06/05/2026
КУРС - ЈОГА ПО ЧАКРИ
Инфо: 📞075436070 (Кате)
ШТО ВЕ ОЧЕКУВА на овој курс:
🔴 7 теоретско-мотивациски предавања од 90 минути за секоја чакра посебно, плус воведно предавање;
🟠 8 јога часа во Винјаса Флоу стил за секоја чакра поединечно
Структура на јога часот: техника за заземјување, санкалпа, јога асани за поединечната чакра, техники за дишење, техники за прочистување на енергетските канали и чакрите, медитација за соодветната чакра;
🟡Цртање на чакрите
🟢Едночасовна ЈОГА НИДРА по Чакри;
🔵Прирачник;
🟣 Дополнителен материјал по завршување на курсот
ШТО ЌЕ ДОБИЕТЕ:
❤️ќе ја запознаете теоретски и уште поважно ќе ја почувствувате слоевитоста на сопственото тело преку знаењата и вежбите за чакрениот систем на телесно, емотивно, ментално, свесно и духовно ниво;
🧡ќе слушнете многу интересни и исцрпни информации за чакрениот систем, кои ќе можете да ги примените во секојдневното живеење;
💛ќе научите многу начини за дијагностика и балансирање на вашиот енергетски систем;
💙Преку јога часовите кои се прилагодени за секое ниво ќе стекнете одлична телесна, ментална и емотивна состојба;
🤍Континуирана асистенција и консултација со инструкторот;
💜СЕРТИФИКАТ за успешно завршување на курсот.
💟Курсот е погоден и за почетници во јогата поради едноставниот стил на презентацијата на чакрениот систем.
🕉Курсот го води Катерина С. Анѓеловиќ, искусен сертифициран учител по јога и медитација (E-RYT 500 Yoga Alliance ) лајф коуч и тренер за личен раст и развој.
Joga Studio Delfy Spirit
❤️🧡💛💚💙🤍💜