15/09/2021
Витаминот Д е единствената хранлива материја што нашето тело ја произведува кога е изложено на сончева светлина.
Сепак, до 50% од светската популација не се изложува доволно на сонце. Ова е делумно затоа што луѓето поминуваат повеќе време во затворени простории, користат производи за заштита од сонце и јадат западна диета со малку извори на овој витамин.
Препорачаната дневна вредност (DV) е 800 IU (20 mcg) витамин Д дневно од храна.
Ако не добивате доволно сончева светлина, вашиот внес најверојатно треба да биде поблиску до 1.000 IU (25 mcg) дневно.
Знаци на недостаток на витамин Д вклучуваат:
Замор
Мускулна слабост
Болка во коските
Промени во вашето расположение (како што е депресија)
Витаминот Д е важен витамин кој игра улога во здравјето на коските, здравјето на имунитетот, намалување на воспалението и многу повеќе.
Телото користи витамин Д за да апсорбира важни минерали и да ги поддржи мускулите и нервите.
Еве неколку здрави намирници богати со витамин Д:
лосос
харинга и сардини
масло од црн дроб на риба бакалар
туна од конзерва
жолчка од јајце
печурки
Кога сме кај печруките, како и луѓето, и тие можат да синтетизираат витамин Д кога ќе бидат изложени на УВ светлина. Но, печурките произведуваат витамин Д2, додека пак животните произведуваат витамин Д3.
Витаминот Д2 помага да се зголеми нивото на витамин Д, но тој не е толку ефикасен како витаминот Д3.
Како и да е, дивите печурки се одличен извор на витамин Д2. Всушност, некои сорти даваат и до 2.300 IU по порција од 100 грама - дури три пати повеќе од дневните потреби.
Од друга страна, комерцијално одгледувани печурки често се одгледуваат во темница и содржат многу малку витамин Д.