14/12/2025
📷 David Lynch, Lady Blue Shanghai (2010)
„Сè што е несвесно во нас самите го откриваме кај ближниот.“, напишал Карл Густав Јунг во 1959г.
Начинот на кој ги гледаме другите е неизбежно обликуван од внатрешниот пејзаж: вредности, рани, идеали, стравови и неиспитани претпоставки. Перцепцијата никогаш не е совршено „чиста“.
🪞 Таа е филтрирана преку оној што перципира.
Силните реакции што ги доживуваме кон другите - привлечност, иритација, презир - често сигнализираат нешто активирано внатре во нас, нешто познато или неразрешено. 🪡
Но ова не е апсолутен закон. ✋️ Не секоја перцепција е проекција на сопствена психичка содржина, и не секоја критика кон другите оправдува повикување на патологија. Некои набљудувања се објективно точни. Некои однесувања имаат независно влијание врз другите. Психологијата не го поништува реалниот надворешен свет.
Сепак, важно е да умееме да погледнеме во себе кога имаме силна реакција кон нешто. Да размислиме зошто одреден настан или личност резонира толку моќно во нашата внатрешност. Ако сме искрени со себе, тоа може да доведе до длабоки функционални увиди кои би биле гориво за промена и лична кохезија. 🧶
Поентата не е во тоа секогаш да се отфрла туѓото однесување со „тоа е само твоја проекција“ ниту пак слепо да се прифати секоја надворешна проценка како вистина.
Целта е да имаме капацитет да си ги поставиме овие прашања:
• Што овде ми припаѓа мене?
• Што му припаѓа на другиот?
• Што навистина се случува меѓу нас?
Меѓудругото, ова овозможува да не им ја предаваме одговорноста за нашите чувства на другите луѓе во секоја ситуација.
Наместо да заклучиме: "Другиот е 100% виновен за мојата болка", што ако си кажеме: "Другиот е одговорен за неговата постапка, но што во мене предизвика олку бурна реакција - и дали можам да ја трансформирам низ сопственото разбирање?"
Тогаш внатрешниот мир не зависи од она што направиле или не направиле другите кон нас.
Психолошката зрелост и автономија живеат овде. Рефлексија и реалност. Огледало и свет.
Со 💌,
Алхемиа
#психолошкосоветување
#психологија
#јунг
Внатрешна алхемија: процес на свесна лична промена што овозможува ментално здравје и личен развој.