Gestalt North Macedonia

Gestalt North Macedonia Гешталт Советувалиште за хумана соработка (СХС).
Центар за едукација, психотерапија, психо-дијагностика и советување.

Советувалиште за хумана соработка (СХС) е основано 1989 г. со основна дејност – едукација и тренинг од областа на Гешталт терапијата, психолошко советување, стрес менаџмент, групна психотерапија и тренинг на терапевти преку различни терапевтски методи.
Управител на СХС е Благица Ризоска Ваниќ, ЕАГТ и ЕАП сертифициран Гешталт терапевт, Тренер и Супервизор. Во тренингот се вклучени Гешталт тренери

и надворешни соработници кои со својата професионалност и искуство придонесуваат на квалитетот на едукативниот процес кој континуирано се одвива во СХС.

🌱 Што навистина се случува кога истражувањето не е техника, туку однос?✨ На оваа онлајн искуствена работилница, водена о...
29/04/2026

🌱 Што навистина се случува кога истражувањето не е техника, туку однос?

✨ На оваа онлајн искуствена работилница, водена од Ана Бојчевска Митревска, истражувањето во Гешталт терапијата се отвори како жив процес, каде знаењето не се „пренесува“, туку се создава во контакт.

🧠 Се запознавме и работевме со различни пристапи во истражувањето, квантитативни, квалитативни и комбинирани методи. Учесниците имаа можност да се запознаат и со гешталт истражувачки инструменти, да научат како да читаат научни трудови, како да развиваат сопствено истражувачко прашање.

Посебен акцент беше ставен на анализа на експертска интервенција преку техниката „Празно столче“ еден од препознатливите експерименти во Гешталт терапијата, кој овозможува директен контакт со внатрешни делови од искуството и отвора простор за нова свесност и интеграција.

Гешталт терапијата, како експериментален и релациски пристап, се темели на свесноста (awareness), контактот и одговорноста во „овде и сега“ и токму таму се случува вистинското истражување.

🙏 Благодарност до сите учесници за отвореноста, присутноста и подготвеноста да истражуваат, дури и таму каде што нема брзи одговори.
Вашето учество е она што му дава смисла на процесот.

📍 Советувалиште за Хумана соработка Гешталт Мк
☎️ 075 336 540

#Гешталт #ОнлајнРаботилница #Психотерапија #Истражување #Свесност #ПразноСтолче #ЛиченРазвој

„Што ако се случи нешто лошо?“ 😟Ако оваа мисла често се повторува, веројатно не е само мисла, туку начин на кој вашиот у...
26/04/2026

„Што ако се случи нешто лошо?“ 😟

Ако оваа мисла често се повторува, веројатно не е само мисла, туку начин на кој вашиот ум се обидува да ве заштити.

Во анксиозноста, сценаријата за „што ако…“ лесно стануваат реалност во нашето внатрешно доживување, и тогаш сегашниот момент се губи во идни можности што уште не постојат.

Во новиот блог пост, ве водиме низ два едноставни, но клучни чекори од Гешталт пристапот:

1️⃣ Препознавање на стравот во телото.
Наместо да се бориме со мислата, учиме како да забележиме каде и како се појавува во телото, како сигнал, а не како вистина.

2️⃣ Разбирање на неговата функција
Секој страв носи некаква порака, често поврзана со заштита, претпазливост или потреба за сигурност.

Кога ја менуваме релацијата со анксиозните мисли, се менува и начинот на кој се движиме низ секојдневието.

🔗 Прочитајте го целиот текст и направете кратка самопроценка на интензитетот на анксиозност:
https://shorturl.at/A3VKA

☎️ 075 336 540

#гешталт #менталноздравје #анксиозност #свесност

✨ Расцеп и повторно поврзување: Гешталт пристап кон траумаВо продолжение на тродневната искуствена работилница во Грузиј...
24/04/2026

✨ Расцеп и повторно поврзување: Гешталт пристап кон траума

Во продолжение на тродневната искуствена работилница во Грузија, фокусот го насочивме кон еден од клучните аспекти во третманот на траумата. Моментот на расцеп и потенцијалот за повторно воспоставување на врска со себе и со средината.

🧠 Во Гешталт психотерапијата, траумата не ја третираме само како настан од минатото, туку како активен прекин во циклусот на искуство. Тоа е точка во која контактот се фиксира или нагло се прекинува, оставајќи делови од искуството како „незавршена работа“, одвоени од интегралната личност.

👉 Што истражувавме во овој сегмент?

👉 Механизми на отпор: Како трауматските прекини се рефлектираат во сегашниот момент преку телесни сензации и начинот на кој се повлекуваме од контакт.

👉 Реставрација на контактот: Наместо обид за враќање на старото, се фокусиравме на градење нов капацитет за останување со сопственото искуство.

👉 Релациона безбедност: Како свесното присуство во безбедна и поддржувачка релација овозможува постепено асимилирање на она што претходно било неподносливо за организмот.

🌱 Суштината на Гешталт психотерапијата со траума не е во прераскажувањето или објаснувањето, туку во враќањето на способноста за полн контакт. Целта е интеграција, повторно поврзување на она што било одвоено во една функционална целина.

📍 Грузија
☎️ 075 336 540

#гешталт #психотерапија #менталноздравје #интеграција

✨ Траума и контакт: Пат кон интеграција ✨🌱Изминативе денови во Грузија, во соработка со грузискиот национален институт, ...
22/04/2026

✨ Траума и контакт: Пат кон интеграција ✨

🌱Изминативе денови во Грузија, во соработка со грузискиот национален институт, беше реализирана тродневна работилница посветена на примена на Гешталт пристапот во работа со трауматски состојби.

👉 Под водство на д-р Благица Ризоска Ваниќ, фокусот беше ставен на тоа како трауматските искуства се појавуваат и се одржуваат во контактот и релацијата.
Во Гешталт пристапот, траумата често се разбира како прекин во контактот, момент во кој искуството не може да биде целосно процесирано во однос со друг.
🧠 Во текот на работилницата, преку дијалог и искуствена работа, учесниците истражуваа како свесниот контакт и присуството можат да придонесат кон поголема интеграција на личното искуство.
🙏Благодарност до Грузискиот национален институт за соработката, како и до сите учесници за довербата, отвореноста и професионалниот ангажман во процесот.

📍 Грузија
☎ 075 336 540

#гешталт #менталноздравје

📚  Гешталт библиотека„Гликозна револуција“ (The Glucose Revolution) - Џеси Инчауспе⚡ Проблемот не е во шеќерот, туку во ...
19/04/2026

📚 Гешталт библиотека

„Гликозна револуција“ (The Glucose Revolution) - Џеси Инчауспе

⚡ Проблемот не е во шеќерот, туку во начинот на кој го внесуваме.

Оваа книга се заснова на современи истражувања за улогата на гликозата и нејзиното влијание врз целокупната состојба на организмот. Нивото на шеќер во крвта директно ги обликува нашите секојдневни искуства:

👉 нивото на енергија;

👉 стабилноста на расположението;

👉 интензитетот на апетитот;

👉 квалитетот на сонот и кожата.

Кога регулацијата на гликозата е нарушена, телото испраќа сигнали преку хроничен замор, ненадејна желба за храна и хормонски дисбаланс.

📌 Авторката нуди едноставни, научно поткрепени стратегии за стабилизирање на шеќерот во крвта, без рестриктивни диети и забрани.

🧠 Во контекст на гешталт терапијата, оваа книга ја читаме како покана за подобар контакт со сопственото тело. Кога организмот реагира со замор или раздразливост, тоа не е дефект што треба да се потисне, туку важен сигнал кој бара наше внимание и присутност.

Наместо строга контрола или игнорирање на телесните потреби, овој пристап не поттикнува на свесност за телесните процеси „тука и сега“. Грижата за биохемиската рамнотежа е, всушност, чин на прифаќање и поддршка на сопствениот организам.

📍 Книгата е достапна во поголемите книжарници.

☎️ 075 336 540

#гешталттерапија #психологија #психотерапија #свесност #телеснасвесност #личенразвој #гешталтбиблиотека #здравје

Во Гешталт процесот не учиме „за себе“ како теоретски концепт. Напротив, се среќаваме со сопствената автентичност во реа...
17/04/2026

Во Гешталт процесот не учиме „за себе“ како теоретски концепт.
Напротив, се среќаваме со сопствената автентичност во реално време, низ односот, низ чувството, низ изборот и низ секој остварен контакт.

Она што се менува не е само нашето разбирање. Се менува самиот начин на кој се доживуваме себеси во светот.

📌 Токму затоа, промените често не се драматични. Тие се длабоки, тивки и стабилни.

✨ Новата група за Гешталт едукација започнува во септември

Ве покануваме да бидете дел од комбинирана програма со силен искуствен пристап, каде теоријата се интегрира преку лична практика и свесност.

☎️ 075 336 540
📍 Советовалиште за хумана соработка Гешталт МК

#гешталттерапија #гешталтедукација #психотерапија #личенразвој #свесност #психологија #менталноздравје #контакт #сегаиовде #трансформација

🧠Како да се справиме со анксиозноста во сегашниот момент?🧐Се обидуваш да се смириш, но мислите повторно се враќаат.„Ќе м...
16/04/2026

🧠Како да се справиме со анксиозноста во сегашниот момент?

🧐Се обидуваш да се смириш, но мислите повторно се враќаат.
„Ќе ми се случи нешто лошо…“
„Ќе изгубам контрола..“
И колку повеќе се трудиш да ги оттурнеш, толку повеќе те вовлекуваат.
И не е само тоа.
Почнуваш да се прашуваш дали проблемот е во тебе.

👉 Но можеби не ти недостасува контрола.
Можеби ти недостасува поинаков начин како да бидеш со тоа што се случува во тебе.
Анксиозноста не е нешто што се решава со борба.
Таа се случува токму во сегашниот момент, во мислите, телото и вниманието.
И токму таму, може да се промени односот со неа.

🌱 На оваа искуствена работилница ќе научиш како да:
🧠 останеш присутен/а кога се појавува анксиозност
🧠 не се изгубиш во мисли и сценарија
🧠развиеш внатрешна стабилност во момент на немир

👉Резервирај си место:
https://www.gestaltmacedonia.com/mokjta-na-segashniot-moment

👉Ако стигна до тука, веројатно ова ти е важно.
👉Не мора да решиш се денес.
👐Но можеш да направиш поинаков чекор.

✅Што добиваш:
По завршување на пријавата и уплатата, добиваш е-маил со пристап до работилницата и сите материјали.

☎️ Контакт:
📞 077 865 785
📩 shs.gestalt@gmail.com

🍀 Среќни Велигденски празници. Во овие тивки денови, помеѓу болката и надежта, се отвора простор да застанеме… да се сре...
11/04/2026

🍀 Среќни Велигденски празници.

Во овие тивки денови, помеѓу болката и надежта, се отвора простор да застанеме… да се сретнеме со себе.
Не со улогите што ги носиме, туку со она што суштински сме, во телото, во чувствата, во односот со другиот.

Велигден не е само празник.
Тој е потсетник дека по секое запирање
доаѓа ново движење.

🙏Нека овие празници ви донесат
повеќе присутност, повеќе мир и подлабок, вистински контакт, со себе и со другите.

✨ Што се случува со тебе во моментот на контакт?Во телото, не во мислите?Каде си ти во контактот?Навистина?Не како улога...
08/04/2026

✨ Што се случува со тебе во моментот на контакт?
Во телото, не во мислите?
Каде си ти во контактот?
Навистина?
Не како улога, туку како присутност.
Во телото, во чувствата, во односот со другиот.

🌱 Со оваа фокусна точка се одвиваа работилниците што нашата Благица Р Ваниќ ги одржа во Хрватска, на тема:

„Сексуалност во гешталт терапија“

Во гешталт пристапот, сексуалноста ја разгледуваме како дел од контактот.
Начинот на кој се поврзуваме, поставуваме граници и остануваме присутни во односот.

Темата беше обработена низ искуствен пристап и лична свесност, со фокус на тоа како секој го доживува сопствениот однос со телото, чувствата и другиот.

🧠 Низ процесот, учесниците имаа можност да препознаат:
👉 Каде се слободни во изразот
👉 Каде се задржуваат
👉Како воспоставуваат и прекинуваат контакт

Работилницата се одвиваше во јасна професионална рамка, со почит кон личните граници и индивидуалното темпо.

🙏 Благодарност до сите учесници за довербата и присутноста во процесот.
🙏 Благодарност до колегите од Хрватска за нивното гостопримство.

📌 За информации и пријави:
☎️ 075 336 540

#ГешталтТерапија #Сексуалност #Контакт #Свесност #Психотерапија #ИскуственаРаботилница #ЛиченРазвој #ПрофесионаленРазвој #ГешталтПристап

📌Не се работи за тоа да издржиш повеќе, туку да разбереш што се случува во тебе.Постојат состојби кои не се видливи, но ...
05/04/2026

📌Не се работи за тоа да издржиш повеќе, туку да разбереш што се случува во тебе.

Постојат состојби кои не се видливи, но се присутни постојано.

Функционираш.
Продолжуваш.
Се држиш.

Но, внатрешниот притисок не се намалува со игнорирање.

Анксиозноста најчесто не се појавува „одеднаш“ таа се гради со време, кога предолго остануваш сам/а со она што не е разбрано или процесирано.

Наместо да се залажуваш и „потиснуваш во себе“ дека се е во ред, време е за свесност и разбирање на сопствените психолошки механизми.

🗓️ ВЕБИНАР: Разбирање на анксиозноста и внатрешните процеси

Стручно водено предавање за препознавање и менаџирање на внатрешните притисоци.

Датум: 7 април
Време: 18:00 часот
Платформа: Zoom

📩 ПРИЈАВА:

За линк до пријавата, напиши „вебинар“ во коментар или јави се на 075 336 540.

КАРИЕРНО СОВЕТУВАЊЕ 🤔 Понекогаш не е тешко да избереш.Тешко е да се слушнеш себеси јасно.😐 Многу луѓе мислат дека се нео...
03/04/2026

КАРИЕРНО СОВЕТУВАЊЕ

🤔 Понекогаш не е тешко да избереш.
Тешко е да се слушнеш себеси јасно.

😐 Многу луѓе мислат дека се неодлучни.
Но најчесто се работи за недоволна јасност за себе.

Што навистина им лежи?
Што ги исполнува?
И каде се во однос на очекувањата однадвор.

Кариерниот пат не е само избор на професија. Тој е процес на самоспознавање.

🧠 Во Советувалиштето за хумана соработка - Гешталт Мк,кариерното советување вклучува професионална психолошка проценка и водство:

✔️ тестирање на способности и интереси
✔️ проценка на лични карактеристики
✔️ комуникациска и емоционална поддршка
✔️ насока за понатамошен развој

Целта не е да се даде готов одговор.
Туку да се добие појасна слика за себе и можните насоки.

👉 Ако си во фаза на преиспитување или избор, ова може да ти помогне да се насочиш.

📌 Контактирај не 👇
☎️075 336 540

#ГешталтЕдукација #Психотерапија #ГешталтМК #Свесност #ПрофесионаленРазвој

📌Како да се справиме со анксиозноста во сегашниот момент?🤔 Се обидуваш да најдеш мир, но чувството на немир повторно се ...
01/04/2026

📌Како да се справиме со анксиозноста во сегашниот момент?

🤔 Се обидуваш да најдеш мир, но чувството на немир повторно се враќа?
Колку повеќе се трудиш да го ставиш под контрола, толку повеќе ти го одзема вниманието, енергијата и присутноста. Не затоа што правиш нешто погрешно.
Туку затоа што пристапот што го користиш не создава вистинска промена.

🧠 Анксиозноста не е нешто што едноставно исчезнува.
Таа се појавува токму во сегашниот момент, во телото, мислите и вниманието.
И токму таму постои можност да пристапиш поинаку.

🌱 На оваа искуствена работилница ќе научиш:
✅ како да ја препознаеш анксиозноста додека се појавува.
✅како да не се изгубиш во она што ти се случува.
✅како да ги разбираш сопствените внатрешни процеси.
✅ како да развиеш постабилен однос кон себе.
Ова не е уште еден сет на техники, туку процес што ти помага да изградиш внатрешна потпора и поголема присутност.

📌 Вклучува: работна книга + аудио вежби + дел од онлајн програма
➡️Ако си уморен/а од истите внатрешни кругови, можеби е време за поинаков пристап.

👉 Пријави се 👇
https://www.gestaltmacedonia.com/mokjta-na-segashniot-moment?
☎️ 075 336 540

#анксиозност #менталноздравје #сегашенмомент #самосвесност #личенразвој #психологија #гешталт

Address

Емил Зола 4
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 09:00 - 21:00
Tuesday 09:00 - 21:00
Wednesday 09:00 - 21:00
Thursday 09:00 - 21:00
Friday 09:00 - 21:00

Telephone

+38975336540

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Gestalt North Macedonia posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Gestalt North Macedonia:

Share