28/10/2025
Почитувани клиенти,
често пати ќе ме прашате колку траат третманите во солената соба за дечиња? Би сакала да Ви објаснам дека нашата солена соба работи полни 13 години и имаме поминато повеќе обуки и семинари во странство,кои го дополнуваат нашето искуство и знаење. Кај нас третманите се индивидуални и применуваме холистички пристап кај секој еден третман.Кога ќе дојдете правиме бесплатна консултација,но и додека доаѓате ја следиме вашата состојба и состојбата на вашето детенце ,па според тоа ја одредуваме и самата терапија. Генерално се почнува со солена соба со бебенца од 2 месеци,мојот син е во солена соба од 1 месец и до 4 годинки немаше пробано антибиотик. На почетокот инхалациите се со послаб интензитет,и постепено се зголемуваат или намалуваат во зависност од потребата и реакцијата на клиентот.Затоа,некои третмани во солената соба траат 40 минути,а некои пократко.Значи,дали вашето малечко ќе биде во солена соба 20, 30 или 40 минути зависи од реакцијата на Вашите дечиња и тоа се одредува додека трае третманот. На почетокот и кај нас помалите дечиња престојуваа 20 минути, но тогаш третманите се одвиваа групно и немаше холистчки пристап за клиентите. Сега,секој клиент се третира индивидуално и постои таа можност да може секој клиент да добие максимум од секој третман. Солената терапија е 100% природна терапија, од неа не можете "да се предозирате " или да имате штета,исто како што не се предозирате кога одите на море,без разлика дали престојувате 1 , 7 ,15 дена или живеете покрај морето. Ве замолувам, сите Вас кои имате позитивни искуства во нашата солена соба да ги споделите во коментар. За подетални информации,обратете се нашиот телефон. Ви благодарам на сите :)