05/04/2026
Маслото од црно семе содржи повеќе од сто активни состојки, како што се заситени и незаситени масни киселини, потоа калциум, цинк, бакар, железо, фосфор, витамините Б1, Б2, Б3, Б6 и Б9 и други витамини и минерали, а главна состојка е Thymoquinon. Високиот процент на застапеност на незаситените масни киселини овозможува ова масло да се применува од негување на кожата, па се до ревитализација на целиот организам. Оваа активност е овозможена бидејќи тие претставуваат прекурсори на простагландините, кои се присутни во речиси секое телесно ткиво и течност и се одговорни за важни биолошки функции. Поради ова, маслото од црно семе има изразено противтуморно влијание, поволно делува на зајакнување на срцевите мускули и лачењето на бубрезите, на репродуктивните органи, гастроинтестиналниот и респираторниот тракт, далува на централниот нервен и ендокриниот систем, го намалува нивото на холестеролот во крвта, ја одржува структурата и функцијата на артериите и вените (спречува тромбоза), помага кај реуматоиден артритис и мултиплекс склероза, лекува егземи и дерматитис, спречува ПМС синдром, итн. Ова масло содржи и 23 стероли/стерини, односно фитостероиди, кои имаат изразено дејство на кортикостероидите и половите хормони кај луѓето, а потврдена е и нивната улога во активирањето на имунолошкиот систем. Поради силно изразената разновидност на стероидните структури во ова масло, научниците сметаат дека допрва ќе се открие вистинската слика за неговото влијание на хормоналниот систем на човечккиот организам и дека на ова ниво на научни сознанија, сепак треба да се избегнуваат непотребни сензации и шпекулации.
Анализите покажуваат дека маслото од црно семе по својата биолошка функција ја има следната структура: тимохинон (Thymoquinon) до 50% (кој истовремено е и најглавната лековита состојка во ова масло); цимен; пинен; карбонски и фенолни компоненти; карвон; и лимонен. Маслото од црно семе содржи 15 аминокиселини (од нив 9 се есенцијални, колку што содржат и белковините во човечкиот организам). Изолирани се четири алкалоиди: нигелицин и нигеламин-н-оксид (изохинолини) и нигелидин и нигелицин (пиразолоиди), како и одредени сапонини.