10/07/2021
🧘🏻♀️ Дали медитираш?
Дали имаш омилено катче или дел од денот кој што го посветуваш само на себе?
4 совети како да почнеш:
1. Најдете 5 минути секој ден за да медитирате, секој има барем 5 минути за себе.
2. Направете го тоа дел од вашата рутина. Ако додадете 5-минутна медитација на почетокот од денот или слушате водена медитација пред спиење, ќе имате поголема шанса за успех.
3. Потребно ви е место кое е тивко. Може да биде автомобилот пред да тргнеш на работа или навечер во бања под туш. Ако си во бучна или хаотична околина, можеш да пробаш да користиш слушалки и да пуштиш водена медитација, сега барем е лесно на Youtube ги има мал милион 😊
4. Фокусирај се на сопствениот здив. Многу пати кога медитираме, нашите умови имаат тенденција да талкаат, особено ако сме почетници. Но, фокусирање на вашиот здив и на стомакот како се крева и спушта при вдишување и издишување помага да бидете фокусирани во медитацијата и да останете во моментот.
Дури не се потребни ни 5 минути, доволно е да се осамиш и да вдишиш длабоко 10 пати и ова може да послужи како медитација кога ти е потребно да ја смириш главата од моментум на непотребни мисли.
Обиди се уште вечер!
Намасте 🙏🏼