23/03/2025
‼️ПОВИК ЗА ПОМОШ И ПОДДРШКА ЗА ИСЦЕЛУВАЊЕ И ЗАШТИТА НА СИТЕ ПОВРЕДЕНИ ВО ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ‼️
🙏Почнувајќи од ДЕНЕС , Ве молам и со милост ве повикувам на 7 дневна помош и подршка.
Само 7 дена , по 10 минути е потребно да одвоите од вашето време.
Секој ден во 18:00 часот , сите заедно да се вклучиме на самостојна медитација која ќе ви ја испратам во порака на секој оној што ќе се пријави.
Она што е најпотребно сега, во овие момент на тешкотија, сплотени како заедница, да се обединеме со чисти срца и намери, упатувајќи ги нашите молитви и енергија кон сите кои се повредени во трагичниот пожар.
Ангелите и архангелите да ги опкружат со нивната небесна светлина и сила, донесувајќи исцелување, заштита и мир.
Со цел секој повреден да биде обвиткан со милоста и љубовта на ангелите, кои носат заштита и утеха во најтешките моменти. Архангел Михаил, со неговата моќ и храброст, да ги заштити од било какви опасности, а Архангел Рафаел да ги излекува нивните телесни и духовни рани.
Вклучете се, со цел да ја упатете вашата енергија кон овие души.Нека секој наш момент на молитва и медитација биде насочен кон исцелување и заштита на оние кои сега им е најпотебно.
Нека нашата енергетска помош биде водена од небесните сили и нека донесе целосно исцелување, мир и нови почетоци за сите кои се погодени од оваа трагедија. Со вера и љубов, знаеме дека заедно, со помош на ангелите, можеме да направиме многу.
ИНСТРУКЦИИ:
1. Припреми се, за почеток направете три длабоки вдишувања и издишувања.
Можете да ја ставите дланката на своите гради.
2. Замислете во вашите гради златно сонце кое брзо се шири во вас, и низ вас и насекаде околу вас.
3. Во себе или на глас, кажете 3 пати:
ВО ИМЕТО ЈАС СУМ ТОА ШТО СУМ
ЈАС ПОВИКУВАМ ОБЕДИНУВАЊЕ 999
ЈАС СУМ ОБЕДИНЕТА 999 (се чита- деветсто деведесет и девет)
ЈАС СУМ БОЖЕНСТВЕНО ПРИСУСТВО
ЈАС СУМ ЉУБОВ
ЈАС СУМ СВЕТЛОСТ
4. Потоа ставете ги рацете во молитвена положба и кажете:
ГО МОЛАМ АРХАНГЕЛСКОТО ЦАРСТВО НА СОЗДАТЕЛОТ ДА ДОЗВОЛИ И ДА МИ ОВОЗМОЖИ ДА ГИ ПОВИКАМ СВЕТЛИТЕ АРХАНГЕЛИ ЗА ИСЦЕЛУВАЊЕ И ЗАШТИТА НА ЛУЃЕТО ПОВРЕДЕНИ ВО ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ - Македонија
Преку енергетското поле на светите Архангели и ангелите.
Преку мастер Анета, за мое поголемо добро и општо добро на сите.
5. ВО ИМЕТО НА ЈАС СУМ ТОА ШТО СУМ, ГИ ПОВИКУВАМ САКАНИОТ АРХАНГЕЛ РАФАЕЛ И АНГЕЛИТЕ НА ИСЦЕЛУВАЊЕ
Сакан Архангел Рафаил, ангели на исцелување, дајте им целосно исцелување ,исцелете им ги сите телесни и духовни рани на сите повредени во пожарот во Кочани - Македонија , и подари им на сите долг живот.
Подарете им , и духовно исцелување, духовна сила и мир на сите луѓе чии најблиски загинаа во пожарот во Кочани-Македонија.
6. ВО ИМЕТО НА ЈАС СУМ ТОА ШТО СУМ, ГО ПОВИКУВАМ САКАНИОТ АРХАНГЕЛ МИХАИЛ, И АНГЕЛИТЕ НА ЗАШТИТА!
Сакан Архангел Михаил и ангели на заштита, ве молиме покријте го секој повреден во пожарот во Кочани-Македонија со вашата напетка на заштита.
Заштитете ги од физички опасности, од тешки ситуации, и од секакво зло. Дајте им животна заштита на сите тие луѓе кои се борат за живот.
7. БЛАГОДАРАМ И ГО ПРИМАМ ОВА ИСПОЛНЕТО ОВДЕ И СЕГА, СО ЦЕЛА МОЌ И СПОРЕД БОЖЈАТА ВОЛЈА!
И НЕКА ОВОЈ ПОВИК СЕ РАЗМНОЖИ И ДА ИМ ПОМОГНЕ НА СИТЕ ЛУЃЕ НА ПЛАНЕТАТА КОИ СЕГА ТОА ИМ ТРЕБА.
8. Сега мирувајте, замислувајќи како сите тие луѓе се осветлени од ангелска светлина, преплавени со божествен мир, исполнети со безусловна љубов еден кон друг и покриени со светата наметка на заштита на Архангел Михаил. Безбедни, заштитени, во мир.
Останете во оваа состојба 10-20 минути, додека енергијата тече, замислувајќи ги сите архангели што ги повикавте и нивните ангели како летаат над луѓето и ја вршат својата ангелска задача, гледајќи што се случува и постапуваат во согласност со божествената волја. Тие опкружуваат секого и сè, заштитувајќи ги од темнината и исцелувајќи ги.
9. Кога ќе завршите, можете да ги ставите рацете на градите и да ги апсорбирате сите овие прекрасни ангелски енергии што сте ги повикале.
10. Благословувајте ги сите и сè што ќе ви падне на ум - и познати и непознати луѓе и места...
Нека се пријави во коментар секој оној кој ќе учествува во овој повик.
Ти благодарам драга дишо , биди благословен/а за оваа помош и поддршка 🙏💕
Топла Реики прегратка до секој од вас.
Ваша Анета