Подолошки центар за третман на проблеми со нокти и стапала. www.101foot.mk
Контакт телефони: 02 5058 592, 078 270 954
08/03/2026
✅ Механичката абразија е прв чекор кон подобрување на состојбата на ноктот но и припрема на ноктот за понатамошен третман. Во зависност од причината која довела до оваа состојба (габична инфекција) се продолжува со понатамошен третман со биолошки препарат.
01/03/2026
✅ Питиум Олигандрум е биолошки третман кој ги користи бенефитите на природните *канибал* габички кои се хранат со патогените и на тој начин ги уништуваат.
✅ Резултатот во конкретниот случај е после 12 месеци. Навремениот третман значи побрзи резултати и целосно зачувување на убавиот изглед на ноктите.
22/02/2026
„Ноктите не се само естетика – тие се огледало на вашето здравје"
Што откриваат ноктите за вашето здравје?
Ноктите не се само козметички детал.
Тие се дел од жив организам – и често први покажуваат дека нешто не е во ред.
▪ Кршливи и слоевити нокти – можен недостаток на железо, проблем со тироидна жлезда или дехидратација.
▪ Задебелени и пожолтени нокти – често знак на габична инфекција.
▪ Бели линии или дамки – микротрауми, но понекогаш и нутритивен дисбаланс.
▪ Вдлабнати (лажица-форма) нокти – можен показател за анемија.
Проблемот е што многумина ги прикриваат овие знаци со лак или гел, наместо да ја проверат причината.
#ЗдравиНокти #Подологија #НоктитеОткриваат
15/02/2026
✅ Механичката абразија е прв чекор кон подобрување на состојбата на ноктот но и припрема на ноктот за понатамошен третман. Во зависност од причината која довела до оваа состојба (габична инфекција) се продолжува со понатамошен третман со биолошки препарат.
08/02/2026
✅ Питиум Олигандрум е биолошки третман кој ги користи бенефитите на природните *канибал* габички кои се хранат со патогените и на тој начин ги уништуваат. Помага и во повторното залепување на ноктот на ноктното лежиште.
✅ Резултатот во конкретниот случај е после 12 месеци. Навремениот третман значи побрзи резултати и целосно зачувување на убавиот изглед на ноктите.
01/02/2026
Враснати, болни или деформирани нокти често започнуваат од една навика – неправилно сечење.
Со неколку правилни чекори, многу проблеми можат да се спречат.
А кога проблемот се повторува – потребен е професионален пристап.
#ЗдравиНокти #Подологија #СоветиЗаНокти
25/01/2026
Задебелени и деформирани нокти, враснати нокти, кршливи и слоевити нокти, промени во бојата и болка околу ноктот често се знак на подлабок проблем – инфекција, нарушена циркулација, воспаление или неправилна нега.
19/01/2026
🔆 Вирусните брадавици на стапалата се голем проблем. Секој што ги имал ќе потврди дека се крајно болни. Предизвикуваат потешкотии при одење и не се третираат лесно.
✳️ Луѓето најчесто не ги препознаваат туку ги поистоветуваат со курје око и жуљ. Па сакајки сами да си помогнат всушност ги расејуваат по целото стапало незнаејќи дека се работи за вирусна промена. Друг проблем е во тоа што лицата кои имаат вирусни брадавици на стапалата, најчесто се обидуваат да ги отстранат со разни природни рецепти за кои слушнале од роднини, познаници или ги нашле на интернет.
✅ Всушност, ако се третираат со соодветни подолошки методи, тие можат да се санираат за релативно кратко време.
11/01/2026
Брзината на раст на ноктите не е иста кај сите – и не е случајна.
Ноктите растат во просек околу 2–3 мм месечно, но кај некои луѓе растот е значително побавен или побрз. Причината лежи во повеќе фактори кои директно влијаат врз здравјето на ноктот и ноктната плочка.
🔍 Клучни фактори кои влијаат на растот на ноктите:
🧬 Возраст
Со текот на годините, клеточната регенерација се забавува – ноктите растат поспоро и стануваат подебели и покршливи.
🩸 Циркулација
Добрата циркулација значи подобар доток на кислород и хранливи материи до ноктната матрица – клучно за нормален раст.
🥗 Исхрана
Недостаток на протеини, железо, цинк, биотин и витамини од Б-комплексот значително го забавува растот.
🦶 Микротрауми и притисок
Тесни или несоодветни обувки постојано ја иритираат ноктната матрица, што го нарушува растот и формата на ноктот.
🦠 Габични и воспалителни состојби
Инфекциите и хроничните воспаленија го забавуваат растот и ја менуваат структурата на ноктот.
🧠 Хормонален баланс и општо здравје
Тироидни нарушувања, дијабетес и хормонални промени имаат директно влијание врз квалитетот и брзината на раст.
❗ Важно да се знае:
Бавниот раст не е само естетски проблем – често е знак дека ноктот не добива соодветна поддршка од организмот.
21/12/2025
✅ Механичка абразија е прв чекор кон подобрување на состојбата. Во зависност од причината која довела до оваа состојба се продолжува со понатамошен третман со биолошки препарат.
14/12/2025
✅ Третманот на курје око (Heloma Durum) подразбира примена на специјални стерилни скалпели, борери и инструменти за да постепено се отстрани централното кератинско јадро и да се обезбеди олеснување на болката и да се реобликува кожата за подолгорочна превенција на зголеменото триење.
👉 Совет: Немојте да користите лепенки или капки со салицилна киселина, домашни рецепти и други средства за отстранување на курјето око бидејќи не само што истите нема да помогнат туку ќе го отежнат неговото целосно отстранување.
👉 Но, отстранувањето и прилагодувањето на механичкиот стрес кој го предизвикуваат обувките е неопходен чекор. Адекватни чевли кои одговараат на должината и ширината за стапалтото се значајни за превенција. Соодветни силиконски ортопедски додатоци исто така помагаат во растеретување на одредени точки и површини на притисок. Конзервативен третман дома со нежно стругање со турпии за пети, добра хигиена, пудри за стапала како и свеста на клиентот за повторуувачкиот карактер на овие хиперкератози е значајно за натамошно правилно третирање и превенција.
08/12/2025
Здравјето на стапалата не започнува со креми и третмани – започнува со две клучни нешта: добра циркулација и правилно избрани обувки. Во 101 Foot Clinic секојдневно гледаме колку овие два фактори можат да го променат начинот на кој вашите стапала функционираат, се движат и заздравуваат.
Кога циркулацијата е слаба, ткивата добиваат помалку кислород и хранливи материи. Тоа доведува до болка, оток, чувство на тежина, студени стапала, побавно заздравување и зголемен ризик од хронични проблеми – особено кај лица со дијабетес или проблеми со венска и артериска циркулација. Подобрувањето на протокот на крв е првиот чекор кон здраво движење, подобар баланс и помал ризик од повреди.
Но циркулацијата не е единствениот виновник. Неправилните чевли создаваат притисок, го менуваат одењето и водат кон жуљеви, дрвени нозе, плантарен фасцит, болки во колена и ’рбет. Дури и минимално погрешен избор може да направи огромна разлика на долг рок.
Здравите стапала не се случајност – тие се комбинација од добра циркулација и правилна поддршка. Почнете од таму.
Be the first to know and let us send you an email when 101foot.mk posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.
ШТО Е ТОА ШТО НЕ ПРАВИ ВОДЕЧКА МЕЃУНАРОДНА КЛИНИКА ЗА ЛЕКУВАЊЕ НА ЗАБОЛУВАЊА НА СТАПАЛА И НОКТИ?
101 Foot Clinic се единствените клиники за лекување на заболувања на нокти и стапала кои на своите пациенти им нудат клинички докажани производи и клинички одобрени третмани. Тоа значи дека нашите пациенти ги добиваат сите потребни препарати и третмани во нашата клиника. Кој препарат е најадекватен за вас односно кој третман би ви бил препорачан зависи од дијагнозата која ќе ја постават нашите доктори специјалисти по извршената подолошка анализа на вашите стапала.
За секој наш пациент се изработува индивидуален план на терапија за да се гарантираат максимални ефекти. Покрај локалната домашна терапија, нашите доктори можат да препорачаат и адекватен клинички третман кој се изведува во нашата клиника а се со цел да се постигнат оптимални резултати.
Нашите специјалисти го следат вашиот прогрес во лекувањето секој месец преку бесплатни месечни контроли, за да обезбедат најдобри можни резултати.
На крајот од активниот третман нашите специјалисти ви ѓи презентираат постигнатите резултати преку споредување на вашите фотографии од моментот на започнување на терпијата до вашата последна контрола.
101foot.mk е еден од светски водечките веб страници за проблеми со стапала и нокти – ние работиме посветено на секојдневно ажурирање на информациите кои се однесуваат на најнови истражувања, студии, иновации и останати информации поврзани со проблемите на стапалата и ноктите, можностите за нови ефикасни и ефективни третмани вклучително и можности за навремена превенција на опаѓањето на косата преку најразлични совети и стручни препораки.