10/02/2026
Драги јогини,
Во продолжение информации за јога ретритот- Сани, Касандра 🧘♀️🏝
Спој на модерниот комфор и традиционалната јога- златната средина за добросостојба во денешниот динамичен живот. Ретритот ќе се одржи во ресорт опкружен со преубава природа, од една страна густата борова шума, од друга кристално чисто море.
4 денови исполнети со јога, хајкинг, плажа, медитации, креативни работилници, дружење и пред се, бидење со самите себе е она што моќно ќе не врати кон себе и ќе не потсети дека љубовта за себе е семето од кое никнува се добро.
📍Симантро ресорт 5*, Сани, Касандра
22.05- 25.05.2026
Вклучено:
🏠Сместување во двокреветни соби,
3 ноќевања;
🍽Појадок и вечера;
🏝Лежалки на плажа;
💠Туристичка такса;
🧘♀️6 јога часови
🖼2 работилници
За јога часовите:
🧘♀️Утринска динамична јога пракса и енергизирачки техники на пранајама
🧘♀️Вечерна смирувачка јога и соодветна релаксирачка пранајама и медитации.
За работилниците:
Ќе обработуваме тема преку приказната и симболиката на древниот јогиски симбол.
Креативно медитативна работилница во 2 дела:
💠Шри јантра- света геометриска форма која се користи како алатка за фокус и медитација во древните јогински заедници
-💠симболизам и значење;
-💠 шри јантра со сопствен енергетски печат;
- 💠активација;
-💠медитација
Превоз:
Со сопствени коли, делиме трошоци
Цена: 19 400ден
🔹️Пријавување до 30ти март со уплата 5000 ден ( неповратни)
Целосна доплата до 22.04.
Доплата за еднокреветна соба 4800ден.
Во случај на откажување после 22.04, немаме можност за повраток на уплата, можете да си најдете замена.
Сметка на клубот:
200002694577639
Стопанска банка ад. Скопје
За сите дополнителни информации, остануваме во комуникација.