и задоволство ве известуваме дека нашата институција доби Сертификат за акредитација за квалитет со важно...
28/04/2026

Со голема чест и задоволство ве известуваме дека нашата институција доби Сертификат за акредитација за квалитет со важност од 5 години. 🎉

Ова признание претставува потврда за нашата посветеност, професионалност и континуирана грижа за унапредување на квалитетот на услугите што ги нудиме.

На настанот по повод доделувањето на сертификатот присуствуваа членовите на комисијата на АКАЗУМ и директорката на АКАЗУМ Билјана Димитрова , како и градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, чија поддршка и присуство ни претставуваат особена чест.

Овој успех е резултат на заедничката работа, посветеност и труд на целиот наш тим. Продолжуваме уште посилно и посветено во мисијата да обезбедиме највисок квалитет за сите.

Ви благодариме за довербата

Центар за хронични рани и гангрени ќе се гради во состав на геријатрија „13 Ноември” - Скопје
28/04/2026

Центар за хронични рани и гангрени ќе се гради во состав на геријатрија „13 Ноември” - Скопје

На местото на старите бараки во дворот на Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина ќе се гради Центар за хронични рани и гангрени. Одлукат....

Со огромна гордост и радост ја одбележуваме петгодишната акредитација на нашата болница доделена од АКАЗУМ — признание к...
27/04/2026

Со огромна гордост и радост ја одбележуваме петгодишната акредитација на нашата болница доделена од АКАЗУМ — признание кое го потврдува нашиот постојан стремеж кон највисоки стандарди во здравствената заштита.

По овој значаен повод, нашата директорка прим. д-р Ленче Нелоска гостуваше во живо на Македонска радио телевизија, каде зборуваше за патот, вредностите и посветеноста на целиот тим на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември" — Скопје.

АКРЕДИТАЦИЈА ЗА КВАЛИТЕТ: ГЕРИЈАТРИЈА „13 НОЕМВРИ“

Денес нашата директорка, прим. д-р Ленче Нелоска, присуствуваше на  поставување камен-темелник за доградбата на основнот...
17/04/2026

Денес нашата директорка, прим. д-р Ленче Нелоска, присуствуваше на поставување камен-темелник за доградбата на основното училиште „Страшо Пинџур“.

Со оваа значајна инвестиција се создаваат подобри услови за учениците и наставниот кадар во Општина Ѓ. Петров.

Денес, во Домот за стари лица „Мајка Тереза“ во Скопје, реализиравме инспиративна работилница во рамки на проектот „Со р...
15/04/2026

Денес, во Домот за стари лица „Мајка Тереза“ во Скопје, реализиравме инспиративна работилница во рамки на проектот „Со рачни изработки до личен развој: Развој на меки вештини преку одржлива мода“ (CRAFT2GROW). ✨

🧶 Преку креативни активности со волница, корисниците на домот активно учествуваа во изработка на декоративни цветчиња и практични торбички, поттикнувајќи ја нивната креативност, фина моторика и чувство на лична вредност.

🌱 CRAFT2GROW е меѓународен проект кој има за цел да развие иновативна наставна програма и практични активности базирани на одржлива мода, преку кои возрасните учесници и едукаторите ќе ги унапредуваат своите меки вештини, ќе стекнуваат нови знаења и ќе придонесуваат кон поодржливи заедници.

🤝 Особен фокус на проектот е вклучувањето на постарите лица, како значајна целна група, со цел подобрување на нивната психофизичка благосостојба, социјална вклученост и активно учество во заедницата. Ваквите активности имаат докажано позитивно влијание врз менталното здравје, чувството на припадност и квалитетот на живот.

💚 Продолжуваме да создаваме можности за активно и достоинствено стареење – затоа што секој заслужува да биде вклучен, слушнат и вреднуван

15/04/2026

Address

Борис Сарафов бр. 129, Скопје
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ЈЗУ Спец. болница за геријатриска и палијативна мед. 13 Ноември Скопје posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to ЈЗУ Спец. болница за геријатриска и палијативна мед. 13 Ноември Скопје:

Share