27/04/2026
Дали ти се случува и покрај земањето медикаменти, позитивно размислување или практикување на техники за смирување…
Анксиозноста повторно да се враќа?
Ако одговорот е ДА, веројатно се прашуваш
„Зошто?“ “Каде грешам?“
Една од причините е тоа што често зад анксиозноста стои нешто што долго време го потиснуваме.
- потреби што не ги задоволуваме
- емоции што не ги изразуваме
- граници што не ги поставуваме
На пример:
Сакаме одмор… но продолжуваме да работиме за да не разочараме некого.
Чувствуваме страв или тага… но ги задржуваме во себе за да не изгледаме слаби.
Сакаме да кажеме „не“… но се согласуваме со другите за да не нѐ оживеат како себичен/на.
Што се случува со тек на време?
Кога подолго време се потиснуваме во нас се создава постојана внатрешна тензија.
Од една страна во има нешто што сака да се изрази.
Од друга страна го потиснуваме.
Но таа енергија не исчезнува.
Само се појавува во друга форма како:
👉 срцебиење
👉 стегање во градите
👉 немир
👉 постојани стравови и анксиозност
Затоа анксиозноста не е наш непријател.
Таа е сигнал дека нешто во нас долго време не е слушнато.
Се додека не го слушнеме сигналот кој нѝ го праќа - таа ќе продолжи да се враќа.
Затоа целта не е да ја оттурнеме со медикаменти, позитивни мисли, алкохол или премногу работа.
Туку да ѝ се приближиме.
Да разбереме:
👉 што се обидува да нѝ каже
👉 што потиснуваме
👉 што нѝ е навистина потребно
Доколку сакаш можеш да прочиташ повеќе како да ја слушнеш пораката што анксиозноста сака да ти ја испрати преку симптомите:
https://www.gestaltmacedonia.com/post/anksioznosta-kako-poraka
Напомена: Третманот со медикаментозна терапија некогаш е неопходна и дава многу поефикасни резултати кога се комбинира со психотерапија.