Lisa Center и Godi Retail Park Не станува збор само за потреба, туку и животен стил!
Оптика Призма е основана во 2018 година. Приказната ја започнавме по аквизирано 15 годишно искуство во областа на оптометријата и продажбата на очила и очни помагала. Нашите оптики се множество од искуства стекнати низ годините, во полето на заштитата на видот, изработката на оптички стакла, помош при одбирање со
одветни очила и обезбедување квалитетна услуга за посетителите и купувачите. Желбата да обезбедиме јасен вид, заштита на очите и насмевка на лицата на нашите посетители нѐ инспирираше да започнеме да пишуваме едно сосема ново поглавје за нас.
Нашиот оптометрист- контактолог е целосно посветен на обезбедување најсоодветни решенија за потребите на клиентите. Нашите колеги се целосно свесни дека одличниот и професионален однос ќе резултира со задоволство кај клиентот, и поради тоа се подготвени да обезбедат услуга на највисоко ниво, притоа трудејќи се тоа да биде различно искуство.
Нашите оптики можете да ги најдете на 2 локации во Скопје и тоа:
1. Оптика Призма во ТЦ Лиса во Ново Лисиче (на 1ви кат)
Google локација: https://maps.app.goo.gl/9ZS6NWXvq8rZZAms7
2. Оптика Призма во “Godi Retail Park" во близина на Бриколаж (Маџари)
Google локација: https://maps.app.goo.gl/cifzcji1GGw3uZh76
И на 2те локации, Призма нуди компјутерско одредување на диоптрија и располага со најсовремената технологија за изработка, монтажа и оддржување на оптички помагала. Нашата апаратура е произведена од реномирани европски производители на оптометриски машини и апарати. Следејќи ги најновите светски трендови на оптометријата, тимот на Призма е обучен да ги изработи и монтира и најкомплицираните оптички или сончеви стакла.
Во нашите оптики можете да сретнете огромен избор на оптички рамки, сончеви очила, контактни леќи и течности од добро познатите светски брендови и производители, и тоа:
Ray-Ban, Tom Ford, Karl Lagerfeld, Kenzo, Guess, Vogue, Armani Exchange, Gucci, Victoria's Secret, Just Cavalli, Polaroid, Ana Hickmann, Carrera, Timberland, Pierre Cardin и многу други брендови, достапни за сечиј буџет.