Когниција

Когниција Центар за невропсихологија, психотерапија и за психодијагностика

Даваме услуги од следниве области:
• невропсихолошка процена на внимание, концентрација, помнење, говорно- јазични способности, визуелна перцепција, процена на конструктивни капацитети, на егзекутивни способности, на промени во однесување и сл.;
• индивидуално приспособени програми за когнитивен тренинг и за неврокогнитивна рехабилитација;
• психолошка евалуација т.е. процена на интелектуални спос

обности, профил на личност и сл.;
• индивидуална психотерапија;
• поддршка на семејства;
• едукација од област на клиничка невропсихологија и од останати области во домен на психологија.

За помош можете да ни се обратите:
• доколку имате било какви тешкотии во Вашето когнитивно функционирање, без разлика дали се работи за помнење, внимание, говор и сл.;
• доколку чувствувате најразлични стравови, изразена загриженост, анксиозност, доколку имате соматоформни нарушувања, лоша концентрација, нарушен сон, недостаток на волја и мотивација...;
• доколку немате психички тегоби, но сакате подобро да се запознаете себе си, да го подобрите секојдневното фукционирање, побргу да учите, да
бидете поуспешни во улогата на родител, да бидете поспонтани...;
• доколку сакате процена на интелектуалните способности, процена на структура та на Вашата личност, за профил на личноста;
• доколку доживувате интензивна трема при јавни настапи и останати слични ситуации;
• доколку имате конфликти во семејството, со професорите, на работното место...;
• доколку имате проблем во препознавање и во изразување емоции;
• доколку сте изложени на стрес и сакате да го намалите неговото влијание и да научите да го неутрализирате;
• доколку имате криза во учењето или во професионалниот развој.

Услугата можете да ја добиете во живо или он-лајн, по претходно закажување на термин на понудените контакт телефони, на и-мејл адресата или на веб страната на Когниција. Основните научни, професионални и етички начела и принципи коишто важат за психотерапијата и за советувањето во кабинет важат и за онлајн-психотерапија и онлајн-советување.

Лојалноста е скапа работа. Таа е и инвестиција. Не секој човек може да си ја "дозволи".Лојален човек плаќа со време, емо...
12/05/2026

Лојалноста е скапа работа.
Таа е и инвестиција. Не секој човек може да си ја "дозволи".
Лојален човек плаќа со време, емоционална енергија, трпение, сопствени потреби, а понекогаш и со сопствениот мир.
Лојалноста е капацитет. Луѓето што не изградиле стабилно чувство за себе, често не можат да останат лојални кога ќе наидат на притисок, искушение или страв од загуба.

Разликуваме лојалност од љубов, кога остануваме затоа што вреднуваме некого. Постои и лојалност од страв, кога остануваме затоа што се плашишме. Има и лојалност од вина, кога се чувствува обврска да останеме, дури и кога страдаме. А најретката форма е веројатно лојалност кон сопствените принципи- остануваме верни на тоа кои сме, дури и кога никој не нè гледа.

Зрелата лојалност не значи:
"Ќе трпам сè", туку "Свесно избирам кого и што вреди да чувам."

🧠 Единствена едукација од овој вид! Едукација што ги поврзува медицината, правото и секојдневната клиничка пракса.Сè што...
11/05/2026

🧠 Единствена едукација од овој вид! Едукација што ги поврзува медицината, правото и секојдневната клиничка пракса.

Сè што како здравствени работници треба да знаеме за легално-правните и етичките аспекти на психијатриски и невролошки состојби - на едно место.

📌 Практичен пристап за подобро разбирање и толкување на резултати од КТМ, НМР и други дијагностички испитувања.

📌 Пишување невропсихолошки извештај кој ги зема предвид сите значајни аспекти за пациентот, а не само резултатите добиени на тестовите.

Едукација, единствена од овој вид: Дилеми и непознаници на медицинските работници и пишување на невропсихолошки извештај

Краток опис: Ќе бидат покриени три области.

Невроимиџинг техники (НМР, КТМ и фМРИ), сè она што како медицински работници не го знаеме, а би било корисно. Ќе научиме да ги разбереме резултатите кои ги имаме на располагање од невроимиџинг техниките и соодветно да ги користиме во изведување заклучок и пишување на невропсихолошкиот извештај;

Легално-правни аспекти на психијатриски и невролошки состојби и етички дилеми. Фокусот ќе биде ставен на пресекот меѓу медицината, правото и етиката, со посебен акцент на клиничката и правната одговорност, заштитата на пациентите и дилемите со кои се соочуваат здравствените работници. Пр. правна неспособност и заменско одлучување (кој одлучува кога пациентот нема капацитет? Улога на старателство, семејство, законски застапник), одземање на деловна способност, присилна хоспитализација…

Пишување на невропсихолошки извештај. Треба да обезбеди јасна слика за когнитивното функционирање, да помогне во клиничката дијагноза, да даде насоки за третман, рехабилитација, да биде употреблив за други професионалци (лекари, психијатри, логопеди, едукатори). Препорачана структура на извештајот: општи информации, релевантна анамнеза, листа на употребени тестови и скали, резултати по домени, интерпретација на резултати и заклучок.

Реализација: 16 и 17 мај 2026 год.

Едукатори:
д-р Јасминка Јошева, радиолог
Бојана Мојсовска, адвокат
м-р Тина Васков, клинички невропсихолог
д-р Гордана Томиќ, клинички невропсихолог

Асистенти:
Мирјана Дечовска, лиценциран психолог
м-р Бојана Васков, клинички невропсихолог

Статус: Признаена како облик на континуирано усовршување и бодувано со 8 бода од страна на Комората на психолози на РМ.

Прекрасна слика од денешно Скопје... Посебна атмосфера... Градот е жив... Луѓе, спорт, музика, чувство на поврзаност, ен...
10/05/2026

Прекрасна слика од денешно Скопје... Посебна атмосфера... Градот е жив... Луѓе, спорт, музика, чувство на поврзаност, енергија и припадност...

Од психолошка перспектива, трчањето е една од најмоќните активности за регулација на менталната состојба! Истовремено влијае на телото, емоциите и мислите. Ја намалува анксиозноста, ослободува од акумулиран стрес... Му праќа сигнал на мозокот: "Можам да влијаам врз себе и својот ден." Чувството на лична ефикасност е неопходно за психичка стабилност.

По истрчани 10км влегоа на целта уморни, но со јасен став: успеав, издржав, напредувам...
Ние останатите можевме да почувствуваме како ја градат психолошката отпорност и довербата во себе. Заедно со нив се чувствувавме како дел од живот исполнет со движење, градска енергија, поврзаност...

Трчањето не е "само" спорт, туку форма на психолошка грижа за себе.
При трчање, телото ослободува т.н хормони на среќа, а тие помагаат во намалување на чувството на напнатост, во смирување на умот и во подобрување на расположението.
Редовното трчање е поврзано со помал ризик од депресивни симптоми. Кај некои луѓе, физичката активност може значително да помогне како дополнување на психотерапија или третман.
Луѓето кои редовно трчаат често полесно заспиваат, имаат подлабок сон, се будат поодморени.
Поставувањето и исполнувањето цели, пример: подобро време, редовна рутина..., создава чувство на постигнување и контрола. Тоа може да ја подобри самодовербата и сликата за себе.
Трчањето придонесува за подобра концентрација и ментална јасност.
Социјалниот ефект е значителен.
Чувството на припадност, поддршка и социјална поврзаност е неопходно за менталната благосостојба.
И уште многу нешта...

Кога се раѓаме личиме на родителите. Тоа е биологија.Но како старееме, сè повеќе "личиме" на изборите што ги повторуваме...
09/05/2026

Кога се раѓаме личиме на родителите. Тоа е биологија.
Но како старееме, сè повеќе "личиме" на изборите што ги повторуваме секој ден.
Човекот станува тоа што постојано го практикува.
Начинот на кој реагирме кога сме повредени.
Луѓето што ги пуштаме блиску до себе.
Тишините што ги голтаме наместо да ги изговориме.
Храброста да заминеме или стравот да останеме.
Сите тие мали одлуки, со годините, почнуваат да се гледаат на лицето, во држењето, во погледот.

А мозокот е неверојатно лојален на она што често го повторуваме. Ако долго време живееме во страв, стануваме претпазливи дури и кога опасноста поминала....

Одлуките не нè менуваат одеднаш, тие тивко нè обликуваат, сè додека еден ден не се погледнеме и не сфатиме дека животот не оставил само брчки, туку и карактер.

Она што најчесто ги прави луѓето успешни не е мотивацијата, ниту талентот, па дури ни интелигенцијата.Мотивацијата доаѓа...
07/05/2026

Она што најчесто ги прави луѓето успешни не е мотивацијата, ниту талентот, па дури ни интелигенцијата.
Мотивацијата доаѓа и си оди. Талентот без истрајност останува неискористен. А интелигенцијата сама по себе не гарантира успех.

Вистинската разлика е во способноста човек да продолжи и кога е тешко.
Да стане повторно после неуспех.
Да издржи периоди на сомнеж, замор и разочарување.
Да не се откаже од себе кога резултатите не доаѓаат веднаш.

Психолошката зрелост не се гледа во тоа колку лесно започнуваме, туку колку сме подготвени да останеме доследни и кога ентузијазмот ќе исчезне.

Успехот не им припаѓа на совршените, туку на истрајните, на оние кои не се откажуваат...

Фото: Catrin Welz Stein

Многу од навиките што ги карактеризираме како лоши (пр. прекумерно јадење...), не се случајни, тие се одговор на некаква...
06/05/2026

Многу од навиките што ги карактеризираме како лоши (пр. прекумерно јадење...), не се случајни, тие се одговор на некаква внатрешна потреба.

Наместо да ги третираме исклучиво како проблем, покорисно е да ги разбереме како обиди на личноста да воспостави рамнотежа. Често тие служат за регулација: намалување на напнатоста, оттурнување на непријатни емоции, враќање чувство на контрола...
Кога ќе се открие која потреба стои зад одредено однесување, фокусот се поместува од "како да престанам" кон "што всушност ми треба". Тука почнува вистинската промена - не со забрана, туку со замена. Се гради алтернатива.

Овој пристап ја прави промената постабилна, затоа што не создава внатрешен отпор. Кога потребата останува препознаена и згрижена, шансите за враќање на старата навика значително се намалуваат. Со тек на време, новото однесување станува природен избор, а не наметната дисциплина.

"Се навикнав на глад, но не и на лоша храна..."Подобро е да издржиш празнина, отколку да ја пополниш со нешто што ќе ти ...
05/05/2026

"Се навикнав на глад, но не и на лоша храна..."

Подобро е да издржиш празнина, отколку да ја пополниш со нешто што ќе ти наштети.
Тоа е самопочит, достоинство...
Тоа се внатрешни граници.
Тоа е сила да кажеш "не" на нешто што не го заслужуваш, дури и кога ти е тешко.

Сепак, има и една нијанса: ако ова оди во крајност, може да премине во преголема ригидност или страв од компромис, па човек да одбива и добри нешта затоа што не се "совршени".

Што ги мотивира луѓето да одат на викенд за 1 мај иако очекувано е дека на граница ќе чекаат со часови?На прв поглед изг...
04/05/2026

Што ги мотивира луѓето да одат на викенд за 1 мај иако очекувано е дека на граница ќе чекаат со часови?
На прв поглед изгледа нерационално!
Но, се чини дека вредноста на наградата е поголема од цената. Мозокот ја "пресметува" добивката (уживање) како поважна од трошокот (чекање).
А имаме и елементи на оптимистичка пристрасност, "Можеби баш овој пат нема да биде толку гужва".

Социјалниот притисок и традицијата имаат свое влијание. Ако сите одат, и ти одиш. Социјална норма, луѓето сакаат да припаѓаат.
И страв да не пропуштиме...
Дури и ако знаеш дека ќе чекаш, помислата дека другите ќе се забавуваат додека ти остануваш дома создава внатрешен притисок.

Празници како 1 Мај имаат симболика – пауза од секојдневието. Дури и кратко патување се доживува како "ресет", што има силна мотивациска вредност.

Луѓето не носат одлуки само рационално. Комбинацијата од емоции, очекувања, навики и социјално влијание често ја победува логиката на избегнување гужви.

Незавршените работи имаат посебен "психолошки  живот". Мозокот има тенденција да ги држи активни, ги доживува како недов...
03/05/2026

Незавршените работи имаат посебен "психолошки живот". Мозокот има тенденција да ги држи активни, ги доживува како недовршена целина. Тоа создава лесна, но постојана тензија во вниманието. Дел од нашиот ментален капацитет останува врзан за таа задача, како да чека затворање. Затоа се случува, и кога ќе преминеме на нешто друго, мислите спонтано да се враќаат назад, не затоа што сакаме, туку затоа што системот за саморегулација бара завршница.

Ова има две страни. Од една страна, може да не држи фокусирани и мотивирани, како внатрешен потсетник. Но од друга страна, ако има премногу недовршени целини, тоа создава когнитивен шум: чувство на преоптовареност, расеаност, па дури и анксиозност.

Она што е важно е дека мозокот не прави разлика дали нешто е реално завршено или психолошки затворено. Затоа постојат неколку начини да се ослободи вниманието:
• Да ја запишеме задачата (му даваме на мозокот сигнал дека е сочувана)
• Да дефинираме конкретен следен чекор (не мора да ја завршиме, доволно е да знаеме што следи)
• Да донесеме свесна одлука дека нештото го оставаме (наместо да "виси" неодлучено)
• Да поставиме временска рамка кога ќе се вратиме на тоа

Со други зборови, не е проблемот во незавршеноста сама по себе, туку во нејасноста и отвореноста без структура.

Стравовите со кои нема да се соочиме стануваат наши граници… Кога избегнуваме нешто што нè плаши, на краток рок чувствув...
02/05/2026

Стравовите со кои нема да се соочиме стануваат наши граници…

Кога избегнуваме нешто што нè плаши, на краток рок чувствуваме олеснување. Но психолошки, мозокот учи дека избегнувањето е "решение", и со тоа го зајакнува стравот. Така, границата постепено се стеснува, денес избегнуваме една ситуација, утре уште една, сè додека светот не стане помал отколку што навистина е.
Соочувањето не значи да го оттурнеме стравот туку да останеме присутни со непријатноста доволно долго за да видиме дека можеме да ја издржиме. Во таа точка, стравот почнува да ја губи својата моќ.
Границите што тој ги создава не се фиксни. Тие се подвижни линии, кои се поместуваат секој пат кога правиме мал чекор кон она што го избегнуваме.

Address

Pariska 22/11
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 09:00 - 20:00
Tuesday 08:00 - 20:00
Wednesday 08:00 - 20:00
Thursday 08:00 - 20:00
Friday 08:00 - 20:00

Telephone

+38976350820

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Когниција posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Когниција:

Share