07/05/2026
Со особена чест се истакнува посветеноста на специјализантите по радиотерапија и онкологија при ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија кон континуираната медицинска едукација.
Преку учество на научни собири, едукативни програми и академски настани, тие ја потврдуваат својата определба за стручен и професионален развој. Нивната одговорност, истрајност и подготвеност за надградба претставуваат пример за достоинствен пристап кон лекарската професија.
Континуираната едукација на младите лекари е значаен влог во развојот на установата, медицинската наука и квалитетот на здравствената грижа, поради што заслужува признание, почит и институционална поддршка.