05/11/2025
✨ Дел од атмосферата на отворањето на нашите нови простории!
Сакаме да изразиме огромна благодарност до сите што дојдовте — и не само за вашето присуство, туку и за искрените желби и прекрасната енергија што ја донесовте со вас! 💛 Ви благодариме што го посипавте нашиот нов простор со вашата посебност.
📸 Би ставиле многу повеќе слики, кога би дозволувал Инстаграм (може да има и дел 2 и 3 😉), но еве мал дел од магијата што беше саботното матине.
🙏 Огромна благодарност до за прекрасните фотографии и за тоа што нè охрабруваше да бидеме опуштени и свои! :)
🎶 Големо фала и до .sound за прекрасниот амбиент што го создаде со нашите омилени звуци.
🍕 Пица-мајсторот за најпрекрасните вегански пици ЕВЕР! : Мислам дека на никого воопшто не му недостигаше шунката. :)))
🏡 На Соња и Љупчо — што го имаат создадено овој прекрасен дом и што ни го отстапија за да продолжиме да шириме автентична јога во градов. ❤️
💫 На сите наши студенти, пријатели, колеги и фамилија — за сета безрезервна поддршка низ годините!
🧘♀️ За сите студенти што го станаа учители во Инсајд Јога и не забораваат да се вратат дома.
🤝 И за сите наши соработници со кои сме граделе и ќе продолжиме и понатаму да градиме освестени настани заедно!
💖 Фала на сите!!!
Дојдете во нашиот нов дом — преубав е! Сите се добредојдени.
Со љубов,
Бојана, Марина и Неда