16/12/2025
На овој ден, точно пред 11 години, започна да се остварува еден голем сон за кој не размислувавме долго, едноставно верувавме, се осмеливме и тргнавме по патот, не чекавме многу!
Благодарение на вашата доверба, и по 11 години сè уште веруваме и секојдневно го живееме сонот кој најмногу го сакаме ♥️
Голема благодарност до сите вас што сте наша сила и сигурност уште од самиот почеток, како и до нашиот тим кој безусловно дава сè од себе и ја следи енергијата што нè движи.
Овој роденден нека биде порака до сите.. да сонуваат, да копнеат и да не се откажуваат, без разлика колку и да изгледаат тешки предизвиците. Нема ништо што исполнува повеќе од тоа да го правите она што ве прави вистински среќни.
Бидете среќни и исполнети.
Ве сакаме сите 🙏